Заев: Ќе има промени во Владата, директорските места, локалната средина и во партијата


По завршување на Виенскиот економски форум премиерот Зоран Заев  по средбите, во изјава за медиумите најави дека во првата половина на јуни има намера да излезе со конкретните решенија за промени. – Во Владата, во владините институции, значи директорски места, Управни одбори, надзорни одбори, во локалната средина, значи едно трето ниво подоле, а секако ќе […]

(ВИДЕО) Заев од Виена: Oптимисти сме за датумот за преговори


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, по завршување на Виенскиот економски форум денеска оствари серија средби со претставници на неколку реномирани компании од Република Австрија, коишто имаат свои претставништва во Северна Македонија, како што се ЕВН и А1 Телеком Груп. На средбите, како што информираат од владината прес-служба, биле посочени досегашните придобивки […]

(ВИДЕО) Евроскептичарот Најџел Фараж погоден со милкшејк на улица


Британскиот политичар Најџел Фараж, познат по евроскептичните ставови, денеска на улица беше погоден со милкшејк додека беше на пат кон Њукасл. При инцидентот, член на обезбедувањето го повлече настрана Фараж, а полицаец го совлада напаѓачот. На снимката која се споделува на социјалните мрежи се слуша глас на маж како му вели на Фараж „фашист“. – […]

Пендаровски-Касами: Политичките субјекти да се насочат кон остварување на стратешките цели


Сите политички субјекти, и од власта, и од опозицијата, да го насочат своето делување во интерес на остварувањето на стратешките цели на Република Северна Македонија – членството во Европската Унија и во НАТО, како важен предуслов за стабилна, просперитетна и развиена држава. Ова било истакнато денеска на средбата меѓу претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, […]

(ВИДЕО) Луда трка со автомобили низ Ѓорче Петров


Огромни реакции има на социјалните мрежи по објавувањето на видеоснимката на која се гледа како во еден момент два автомобила, кои очигледно се тркааат еден со друг, со огромна брзина преминуваат во спротивната лента од коловозот и претекнуваат друго возило преку две полни линии. Граѓаните се жалат дека ваквите сцени се многу чести на улицата […]

„Случај Богоевски“. Се бараат таксистот, дилерот и „бомбашот“


Основното јавно обвинителство Скопје побара да се утврди идентитетот на таксистот, кој, наводно, го снимал разговорот на пратеникот Павле Богоевски, да се направат проверки од кое лице евентуално била нарачувана наркотична дрога и преку меѓународни инструменти да се провери сопственикот на профилот на руската социјална мрежа Виконтакте. Од ОЈО информираат дека според пријавата на Богоевски, […]

Анима мунди: Здружение формирано пред два месеци ќе биде во раководните структури на ЈП Лајка


По година и пол мандат градоначалникот Петре Шилегов најавува конечно финализирање на стационарот „Вардариште“, па финализирање на финализирањето, се слика со кучиња по маси и преку медиумите најавува учество на здруженијата во тамошното управување, реагираат од Здружението за заштита на животни „Анима мунди“. Јавноста е веќе запознаена дека Градот Скопје формираше ново Јавно претпријатие „Лајка“ […]

Граѓанската иницијатива 5 до 12 бара отворање центар за рехабилитација на деца со аутизам и сродни состојби


Граѓанската иницијатива 5 до 12 бара Министерството за труд и социјална политика што поскоро да пушти во употреба центар за рехабилитација на лица со аутизам и сродни невролошки состојби. Од 5 до 12 велат дека простории за ваков центар се обезбедени, но оти веќе една година не се пуштени во употреба.  – Едно од барањата на 5 […]

Ременски: Немам личен судир со Спасовски, туку судир на концепти


-Немам личен судир со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, туку имаме судир на концепти во однос на реформата во безбедносниот сектор, ни изјави потпретседателката на Собранието Фросина Ременски. Таа и Спасовски се и потпретседатели на СДСМ, а сомневањата за судир меѓу нив се разгореа околу денешната седница на собраниската Комисија за избори и именувања, […]

КПД Штип нема да врши спровод на осуденици поради неисправност на возилото


Од 20-ти мај до 3-ти јуни од Казнено поправен дом Штип нема да се врши спровод на осудени лица поради неисправност на возилото. -Основниот суд Скопје 1 – Скопје ја информира јавноста дека до судот од  Управата за извршување санкции – Казнено поправен дом Штип е добиено  известување дека КПД Штип во периодот од 20.05.2019 до […]

Јавен повик од Влада за замена на нееколошки системи за греење во градинки, училишта, здравствени и административни објекти


Bладата објави јавен повик за замена на нееколошки системи за греење во градинки, основни и средни училишта, здравствени и административни објекти во најзагадените градови во Република Северна Македонија. Право на учество на јавниот повик имаат градовите/општините на територија на Република Северна Македонија, кои имаат високо ниво на аерозагадување, односно висока концентрација на РМ10 и РМ2.5, […]

Ратификуван Договорот за реципрочно признавање на возачките дозволи со Косово


Собранието денеска го изгласа Законот за ратификација на Договорот со Владата на Косово за реципрочно признавање на возачките дозволи и ја констатираше оставката на Горан Трајковски од функцијата директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци на негово барање. На 98. седница пратениците дадоа поддршка на предложените законски имени на законите за царинската тарифа и […]

Директорката на Клиниката за детски болести поднесе оставка


Директорката на Клиниката за детски болести, професор д-р Катарина Ставриќ си поднесе оставка од функцијата. Информацијата за оставката за Независен весник ја потврди министерот за здравство Венко Филипче. Тој вели дека д-р Ставриќ оставката ја поднела за време на изборниот процес од лични причини. Во периодот што следи министерот ќе разговара со неа дали и […]

Привремен сообраќен режим на делницата Велес – Градско


Од денеска до 17 август годинава се воведува привремен сообраќен режим на делницата Велес – Градско. Сообраќајот, како што соопшти Автомотосојузот на Македонија, ќе се одвива согласно Одобрението на времен режим на сообраќај поради изведување градежни работи за рушење на стара наплатна станица Градско.

Пендаровски – Ахмети: Сите политички фактори да се насочат кон помирување и обединување околу стратешките цели


Шефот на државата Стево Пендаровски на денешната средба со лидерот на Демократска унија за интеграција Али Ахмети укажал на потребата во периодот што претстои сите политички чинители да имаат одговорен пристап и да ги насочат своите капацитети кон исполнување на реформската агенда, а со цел отпочнување на пристапните преговори за членство со Европската Унија. Двајцата соговорници, […]

Земјите од поранешна Југославија ја продаваат Амбасадата во Бон за 3,75 милиони евра


Откако Советот на министри на БиХ неодамна ја одобри заедничката продажба на зградата на Амбасадата на поранешна СФР Југославија во некогашниот главен град на Западна Германија, Бон за 3,75 милиони евра, се очекува оваа репрезентативна вила наскоро да биде продадена, а земјите сукцесори меѓу кои и Северна Македонија, да ги поделат парите според процентите кои […]

Одбележан денот на пожарникарството – нови 20 пожарникари


Во противпожарната станица во Автокоманда денеска беше одбележан 20 Мај – Денот на пожарникарството. Свеченоста почна со постројување на скопските пожарникари, а командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски, на градоначалникот Петре Шилегов му поднесе рапорт. Пожарникарите ги жртвуваат своите животи за да ги заштитат туѓите животи и нивните имоти. Понекогаш таа пожртвуваност […]

Хан: Северна Македонија лидер и политички најстабилна земја во регионот


Политичката стабилност на Северна Македонија е најдобра во регионот, а уште еден доказ за тоа беа успешно спроведените претседателски избори, истакна еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан денеска на отворањето на Виенскиот економски форум. Во таа насока, Хан ги охрабри компаниите од Република Австрија да инвестираат во нашата земја бидејќи, како што рече, […]

Претседателот Пендаровски се сретна со шведскиот амбасадор Стафансон


Шефот на државата Стево Пендаровски денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Шведска во нашата земја Матс Стафансон. Двајцата соговорници, како што соопшти кабинетот на Пендаровски, разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Кралството Шведска, кои се карактеризираат со пријателство и заемно разбирање. Претседателот Пендаровски изразил очекување за натамошно продлабочување на билатералните […]

Поднесени 91 амандман на законот за Агенцијата за национална безбедност


Членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност расправаат по вкупно 91 амандман по Предлог-законот за Агенцијата за национална безбедност. Од досега разгледаните на седницата прифатени се амандмани со кои мандатот на директорот и на заменикот на Агенцијата е прецизирано да биде четири години со право на реизбор, додека работниот стаж потребен за овие функции […]