Пожарникар нападнат во Струмица на место на кое бил пријавен пожар

З.Ш.(56) од Струмица, вработен како пожарникар во струмичката  Територијална противпожарна едници вчера пријавил дека бил нападнат од лицето Т.С кај местото  „Просенички пат“ на кое пристигнале по пријава за настанат пожар.

Како што соопшти МВР, пожарникарот инцидентот го пријавил вчера во 17:00 часот во СВР Струмица, а се случил истиот ден околу 15:10 часот.

-Според пријавеното, тој бил нападнат во моментот кога пристигнале на наведеното место по пријава во Територијалната противпожарна единица за настанат пожар, посочуваат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против Т.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.