Сега Шекеринска му става „вето“ на Иванов


Идниот воен претставник на земјава во НАТО во Брисел, како и военото аташе во Париз, веројатно, ќе ги постави новиот шеф на државата и врховен командант по изборите што завршуваат во мај. Дотогаш овие две места ќе бидат празни, како што беа и во изминатите месеци, сè додека претседателот во заминување Ѓорге Иванов по распишувањето […]

Прва пресуда за Мијалков на Денот на жената


Поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков и лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, на Денот на жената, 8 Март, ќе ја слушнат пресудата за случајот „Титаник 2“ за изборните нерегуларности што ги договарале на локалните избори во 2013 година за да се повтори гласањето во Струмица, каде што победи сегашниот премиер, а […]

Патот до Водно поплочен со „шпиони“?


Тврдењето на кандидатот за шеф на државата на владејачката коалиција Стево Пендаровски дека го следи тајна разузнавачка служба, односно структури „блиски до една голема опозициска партија“, беше повод за првиот, барем засега, директен „вербален контакт“ преку медиумите со кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова. Таа излезе со реакција за јавно искажаниот сомнеж на Пендаровски користејќи го, […]

Жените го слават 8 Март, бројките за родова еднаквост поразителни


Жените денеска го прославуваат 8 Март како ден на борбата за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Но за жал, насекаде во светот и во нашата земја, тие се уште се соочуваат со негирање на нивните права, со дискриминација и со насилство. Мал е бројот на жени на раководни функции, тие не се правично […]

Шекеринска: Во Вашингтон сме да покажеме дека почнуваме да функционираме како членка на НАТО


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која деновиве е во работна посета на Вашингтон, во изјава за МИА рече дека една од главните цели на посетата е „да го држиме вниманието на нашата земја и на регионот во фокус“. Таа укажа дека голем дел од работата за ратификација на протоколот за членство на нашата земја во […]

Мицкоски бара да се провери имотот на сите политичари


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара лустрација на сите политичари во земјата преку проверка на нивниот имот. -Ајде да ги лустрираме сите политичари, ајде да го провериме имотот. Нека почнат од мене, од имотот мој, од имотот на моето семејство и нека завршат со имотот на Зоран Заев, напиша Мицкоски на Твитер.

Мицкоски: Лидерската средба со Заев в недела


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека в недела ќе се одржи лидерската средба со премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и дека на неа ќе се зборува за три клучни прашања – претседателските избори, реформските закони и Специјалното јавно обвинителство. –Очекувам на лидерската средба со Заев да разговараме за три значајни прашања. […]

Пендаровски собра 25 илјади потписи за претседателската кандидатура


Половина час пред затворањето на подрачните канцеларии на ДИК, за кандидатурата на Стево Пендаровски потписи дале над 25 илјади граѓани низ целата држава, истакна генералниот секретар на СДСМ и шеф на изборниот штаб Александар Кирацовски. Тој рече дека кандидатурата на Пендаровски е единствена којашто е поддржана од 25 илјади граѓани, над 60 пратеници и 30 партии.

Наградите на ЗНМ за најдобри новинарски стории за 2018 година


Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска на одбележувањето на 73-годишнината од работењето ги додели годишните награди за најдобри новинарски стории за 2018 година. Наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков“ и беше врачена на Менче Атанасова-Точи од ТВ Нова, која на своите постари колеги им порача да работат со помладите за се врати квалитетот […]

Антикорупциска отвори постапка за именувања во Армијата од страна на Иванов


Државната комисија за спречување на корупција отвори постапка за именувањата во Армијата од страна на претседателот Ѓорге Иванов. Станува збор за именувања од шефот на државата објавени во Службен весник по распишувањето на претседателските избори. Антикорупциската комисија, како што беше истакнато на денешната седница, ќе бара информации од Кабинетот на претседателот и од Министерството за одбрана […]

Папата Франциск на 7 мај во Скопје, ќе се сретне со Иванов и Заев


Канцеларијата за печат при Светиот Престол во Ватикан, денеска ја објави програмата за посетата на папата Франциск на Северна Македонија. Предвидено е папата да пристигне во Скопје, родниот град на Света Мајка Тереза, на 7 мај наутро. По официјалниот пречек, папата Франциск ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев, како и со […]

Собранието ја заврши расправата по Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација


Собранието денеска во рамки на 90. седница ја заврши расправата по Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација, по скратена постапка во втора и трета фаза, а за законот ќе се гласа дополнително. Расправата по Предлог-законот за антидискриминација, кој е со европско знаменце, мина во спротивставување на ставовите на власта и опозицијата во однос на […]

Владата ги зема, Мерко не ги дава плажите


Владата сака да го земе управувањето со плажите од локалната самоуправа, но градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, вели дека не ги дава и дека се води хајка против општината. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески вчера изјави дека за една недела измените на Законот на градежно земјиште влегуваат во собраниска процедура. „Поради сите проблеми […]

Блерим Река се подготвува и за втор круг


Едниот застана на десната страна, а другиот на левата. Се собраа на едно место за да му дадат поддршка на независниот кандидат Блерим Река. Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, и претседателот на движењето Беса, Биљал Касами, но и самиот кандидат за претседател Блерим Река се цврсто уверени дека ќе соберат голем број гласови […]

Невзат Бејта ја поддржи кандидатурата на Пендаровски


Потпретседателот на ДУИ и поранешен градоначалник на општина Гостивар Невзат Бејта, стави потпис за поддршка на Стево Пендаровски, заеднички кандидат на коалицијата предводена од СДСМ и на ДУИ со што започна прибирање на предвидените потписи во Гостиварско. Бејта, во подрачната единица на Државната изборна комисија во Гостивар заедно со шефот на општинскиот изборен штаб за […]

Шекеринска во Пентагон: Потврдено стратегиското партнерство со САД


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во Пентагон имаше средба со американскиот државен секретар за одбрана Патрик Шанахан, на која е потврдено стратегиско партнерство на САД со нашата земја. Шекеринска и Шанахан се согласиле за продлабочување на соработката во одбраната и за нејзино подигнување на повисоко ниво какво што доликува на сојузници во НАТО. – Продолжуваме […]

Кирацовски: Пендаровски за неколку часа собра над 20.000 потписи


Граѓаните силно одговорија на јавниот повик за потпис и поддршка на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски. За само неколку часа во канцелариите на ДИК низ земјава се собрани над 20.000 потписи за Пендарвски, рече денеска генералниот секретар на СДСМ Алаксандар Кирацовски. Кирацовски, кој е и шеф на Изборниот штаб на Пендаровски, денеска во Битола и лично, […]

Осум починати од сезонски грип минатата недела


Осум лица минатата недела починале од грип. Од лицата, кои биле на возраст од 12 до 70 години, пет се од Скопје и по еден од Делчево, Охрид и Кавадарци. Сите починати имале коморбидитетни состојби, најчесто дијабетес, коронарни, хронични опструктивни заболувања, …. Епидемиологот Гордана Кузмановска од  Институтот за јавно здравје информираше дека пет смртни случаи се […]

Кој е потежок ривал за Пендаровски – Иванов или Силјановска?


Иако зад неговата кандидатура застанаа повеќе од 60 пратеници, колку што се потребни и за формирање собраниско мнозинство или за избор на влада, првиот консензуален кандидат за претседател, Стево Пендаровски, од денеска ќе собира и 10 илјади потписи за поддршка на неговата втора номинација за шеф на државата. Поддршката што ја доби во парламентот во […]

Јанева: Може некој да се спаси


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева не може да предвиди што ќе се случува во иднина со случаите на ова обвинителство ако биде донесен новиот предлог-закон, кој конечно ќе го регулира статусот на СЈО и со кој „бомбите“ нема да можат да се користат како докази во над дваесет случаи што ги отвори СЈО по јуни […]