Заев: Усеини нека си ја руши дивоградбата или ние ќе му ја срушиме


Премиерот Зоран Заев побара Општина Охрид да ја сруши дивоградбата – пицерија на советникот Нефи Усеини во центарот на градот или ќе и ги одземе надлежностите.

„Јас му реков на градоначалникот да постапи согласно законот. Ако не, ќе постапиме извршната власт и таа дивоградба, и сите други, ќе биде срушена. Апелирам до Усеини сам да си ја сруши дивоградбата. Мораме да воспоставиме ред, не заради УНЕСКО, туку заради нас“, рече претседателот на владата.