Влада: Судскиот совет да го прифати решението за надомест на штетата на вработените во судската служба


„Владата на Република Северна Македонија оствари повеќе работни средби со претседателите на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (Синдикатот на УПОЗ) и на Судскиот совет на Република Северна Македонија и нивни претставници, заради изнаоѓање решение во врска со прашањето за враќање на задржаните средства на вработените во судската служба за […]

Да не се плаќаат сметките за парно што исклучените ги добиле за април


Исклучените од системот на парно греење што добиле сметки за април да не ги плаќаат, бидејќи тие ќе бидат сторнирани, потврдија од Регулаторната комисија. Исклучените од парно граѓани кои доставуваат барања до БЕГ за ослободување од обврската за плаќање, во случаите кога компанијата нема да ги прими, да поднесат претставка до Регулаторната комисија за енергетика. […]

Царовска: Исплатата на зголемената помош почнува од идниот месец


Пратениците во Собранието денеска ја изгласа социјалната реформа, а првите исплати на зголемената парична помош за 300 отсто се очекуваат од идниот месец. Со трите пакет закони за социјална и детска заштита и социјална сигурност на стари лица правиме целосна преобразба на досегашниот систем за социјална заштита и се воведува социјална правда којашто е основата […]

Претседателот Пендаровски потпиша укази за прогласување на 21 закон што ги кочеше Иванов


Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски потпиша укази за прогласување на 21 закон, кои не беа потпишани од претседателот Иванов. Меѓу потпишаните се и указите за прогласување на Законот за изменување на Законот за оперативно-техничка агенција, на Законот за Централен регистар на население, на Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка […]

Средба Пендаровски-Гаши: Сите политички субјекти да дадат придонес на патот кон ЕУ


Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши. На средбата била посочена потребата од конструктивен политички дијалог меѓу сите политички чинители во Република Северна Македонија, во функција на реализација на реформската агенда, а со цел напредок на државата во европските и евроатлантските интеграции. Претседателот Пендаровски укажа […]

Заев со дијалог ќе бара решение за реконструкцијата на Алипашината џамија во Охрид


Премиерот Зоран Заев во однос на реакциите околу градежните работи на Алипашината џамија во Охрид денеска изјави дека верува оти низ дијалог ќе се изнајде решение. – Ова е типичен пример на верска потреба која се јавува кај одредена група граѓани. Само заедно можеме да го решиме тоа. Ќе продолжиме да разговараме. Институциите мора да се […]

Заев оптимист, за Дескоска се е можно во преговорите за СЈО


Премиерот Зоран Заев денеска изрази оптимизам дека е можно деновиве пред објавување на извештајот од ЕК да се дојде до решение за статусот на СЈО, во рамки на предлог законот за Јавното обвинителство. Според министерката за правда Рената Дескоска, која информира дека се уште нема закажано нова средба, многу работи во нашата држава се решавале […]

Драгана Велковска: Дилетантски однос кон бездомните животни


Активистката и член на советот на Град Скопје од Левица, Драгана Велковска вели дека владејачката партија СДСМ дилетантски се однесува кон еден од најгорливите проблеми – бездомните животни. Велковска на својот Фејсбук профил пишува и за немањето на критериуми за изборот на членови на Управниот и Надзорен одбро на јавното претпријатие „Лајка“. „Како ли гласеле […]

Аферата „Кокаин“ не попушта: Тестирањето политичари за дрога се сели од држава до држава


Во пресрет на вториот круг од неодамнешните претседателски избори во Украина, двајцата кандидати Петро Порошенко и Володимир Зеленски го прифатија предизвикот на јавноста и се подложија на тест за употреба на алкохол и дрога. Порошенко, кој настапи од позиција претседател на државата, се тестираше во лабораторијата на Олимпискиот стадион во Киев. Зелински, пак, кој подоцна […]

Заев и Ахмети денеска ќе разговараат за најавените промени во извршната власт


Премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети попладне во 16 часот во Владата ќе имаат средба на која ќе разговараат за најавените промени во Владата. Заев денеска најави дека како коалициски партнери ќе разговараат за кадровски промени во извршната власт. – Иако симболиката дојде од зборот „метла“, сепак, се работи за луѓе професионалци. […]

Филипче негира дека ќе има разрешувања на раководители во болниците


Министерот за здравство Венко Филипче денеска негира дека следуваат разрешувања на раководни лица на болници по оставката на директорката на Детската клиника, Катерина Ставриќ. -Не станува збор дека следува некакво разрешување. И во текот на вчерашниот ден изјавив дека имаме континуирана, одлична комуникација со сите директори поставени во јавно здравствените институции. Директорката на Клиниката за […]

„Комунална хигиена“ со едукација на децата против дивите депонии


Еко-патролата и Одделението за едукација на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје денеска одржаа заедничко еко-предавање пред средношколците од СУГС „Кочо Рацин“. Покрај едукацијата за правилното и совесно постапување со отпадот, неговата примарна селекција и рециклирањето, тие имаа можност да се запознаат и со улогата и активностите на Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје. Преку слајдови и видео-материјали, учениците […]

„Титаник“ продолжи со изведување докази


Со изведување на материјални докази  денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство. Случајот се наоѓа во доказна постапка и досега се изведени 2.750 од околу 5.900 предложени материјални докази од СЈО. Застапникот на обвинението Лиле Стефановска, на почетокот посочи дека се продолжува со изведување на докази за злоупотреба на средства […]

Ако не врне, за една недела, автопатот Миладиновци-Штип ќе биде во употреба


За седум работни дена, доколку нема дожд, треба да заврши поставувањето на заштитната мрежа на автопатот Миладиновци-Штип, во должина од 47 километри, вели за МИА директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов. Непоставената заштитна мрежа во должина од 30 километри на потегот од Свети Николе кон Миладиновци, според образложението од ЈПДП, пред околу […]

Реформи во УБК: Може ли да ни се појави нов Нинџа?


Директорот и заменикот на Агенцијата за национална безбедност (АБН), со чие формирање Управата за безбедност и контраразузнавање оди во историјата, ќе имаат мандат од четири години и право на реизбор, додека работниот стаж потребен за овие функции е намален од 15 на 12 години. Разрешувањето на директорот, кој го назначува премиерот, освен по иницијатива на […]

Хан ја пофали ВМРО-ДПМНЕ како конструктивна


Политичката стабилност на Северна Македонија е најдобра во регионот, а уште еден доказ за тоа беа успешно спроведените претседателски избори, истакна еврокомесарот Јоханес Хан на отворањето на Виенскиот економски форум. Тој ги охрабри компаниите од Австрија да инвестираат во нашата земја бидејќи тоа значи поголем профит за земјата и отворање на нови работни места. Адресирајќи […]

Нови оптимистички најави од Брисел за одлука за почеток на преговори во јуни


Од Брисел стигнаа нови оптимистички најави дека Северна Македонија во јуни ќе добие одлука за почеток на преговори со Европската Унија, а оти до крајот на годинава да бидат отворени и првите поглавја. Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, покрај очекувањето дека земјава ќе добие одлука за почеток на преговори со Унијата, на Виенскиот економски форум „Нови […]

Судскиот совет како заштитник: Тешко до притвор за судиите и пратениците


Судскиот совет доби нов претседател и нов закон, но и со новиот закон што конечно го потпиша претседателот Стево Пендаровски, за да му се одреди притвор на судија, зелено светло прво треба да даде Судскиот совет. Ова тело одлучуваше и за последниот случај со судијата од Управниот суд за кого обвинителството бараше притвор, но Судскиот […]

УКИМ одбележува 70 години од основањето


Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска со повеќе активности ќе ја одбележи 70-годишнината од основањето и 24 Мај, Денот на светите Кирил и Методиј и патрониот ден на Универзитетот. Во универзитетскиот кампус ќе има молебен посветен на браќата просветители, со кој ќе чиноначалствува архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Делегации ќе положат цвеќе пред споменикот на Кирил […]

Пробни прелети за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“


Со два прелета во воздушниот простор на Република Северна Македонија изутринава од 7:30 до 9:30 часот ќе се изврши првиот пробен прелет за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“ (чување на воздушниот простор). Прелетот ќе го извршат воздухоплови на вооружените сили на Република Грција. Целта на прелетот е проверка на комуникациите и радарската покриеност на […]