ЦДУ по одложувањето на одлуката: Нема потреба од нервоза, датум ќе има


Од владејачката ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел за „Франкфуртер алгемејне цајтунг“ велат дека „не разбираат зошто е толку голем проблем одложувањето за три месеци на одлуката за преговори со Северна Македонија, особено што веќе е решено дека отворањето на првите поглавја од преговорите ќе се случи во декември“. – Што се однесува до Северна Македонија, според моите […]

Меркел – Заев: Берлин ќе даде зелено светло за преговори во септември


Германскиот Бундестаг ќе донесе одлука за одобрување на старт на преговорите на Европската Унија со Северна Македонија во септември, согласно утврдените процедури на Германија за прашањата за проширување на Унијата. Ова му го пренела германската канцеларка Ангела Меркел на премиерот Зоран Заев на денешната средба во Берлин. Меркел, како што соопшти владината прес-служба, потенцирала дека Северна Македонија го […]

Зад „Даре Џамбаз“ нема да никне катна гаража, останува паркчето


Паркчето зад салата „Даре Џамбаз“ во Општина Центар е спасено со одлука на Советот на општината за измена на Деталниот урбанистички план, со што е стопирана изградбата на катна гаража на тоа место. Како што појасни градоначалникот Саша Богдановиќ, Деталниот урбанистички план „Даре Џамбаз“ со последната одлука донесена пред неколку дена од страна на советниците […]

Канцеларијата на Меркел без детали за сребата со Заев


Канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел објави кусо соопштение по денешната средба со премиерот Зоран Заев во Берлин. Меркел и Заев, како што се наведува, разговарале за билатералните односи, а фокусот бил ставен и на „прашање од надворешната и европската политика“. Во соопштението не се прецизира ставот на Меркел за очекувањата на Владата на Северна […]

Заврши средбата Меркел-Заев во Брисел


Премиерот Зоран Заев претпладнево во Берлин имаше 40-минутна средба со германската канцеларка Ангела Меркел на која, според најавите, една од клучните теми требаше да биде датумот за старт на преговорите со ЕУ. По состанокот немаше изјави за медиумите. Засега нема официјални информации кои се пораките од Меркел за очекувањата на Владата во Скопје за одредување […]

Ахмети елегантно се ослободи од локалните шерифи


Во сенка на неизвесноста околу добивањето датум за преговори со Европската Унија и „метлата“ во Владата што го чека исходот од Брисел, стигнаа вестите за голема чистка во Мала Речица. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети ги разреши сите општински комитети – вкупно 35 на број и отвори постапка за нови именувања на месните ограноци. Во […]

Заев за ФАЦ: ЕУ ни вети – испорачајте вие, ќе испорачаме и ние


Премиерот Зоран Заев, кој е во посета на Германија, во интервју за германскиот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ вели дека ЕУ и шефовите на европските држави дале ветување дека доколку се реши спорот со Грција, земјата ќе напредува на патот кон ЕУ. – ЕУ останува голем поттик за нас. Сакаме да се подобриме, како држава и како општество. […]

Шекеринска: Време е да ги почнеме преговорите со ЕУ зашто заслуживме


Време е Европскиот совет да ја следи јасната препорака на Европската Комисија и да одреди датум за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во Унијата, порача министерката за одбрана, Радмила Шекеринска од Конференцијата за европска безбедност во Гармиш-Партенкирхен. Работевме, посочи таа, напорно да создадеме аргументи за почеток на преговорите. – Го решивме прашањето […]

Чиј е Гоце Делчев?


Дали несогласувањето на 7 октомври заеднички да се чествува ликот и делото на Гоце Делчев и инсистирањето дека тој е Бугарин ќе бидат пречка Бугарија да не ја поддржи земјава на европскиот пат? Последната изјава на министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, ја разбранува јавноста. Според неа, 7 октомври ја одбележува годишнината кога Бугарија […]

„Економист“: Одбивањето на Северна Македонија за ЕУ би било сурово, самопоразувачки и погрешно


Да се одбие Скопје за почеток на преговорите за членство би било сурово, самопоразувачки и погрешно, оценува влијателниот британски магазин „Економист“ во написот „ЕУ мора да си го одржи ветувањето кон Северна Македонија. -Внатрешните проблеми во ЕУ не треба да го одвлекуваат вниманието од вонредниот напредок на земјата, која од февруари е преименувана како Северна […]

Од Димовски се чека да расчисти со „наследството“ од Мијалков


По точно една деценија, Виктор Димовски (60) се враќа во безбедносно-разузнавачкиот сектор – овој пат како прв директор на новата Агенција за безбедност. Од вторникот, досегашниот државен секретар во Министерството за надворешни работи е засега единствен вработен во Агенцијата која законски е во функција од 1 јуни годинава, а со чие конституирање заминува во историја […]

Жолта алертна фаза во целата земја, температурата до 38 степени


Земјава денеска ќе биде зафатена со температури од жолта алертна фаза. Температурата ќе се искачи до 38 степени целзиусови, поради што се  апелира до граѓаните да се заштитат од директна сончева изложеност, да избегнуваат престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, да носат светла и лесна облека. При директна изложеност на сонце […]

Системот ќе функционира кога ќе се апсат судии


Ниту еден судија или обвинител не се препознава во сè почестите изјави на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој во телевизиска емисија пак „распали“ по судиите и обвинителите оти не извлекле поука од бегството на поранешниот премиер Никола Груевски. Според Спасовски, системот не функционера поради што бизнисменот Орце Камчев и поранешниот директор на УБК, […]

Естонија го ратификува Протоколот за НАТО


Естонија- Естонија го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Естонскиот парламент едногласно без ниеден глас против вчера даде зелено светло за приклучувањето на земјава во Северноатлантската алијанса. Естонија е 17-та земја што го ратификуваше Протоколот, откако тоа минатата недела го стори и германскиот Бундестаг. Постапката за ратификација вчера почна и во Сенатот […]

Тимови на Црвениот крст од денеска ќе патролираат низ централното градско подрачје


Од денеска по два мобилни тима на Црвениот крст на Град Скопје во периодот од 11:00 до 16:00 часот ќе патролираат низ централното градско подрачје и на поголемите автобуски постојки и притоа ќе даваат совети на граѓани за заштитата од топлотнитиот бран, а доколку е потребно ќе укажат и прва помош. – Црвениот крст на […]

Холандскиот парламент блокира преговори со Албанија, но не и со Македонија


Холандија – Холандскиот парламент синоќа се изјасни против отворањето на преговорите со ЕУ за Албанија, но ја отфрли истата резолуција што се однесува на Северна Македонија. Парламентот во Холандија вчера гласаше за четири резолуции поврзани за проширувањето на ЕУ, но само таа против Албанија доби мнозинство гласови, вклучително и од владејачките партии, со 105 гласа од […]

Пратеници од германскиот Бундестаг во работна посета на земјава


Пратеници од германскиот Бундестаг денеска ќе бидат во работна посета на Собранието на Република Северна Македонија. Како што соопшти собраниската прес-служба германските пратеници ќе се сретнат со претседателот на Собранието Талат Џафери, со Владимир Ѓорчев, претседател на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија и членовите и со […]

Премиерот Заев на средба со канцеларката Меркел


Премиерот Зоран Заев денеска во рамки на дводневната посета на Германија ќе има средба со канцеларката Ангела Меркел на која една од клучните теми ќе биде токму датумот за старт на преговорите со ЕУ што треба да биде утврден и на претстојниот самит на лидерите на земјите членки на Унијата на 20 и 21 јуни […]

Привремен режим на сообраќајот на булеварот „Партизански одреди“


Поради изведба на градежни работи за реконструкција на коловозот на булеварот „Партизански одреди“, на потегот од булеварот „8.Септември“ до мостот „Обединети нации“, од денеска ќе биде воведен привремен режим на сообраќајот. Привремениот сообраќаен режим ќе се воведува во неколку фази. Во првата фаза ќе биде затворена крајната десна сообраќајна лента на булеварот „Партизански одреди“, на […]

Промовирана книгата „Албанците од Македонија и иднината на државата“ од Махи Несими


Книгата „Албанците од Македонија и иднината на државата“ од авторот Махи Несими беше промовирана денеска на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Оваа е петта книга на авторот, инаку поранешен новинар, политичар и амбасадор во Хрватска. -Ние Албанците во Македонија направивме многу малку за да оставиме пишани документи за важни настани од нашата историја овде. […]