Дарко Каевски – кандидат за претседател на СДММ


Дарко Каевски (29), директор на Агенцијата за млади и спорт, според партиски извори, е најсериозен кандидат за нов претседател на СДММ – младинската организација на владејачката партија.  Каевски, според информациите,  засега е единствен кандидат.

Конвенцијата на СДММ за избор на нов претседател  штотуку почна во објектот на МКЦ, а очекувањата се дека ќе финишира со избор на наследник на Стефан Богоев.  Актуелниот градоначалник на Карпош и поранешен пратеник, во изминатите години, беше претседател на СДММ.

Планирано е изборниот дел од конвенцијата да заврши во 14.30 часот, кога пред делегатите и другите присутни ќе се обратат претседателот на СДСМ Зоран Заев и  новиот претседател на СДММ.