Сончево со мала до умерeна облачност


Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до уменера облачност. Утринската темретарура ќе се движи во интервалот од шест до 18, а дневната од 24 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 6. Во Скопје слично време. Минималната темература ќе изнесува 11, а дневната ќе достигне до 31 степен Целзиусов. Во следниот период […]

(ВИДЕО) Активисти протестираа легнати на улица: Живот и за животните


Голем број активисти со своите кучиња денеска легнаа на улицата пред Агенцијата за храна и ветеринарство во знак на револт против неправдите што им се нанесуваат на животните, но и молкот на институциите што се надлежни да реагираат. Се истураше бела и црвена боја. „Белата боја го симболизира отровот што секојдневно е расфрлан низ градовите […]

Ахмети: На 30 септември се гласа за стратешки цели


Трибина со граѓаните на Кичево попладнево одржа лидерот на ДУИ Али Ахнети кој беше придружуван од преседателот на Собранието Талат Џафери, вицепремиерот Хазби Лика, градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари и шефот на Штабот на ДУИ за референдумот за Кичево, министерот за економија Крешник Бектеши. Преседателот на Собранието Џафери порача дека ЕУ и НАТО се […]

Бачев: Ова е света борба за секој Македонец


Кризниот штаб кој настапува под слоганот „Македонија бојкотира“ денеска имаше средби со граѓаните на Делчево и Македонска Каменица. Како што истакна Јанко Бачев, претставник на кризниот штаб против референдумот, целта на денешната средба со граѓаните од овие две општини е да се пренесе пораката за неизлегување на претстојниот референдум. – Мора да ја спречиме намерата […]

Мицотакис: Прашање на време е кога земјата ќе се нарекува чисто Македонија


Од моментот кога имаме признавање на македонски јазик и македонска националност, прашање на време е оваа земја да се нарекува чисто Македонија, рече Кирјакос Мицотакис на денешната прес-конференција во рамките на 83-от Меѓународен саем во Солун и истакнувајќи дека најголемиот проблем во Договорот од Преспа се македонскиот јазик и идентитет. Како што јави дописничката на […]

МВР: Злосторството во прилепско е расчистено


Министерството за внатрешни работи денеска преку соопштение категорично ги отфрла, како што наведува, сите невистини изречени на денешната прес – конференција на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, околу завчерашното злосторство во прилепско, не само од аспект на злонамерните и неточни информации по однос на самиот настан, туку, се додава, и поради обидот со измислици и маниупулации да […]

Заев: Верувам дека граѓаните ќе донесат одлука за европска Македонија


Сонуваме сите 27 години и денеска конечно сме исправени да го оствариме нашиот сон, да обезбедиме европска иднина за нашите деца и генерациите после нас. НАТО и ЕУ не поврзува сите, затоа оваа аспирација конечно имаме шанса да ја зграпчиме и бидеме горди оти сме успеале, порача премиерот Зоран Заев на граѓанскиот собир пред седиштето […]

Мицкоски: Македонија има еден проблем, се вика Зоран Заев


Македонија има еден проблем – се вика Зоран Заев, повика денеска од Штип лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. На вообичаените неделни маршеви на опозицијата низ градовите во земјата, се слушнаа истите пораки како сиве овие денови и недели откако е закажан референдумот за договорот за името со Грција. Тој уште еднаш рече дека почитувајќи ги […]

Кривична за кичевчанец за производсво и промет со наркотични дроги


Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ и „спречување на докажување“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против А.А. (34) од Кичево. При претрес извршен во неговиот дом на 23-ми минатиот месец, пријавениот […]

(ФОТО) Марш за европска Македонија во Скопје


Во Скопје попладнево се одржува Марш за европска Македонија, кој го организира Коалицијата Заедно за европска Македонија, а кој треба да финишира со голем собир на кој ќе се обратат премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието Талат Џафери. Почетокот на маршот е од пред зградата на Црвениот крст во Скопје, а треба да заврши […]

Притвор за осомничениот за убиството во Беловодица


Мерка притвор во траење од 30 дена на Е.Т. (24) од Битола, кој се сомничи за убиството во Беловодица му одреди Судија на претходна постапка при Основниот суд Прилеп. Притворот ќе се извршува во Казнено поправната установа Затвор Скопје. Надворешната канцеларија за криминалистички работи вчера поднесе кривична пријава против Е.Т. вработен во Министерството за внатрешни […]

Македонски државјанин побегна од косовски затвор


Двајца затвореници, К.Г. (28) од Урошевац и Ш.Н. (31), државјанин на Македонија, кои се осудени за кривично дело тешка кражба, побегнаа вчера од затворот Дубрава во Косово, по што, денеска, се уапсени двајца полициски офицери од овој затвор, јави дописникот на МИА од Приштина. Извори од полицијата информираа дека полициските службеници се приведени и притворени […]

Приведени крадци што краделе во цркви и викендици


Секторот за внатрешни работи Скопје, до скопското Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Б.У.(36), С.Ш.(18) и С.Љ.(19), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршиле шест кривични дела „тешки кражби“ и против Б.Е.(26) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил едно кривично дело „прикривање“, при што се стекнале со противправна […]

Бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на гласачкото право


Народниот правобранител утре ќе отвори бесплатна телефонска линија 0800 54321, со цел да им помогне на граѓаните во остварувањето и заштитата на гласачкото право на слободно изразување на нивното мислење и став по однос на референдумското прашање. Од Канцеларијата на народниот правобранител укажуваат на правото на непосредно изјаснување, и сметаат дека изјаснувањето на граѓаните и […]

Столтенберг: НАТО ќе има цврст, но правеен однос кон Русија


НАТО нема намера да отстапи пред Русија, туку ќе остане на цврстиот, но праведен однос кон Москва во врска со приемот во членство на поранешните советски републики, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. – За нас не е противречно да се биде цврст во пристапот кон Русија, како што сме, но во исто време […]

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и подготвува национална катастрофа на Македонија


Зоран Заев и приредува национална катастрофа на Македонија. Капитулантскиот договор го менува името, институционалниот идентитет, културата, историјата и Уставот на Република Македонија, тврди во соопштение опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. -Заев прифатил со капитулантскиот договор промена на Преамбулата на Уставот на Република Македонија, чл.3 и чл.49 од истиот.Што според договорот кој го потпиша владата на СДСМ треба […]

Марш за европска Македонија и голем граѓански собир


Денеска коалицијата Заедно за европска Македонија, заедно со граѓаните организира Марш за европска Македонија кој ќе заврши со голем граѓански собир во центарот на Скопје.Маршот тргнува пред зградата на Црвениот крст со почеток во 13.30 часот, а завршува пред седиштето на Делегацијата на ЕУ во 14.00 часот. Во 14.00 часот започнува официјалната програма на големиот […]

Побрза постапка за надомест на штета за сообраќајка во Германија


Македонските возачи во Германија во случај на сообраќајна несреќа ќе можат да направат побрз и поефикасен надомест на штета, со Спогодбата за заштита на посетители потпишана од помеѓу националното биро за осигурување на Република Македонија и Германското биро за зелена карта. Спогодбата, која важи и за германските возачи при евентуална несреќа во Македонија, стапи на […]

Kопа: Договорот од Преспа е праведен


Позитивно, како за двете земји така и за регионот, го коментира Договорот од Преспа, Марилена Копа, професорка по меѓународни, европски и регионални студии на атинскиот Универзитет Пандио и вели дека станува збор за праведен и правилен договор без поразени и победници.Професорката која важи за добар познавач на Балканот, но и на македонско – грчките односи, […]

Битолчани ја очекуваат ветената обнова на Офицерскиот дом


Битолската локална власт  се подготвува за обнова на Офицерскиот дом, споменик на културата и архитектонски бисер на Широк Сокак,  кој со години е оставен на забот на времето,  руиниран и целосно нефункционален. За проектот се издвоени 20 милиони денари од локалниот и државниот буџет. Општина Битола аплицираше и во европските фондови за грант од 70 […]