Адвокатот на обвинетите во „Монструм“: Загрозениот сведок лаже


Адвокатот на обвинетите во случајот „Монструм“, Насер Рауфи во изјава за емдиумите вели дека загрозениот сведок кој беше испрашуван на денешното рочите дава лажни изјави.

– Можевте да видите како овој сведок е збунет, конфузен и повеќе од сигурен сум дека се работи за сведок кој е инструиран. Не би можел да знам точно од кого е инструиран, но очигледно е дека е инстуиран, бидејќи разликите се толку големи посебно во временскиот интервал, во што не би навлегувал бидејќи се работи за ПИМ и тој е загрозен сведок. Но, повеќе од сигруен сум дека овој згрозен сведок не ја зборува вистината. И самото негово инволвирање, стадиумот на инволвирање во оваа постапка го кажува тоа. Но радува дека СЈО е навистна професионално, присуствуваа дури четворица специјални јавни обвинители, што дава оптимизам дека дека ќе се расветли до крај овој немил настан. Денеска ние не завршивме со испитувањето на загрознеиот сведок, тоа ќе следи и мислам дека до крајот ќе биде сосема девалвира – рече Рауфи.

Загрозениот сведок на денешното рочиште кажа дека си останува на исказот даден на претходна постапка. Тој исто така препозна неколкумина и ги опиша некои од обвинетите