Сончево и топло со температура до 30 степени


Сончево време со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер ќе преовладува денеска во Македонија. Ветерот повторно ќе се засилува долж Повардарието. Утринските температури ќе се движат од 8 до 19 степени, а дненвите од 25 до 31 степени. УВ индексот ќе биде 7. Во Скопје слично време со умерен северозападен […]

МВР: Градоначалникот на Демир Хисар изјави дека снимката е од јануари 2018 година


Министерството за внатрешни работи доцна вечерва соопшти дека градоначалникот на Демир Хисар Марјанче Стојановски бил повикан на информативен разговор поради видео-снимката која се појави денеска на интернет. -Градоначалникот Стојановски во разговорот изјави дека снимката која се појавила на интернет е од протест во О.У. Гоце Делчев во Демир Хисар кој се случил во средината на […]

Заев од Ресен: Референдумот не е борба за власт туку за севкупен раст


Претседателот на Владата, Зоран Заев вечерва на трибината во Ресен повторно ја повика опозициската ВМРО – ДПМНЕ како и оние што сеуште не одлучиле да излезат на 30 септември да го поддржат референдумот за влез на Македонија во Европската унија и НАТО. – Ако сте за ЕУ и НАТО излезете на референдумот, придружете се. Ние […]

Јанушев во Берово: Со договорот со Грција ги губиме јазикот и идентитетот


Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев вечерва беше во Берово каде имаше средба со граѓани со кои разговараше за договорот со Грција.Пред жителите на Берово, Јанушев рече дека договорот со Грција е капитулантски и оти не треба да се поддржи. – Гледаме дека преку кампањата која е спонзорирана со државни пари од државниот врв сакаат […]

Приведен градоначалникот на Демир Хисар


Градоначалникот на Демир Хисар утрово им се заканувал на вработените во училиште поради што полицијата го привела. Како што потврдуваат извори од МВР за МИА, граданочалникот на општина Демир Хисар од СДСМ, Марјанче Стојановски, е приведен утрово. -Заборавате дека во МВР работев, заборавате дека ви слушам сите телефонски јавувања. Одење од куќи и така натаму, […]

УБК ќе си оди од МВР?


Три можни модели за понатамошно функционирање на безбедносниот и разузнавачкиот систем во земјата се наоѓаат на маса на релевантните институции за разгледување, неофицијално дознава Алсат М. Првата опција е да се продолжи со тековниот модел со кој Управата за безбедност и контраразузнавање останува во рамки на Министерството за внатрешни работи. Вториот модел предвидува разделба на […]

Дарко Каевски избран за нов претседател на СДММ


Дарко Каевски (29), кој е директор на Агенцијата за млади и спорт, е назначен за нов претседател на СДММ – младинската организација на владејачката партија. Конвенцијата на СДММ за избор на нов претседател се одржа во објектот на МКЦ. Каевски беше избран за наследник Стефан Богоев, градоначалникот на Општина Карпош. На конвенцијата на социјалдемократската младина […]

Ципрас посакува Заев да го добие референдумот


Солун –– На 30 септември има референдум во Скопје. Посакувам и се надевам дека мојот пријател Зоран Заев ќе го добие. Имаме пред нас многу важен и од историско значење договор, кој ако се ратификува на референдумот во соседната земја и ако се заврши уставната реформа ќе донесе единствена можност за земјата, рече грчкиот премиер […]

Германскиот советник ќе дојде до крајот на годинава


Испраќање економски советник од Германија и формирање управувачки комитетот меѓу двете земји се двата чекори што ќе се преземат во напорите за зајакнување на екомската соработка, но и во обидите на Берлин да и помогне на Македонија да се адаптира кон условите, кои владеат во ЕУ. За ова било разговарано на вчерашната средба меѓу премиерот […]

Анѓушев: Фломастерот падна од висина и удри на масата


Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев денеска на прес-конференцијата во Владата изрази жалење дека бил погрешно разбран на брифингот со новинарите пред неколку дена на кој, според него, му паднал фломастерот и удрил на масата, а за кој, беше обвинет дека со тоа нападнал новинар. – На брифингот во Владата на РМ додека објаснував […]

Заев: Односите со Русија може да се унапредуваат во повеќе области


Нема докази за диркетно мешање на Русија или на која било земја во внатрешните работи на Македонија. Ставовите на пријателска Русија, но и на другите пријателски земји се познати. Сите заедно се за ЕУ, но за НАТО Русија има поинаков став од ЕУ и САД. Ова го истакна денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференција во […]

Сенаторот Џонсон импресиониран од храброста со која е надминат спорот со Грција


Американскиот сенатор и претседавач на Комитетот за национална безбедност и на Поткомитетот за европска и регионална безбедносна политика, Рон Џонсон на денешната средба со премиерот Зоран Заев изразил импресионираност за храброста, односно начинот на кој Македонија и Грција го решиле повеќедеценискиот спор со потпишувањето на Договорот за името и стратешка соработка. Тој на средбата, како […]

Пуштена новоизградената траса од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“


Првиот дел од новоизградената траса од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во општина Бутел,  на потегот од крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“ до крстосницата со улицата „Натанаил Кучевишки“ во должина од 1.000 метри, е официјално отворен од вчера. Градоначалникот Петре Шилегов присуствуваше на отворањето и направи увид во ситуацијата на терен во пресрет на почетокот […]

ВМРО-ДПМНЕ во вторник ќе одлучи за референдумот


Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, најверојатно, во вторник ќе го донесе конечниот став на партијата во однос на референдумот, дознава „Независен весник“. Се очекува да биде потврдено дека раководството на партијата ќе им остави на граѓаните сами да одлучат дали и како ќе гласаат на 30 септември, иако простор за драматичен пресврт се остава само поради […]

Дарко Каевски – кандидат за претседател на СДММ


Дарко Каевски (29), директор на Агенцијата за млади и спорт, според партиски извори, е најсериозен кандидат за нов претседател на СДММ – младинската организација на владејачката партија.  Каевски, според информациите,  засега е единствен кандидат. Конвенцијата на СДММ за избор на нов претседател  штотуку почна во објектот на МКЦ, а очекувањата се дека ќе финишира со […]

Џонсон: Излезете и искористете го своето право да гласате на референдумот


Излезете и искористете го своето право да гласате на престојниот референдум. Дајте им дознаење на вашите лидери дека ја поддржувате вашата нација и чекорењето на земјата на патот кон евроатлантските интеграции. Со оваа порака излезе денеска американскиот сенатор Рон Џонсон по средбата што ја имаше во Владата со премиерот Зоран Заев. Сенаторот Џонсон средбата со […]

Заклучен избирачкиот список – цензусот тежи 903.169 гласови


Државната изборна комисија го заклучила викендов избирачкиот список за престојниот референдум. Право на глас на 30 септември имаат вкупно 1.806.336 избирачи. Според тоа, за да се постигне предвидениот цензус од 50 проценти плус еден глас, на референдумот треба да излезат најмалку 903.169 гласачи. Престојниот референдум за договорот за името е консултативен, што според референдумската регулатива, значи […]

Ципрас: Договорот од Преспа ги отвора Грците кон светот


Прототип на грчката позиција за пристап на соработка и комуникација со сите соседи е Договорот од Преспа, договор кој ги отвора Грците кон светот, а на Солун му дава можност одново да стане престолнина на Балканот, рече грчкиот премиер на свеченотот отворање на Меѓународниот саем во Солун. Алексис Ципрас изрази надеж дека Солун треба да […]

Повредено момче во пекара во Скопје


Дваесет и едногодишниот Б.И. е повреден еден час по полноќ откако количката со која влегол во лифт во пекарата на „Груица Војвода“ во Скопје, а во која имало леб, од непознати причини се превртела и го потиснала. МВР информира дека повредениот е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки […]

Едно лице загина во сообраќајка кај Штип


Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа на патот Штип-Радовиш во близина на клучката кај село Љуботен, во која 51-годишна виничанка им подлегнала на повредите, а четири лица се повредени. Несреќата се случила во 19 часот и 35 минути меѓу патнички возила „Мерцедес“ со винички таблички и „Ауди“ со струмички регистерски таблички, кои се движеле во […]