Бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Граѓаните од утре ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право во канцеларијата на Народниот правобранител на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

– Сите неправилности може да се пријават во текот на предизборниот период и на денот на гласањето. Телефонската линија ќе функционира секој работен ден од 8 до 16 часот и по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик, или снимената порака, велат од канцеларијата на Народниот правобранител.

Народниот правобранител, додаваат, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од страна на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.