Формирано национално тело за унапредување на правата на лицата со попреченост


Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост попладнево во Владата одржа конститутивна седница. Телото е формирано со одлука на Владата, а негова цел ќе биде да работи на унапредување на сите сегменти од животот на лицата со попреченост. Во него членуваат двајца претставници од Владата, 11 […]

Хан: Референдумот е избор меѓу иднина во ЕУ и изолација


Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан за МИА изјави дека жали поради недостатокот на национално единство околу референдумот за Договорот со Грција и им порачува на граѓаните да го искористат своето право на глас за да ја обликуваат сопствената иднина и иднината на државата. За Хан, како што јави дописничката на МИА од Брисел, референдумот […]

Заев: Веќе нема земја во светот што не го признава нашиот идентитет по договорот со Грција


Веќе нема земја во светот која не го препознава и признава нашиот идентитет по историскиот договор со Грција, зашто покажавме дека сме подготвени да изнаоѓаме решенија, а не да изнаоѓаме проблеми. Затоа референдумот е одговорност на сите во создавањето поубава иднина за новите генерации – рече премиерот Зоран Заев на средбата со европратеникот Рајнхард Бутикофер. […]

Рускоска: Нинџа и Кољо организатори на упадот во Собранието, пратениците вратари


„Нападите во Собранието ќе останат длабоко врежани во историјата на Македонија. Напаѓачите, кои денес се на обвинителната клупа, преку доказите ќе се види дека биле предводени од Александар Василевски-Нинџа и Никола Митровски- Кољо. Полицајците, пак, се поставиле на нивна страна. Пратениците кои ги отворија вратите биле свесни дека напаѓачите ќе направат хаос со што тие […]

ФЗОМ: За Ева се одобрени 145.000 евра


Фондот за здравство одобрил пари за 11 годишната Ева Крстаноска од охридско да се лекува во болница во Турција. Според соопштението од ФЗОМ, сумата која била одобрена е 145.000 евра. Малата Ева почина синоќа, откако родителите не стигнаа да го соберат остатокот од парите за да доплатат и да ја однесат во Германија, каде сметале […]

Се зголемуваат платите во здравството


Владата на денешната владина седница ја разгледа и усвои Информацијата за склучување на Спогодба за утврдување на вредноста на бодот за најниската плата за најнизок степен на сложеност и за начинот на пресметување и исплата на платите во здравствената дејност, и ќе изнесува 13.286 денари. Од владината служба за информирање соопштија дека со оваа корекција […]

Кампањата за референдумот ќе чини 80 милиони денари


Осумдесет милиони денари ќе чини кампањата што ќе се спроведе за претстојниот референдум. На денешната владина седница е донесена одлука со која се задолжува Министерството за финансии да подготви предлог-одлука за обезбедување на овие средства од тековната буџетска резерва. Од Владата информираат дека доколку на крајот на кампањата има непотрошени средства, тие ќе бидат вратени […]

Ејуп Рустеми е нов директор на Македонски пошти


Ејуп Рустеми е именуван за нов директор на Македонски пошти на денешната седница на Владата. Досегашниот директор на Македонски пошти Фадис Реџепи е разрешен од оваа должност заради завршување на неговиот мандат, информира владината прес-служба.

Адвокатот на обвинетите во „Монструм“: Загрозениот сведок лаже


Адвокатот на обвинетите во случајот „Монструм“, Насер Рауфи во изјава за емдиумите вели дека загрозениот сведок кој беше испрашуван на денешното рочите дава лажни изјави. – Можевте да видите како овој сведок е збунет, конфузен и повеќе од сигурен сум дека се работи за сведок кој е инструиран. Не би можел да знам точно од […]

ДИК и ДЗС договараа меѓуинституционалната соработка за референдумот


Досегашната и идната меѓуинституционална соработка беше тема на денешната средба меѓу членови на Државната изборна комисија и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски. Како што соопшти ДИК станало збор за деталите околу методолошко-информатичката обработка на избирачкиот список, контролата при печатењето на изводите и посебните изводи на избирачкиот список и внесот и преносот на […]

Јандреоски: „Виз ер“ нема да се повлече од македонскиот пазар


Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ нема да се повлече од македонскиот пазар, а најавеното оптимизирање на летовите на овој авиопревозник за Лондон и Барселона е од комерцијални причини, смета директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Горан Јандреоски. На денешната седница на Комисијата за транспорт и врски на која беше усвоен извештајот за работењето на АЦВ за […]

Наставниците конечно зедоа јулска плата


Повеќето вработени во основното и во средното образование ја добиле јулската плата што им доцнеше. Таа на нивните сметки стигнала во понеделникот, тврди претседателот на Синдикатот за образование наука и култура Јаким Неделков за „Независен весник“. Од СОНК бараат системско решение за проблемот со доцнењето на платите на вработените во училиштата бидејќи, поради административни грешки […]

Ограбен Австралиец во Скопје


Три непознати лица вчера околу 17 часот извршиле разбојништво врз Д.П.(31) од Мелбурн, Австралија на улицата „Мирослав Крлежа“ во Скопје. Како што информира МВР, случајот синоќа, во 20:25 часот, во Полициската станица Центар го пријавил оштетениот. Според пријавата, сторителите со закана со нож на Д.П. му одзеле чанта со лични предмети, машки часовник и едно […]

Минов: Граѓаните демократски и слободно да одлучат како ќе се изјаснат на референдумот


Панчо Минов од ГРОМ дел од пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, денеска изјави дека смета дека пратениците треба водат кампања со која ќе ги поттикнат граѓаните демократски, слободно да оценат дали ќе излезат и дали ќе се изјаснат на референдумот. – Сметам дека најоптимално, најприфатливо решение за учество во кампањата е како пратеници на граѓаните […]

Димитров-Помпео: САД очекуваат Македонија да стане 30-та членка на НАТО


Силна поддршка од САД Македонија наскоро да стане 30-та членка на НАТО доби министерот за надворешни работи Никола Димитров синоќа за време на неговата официјална средба во Вашингтон со државниот секретар Мајк Помпео. – Ова е одличен ден за македонската дипломатија. Само што имав многу охрабрувачки состанок со државниот секретар Помпео. Моментот е многу важен. […]

Одбиено барањето за одложување на судењето за „27 април“


Судијката Добрила Кацарска го одби барањето на одбраната на обвинетите за случувањата во Собранието на 27 април, за одложување на судењето и најави дека рочиштето ќе трае и по работното време на судот. Адвокатите на почетокот на главната расправа побараа увид во доказите на Јавното обвинителство, со образложение дека ги немаат добиено сите доказни материјали. […]

Прекинато судењето за „Монструм“, продолжението во петок


Судијата Огнен Ставрев поради замореност на загрозениот сведок го прекина неговото денешно сослушување од страна на СЈО и од одбраната за предметот „Монструм“, а продолжението на судењето го закажа за во петок, кога ќе продолжи со сведочење. Судењето за петкратното убиство кај Смилковско езеро, сторено на 12 април 2012 година, денеска продолжи по пауза од […]

Бирото за безбедност доби нов шеф


Сашо Тасевски го наследи Лазо Велковски во Бирото за јавна безбедност, одлучи владата на денешната седница. Тасевски се истакна со својата храброст за време на ланските насилства во Собранието, спасувајќи им го животот на пратениците и премиерот Зоран Заев. Веднаш беше награден и унапреден во началник на Шестата управа, а сега ја доби челната позиција […]

Битолските училишта должат над 285 милиони денари


Средните и основните училишта чиј основач е општина Битола имаат вкупни долгови од над 285 милиони денари (околу 4,6 милиони евра), а од нив 122,8 милиони денари се долгови кон надворешни доверители, вршители на разни услуги за училиштата. На средбата со новинарите, градоначалникот на Битола, Наташа Петровска и секретарот на општината Слободан Најдовски, информираа дека […]

Адеми: Преземаме активности да се подмират долговите на училиштата


Не е само општина Битола која се соочува со проблеми и со долгови во областа на образованието, има и други општини. Формирана е и работна група во рамки на Владата, во која и јас членувам. Преземаме активности долговите да се подмират, но се уште немаме конечен резултат. Ова денеска го изјави министерот за образование и […]