ВМРО-ДПМНЕ во вторник ќе одлучи за референдумот


Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, најверојатно, во вторник ќе го донесе конечниот став на партијата во однос на референдумот, дознава „Независен весник“. Се очекува да биде потврдено дека раководството на партијата ќе им остави на граѓаните сами да одлучат дали и како ќе гласаат на 30 септември, иако простор за драматичен пресврт се остава само поради средбата на Христијан Мицкоски со Ангела Меркел. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ повторил дека договорот од Преспа е лош и капитулантски за Македонија, но одби да каже што му кажала германската канцеларка.

Најавено е дека партијата останува да биде на терен, продлжувата активностите од „Работното лето“, а кампањата за референдумот ќе се искористи за предочување на граѓаните за штетноста од договорот со Грција, погрешните политики на владата на Зоран Заев на сите можни полиња, но и презентација на плановите и идеите со кои ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да ја добие довербата од гласачите и да се врати на власт. (Г.А.)