Општина Крушево се огради од скандалот: „Нека им суди историјата“


Општина Крушево се оградува од омразата и навредите изнесени на Мечкин Камен, стои во реакцијата што е објавена на официјалната веб-страница на локалната самоуправа.
– На 115 години од Илинденското востание,  Крушево беше сведок на демонстрирање омраза и нетрпеливост, како и непочитување на идеалите на Крушевскиот манифест и на борците за слобода. Денес во Крушево, на големиот Илинден, слушавме пароли на омраза и повикување на насилство врз неистомислениците. Место мир, сплотеност и разбирање на 2 Август во Крушево се посеаа навреди, омраза и повици за линч. Илинденците и крушевчани се горди на денешната слободна Македонија, на македонскиот јазик и македонскиот идентитет кои ги зачувавме и зацвртивме. Сите оние кои на овој свет ден сеат омраза и навреди врз своите сограѓани се срам за илинденците и го сквернават овој голем празник.Општи на Крушево стои во заштита на правата и интересите на граѓаните на општина Крушево и граѓаните на Македонија и се оградува од омразата која некои организирани и малубројни структури ја шереа денес на Мечкин Камен. Нека им суди историјата“, се наведува во реакцијата на општина Крушево.
Крушевскиот градоначалник од редовите на СДСМТоме Христоски се обрати исто така преку фејсбук, осудувајќи го „говорот на омраза денес на големиот државен празник Илинден на Мечкин Камен, фрлање на отров, кревање на тензии на маса луѓе принудена да дојде урлика и да манифестираат агресивност…“