Кривична за мајката на претепаното бебе, уште не се знае кој се го тепал


Полицијата поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Скопје против К.М. (20) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „запуштање и малтретирање малолетно лице“.
Четирнаесетмесечното бебе со тешки повреди беше однесено во Ургентен центар пред неполн месец на 7 јули, но се уште не се знае кој точно го тепал бебето.
По пријавувањето на настанот, мајката неколку пати беше на информативен разговор во полиција. Според нејзините кажувања, таа и нејзиното дете на 15 јуни го напуштиле нивниот семеен дом во Скопје каде престојувале со фамилијата на нејзиниот невенчан сопруг бидејќи тој бил во затвор.
Мајката во полиција кажувала дека после тоа со своето дете престојувала на неколку локации во Скопје каде повеќе пати го оставала само и без надзор. На седми минатиот месец мајката побарала од нејзини пријател да ги однесе на посета кај нејзинот невенчан сопруг. Но кога нејзиниот пријател видел дека детето има повеќе повреди по лицето и главата веднаш со своето возило ги однел во Ургентниот центар.
Полициски службеници разговарале со мајката и со уште девет други лица, а било извршено и полиграфско испитување.
– Од страна на ЕУМНА при СВР Скопје, на локациите каде престојувала пријавената извршена е крим-техничка обработка, а подигнатите траги се предадени на ОКТИВ при МВР на што од нивна страна изготвени се извештаи од вештачење. Целокупниот материјал е предаден на надлежен Јавен обвинител на натамошно постапување, се вели во соопштението од МВР.