Бугарија се откажа од номинацијата на Камчев за почесен конзул


Орце Камчев од неодамна е на црната листа на САД

Бугарија се премисли. Нема да го номинира бизнисменот Орце Камчев, осомничен во случајот „Империја“ и сведок во аферата со рекетот, за почесен конзул во Македонија.

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов во интервју за Канал 5, вели дека ваквата одлука ја донеле по реакциите во македонската јавност и противењето на владата.

Минатата година Камчев беше номиниран за бугарски почесен конзул, со аргумент дека тој е човек кој економски е многу влијателен, има свој авторитет во Македонија.