Дарко Каевски избран за нов претседател на СДММ


Дарко Каевски (29), кој е директор на Агенцијата за млади и спорт, е назначен за нов претседател на СДММ – младинската организација на владејачката партија. Конвенцијата на СДММ за избор на нов претседател се одржа во објектот на МКЦ. Каевски беше избран за наследник Стефан Богоев, градоначалникот на Општина Карпош.

На конвенцијата на социјалдемократската младина се обрати премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

„Првиот тест за тебе Дарко се следните 20 дена до референдумот на 30 септември. Прави што ќе правиш, активирај ги сите, соработувај со сите, мотивирај ги сите! Да потврдите другари, дека СДММ е солидарна младина, која работи над партиските интерси, кога се во прашање државните интереси“, му порача претседателот на СДСМ на новоназначениот претседател на СДММ.

Додаде дека Македонија се интегрира во светот со заштитен македонски јазик и македонски идентитет.

„За европска Македонија може да се избори и ќе се избори само европска младина. А Македонија има европска младина. Тоа е секој млад човек во нашата држава“, рече Заев истакнувајќи дека младите луѓе се оние што одлучуваат за нивната иднина.