Жерновски: Од национализам преминавме кон интернационализам


Заменик-министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Андреј Жерновски, оствари средба со Делегација на Одборот за европски работи на Саборот на Република Хрватска, предводена од претседателот на Одборот, Домагој Милошевиќ, на која беа реафирмирани  одличните и пријателски  билатерални односи меѓу двете држави,  како темел за натамошна успешна соработка во сите сфери од заемен интерес. Жерновски, […]

АРМ вработува нови 125 професионални војници


Министерството за одбрана денеска објави Јавен оглас за прием на нови 125 професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија за работа на определено работно време со договор за вработување во времетраење од три години со можност за негово продолжување повеќе пати, но најмногу до навршување на 45 години возраст. Условите за пријавување […]

Пендаровски-Ангелов: Односите меѓу Северна Македонија и Бугарија бележат позитивен тренд во политичките и економските односи


Односите меѓу Северна Македонија и Бугарија бележат континуиран позитивен тренд, како во политичките, така и во економските односи меѓу двете држави. Ова било нагласено на денешната средба на претседателот Стево Пендаровски со бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов. Пендаровски, како што информираат од Кабинетот, истакнал дека Република Северна Македонија високо ја цени силната и недвосмислена поддршка од […]

Заев: Сите „бомби“ се предадени во СЈО


Сите „бомби“ стопроцентно се предадени во Специјалното јавно обвинителство, изјави премиерот Зоран Заев, прашан дали може да гарантира дека бомбите не се излезени од СДСМ. Посочи дека „бомбите“ во најголем дел се однесувале на опозицијата, граѓанскиот сектор, бизнисмените, верските заедници и другите чинители, како и за тогашната власт. – Очекувам истражните органи да откријат од каде […]

Дуалното образование од експериментален ќе стане системски концепт


Дуалното образование треба да ја усогласи големата разлика што сега постои меѓу кадарот на располагање и реалната потреба на економијата. Во соработка со компании тоа веќе постои како експериментален проект во средни училишта во пет општини (Скопје, Кавадарци, Прилеп, Велес и Охрид) и опфаќа околу 200 ученици, но идејата на Владата е да стане системски […]

Заев е оптимист за добивање датум


Премиерот Зоран Заев смета дека земјава е светол пример во регионот, дека има големи постигнувања во сферата на реформите, оти нема незатворени прашања со соседите и дека е општимист оти ќе го добиеме датумот за почеток на преговори кој долго го чекаме и го заслужуваме. Ако има индиции дека е можно добивање датум ќе продолжат […]

Преку заштита на животната средина до грантови за „зелени“ технологии


По повод Денот на животната средина денеска во Скопје се одржува Саем за енергетска ефикасност, каде се презентираат различни солуции за воведување енергетска ефикасност во домовите. На саемот, што се одржува на тема „Аерозагадувањето и мерки за зголемување на квалитетот на воздухот“, учесниците ги претставуваат своите современи решенија за енергетски ефикасна изолација на објектите, прозорци, сончеви колектори, […]

Протоколот за НАТО во германскиот Бундестаг


Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО денеска е на дневен ред во германскиот Бундестаг, откако вчера го ратификуваше Норвешка, како 15-та земја досега со што половина од членките на Алијансата дадоа зелено светло за официјализирање на приемот на земјата во најголемиот воено-политички сојуз. По дебатата за влезот на земјава во НАТО, германските пратеници […]

СЈО се дообјаснува: „Бомбите“ на Ел Чека не се од кај нас


Специјалното јавно обвинителство во врска со написите објавени во дел од медиумите и различните толкувања на вчерашната изјава на специјалната јавна обвинителка денеска преку соопштение нагласува дека новообјавените разговори на Фејсбук профилот со псевдоним „Ел Чека“ не потекнуваат од СЈО. – Во оваа смисла, ја уверуваме јавноста дека сите аудио материјали со кои располага ова […]

Хоџа: Владата нема да го коментира објавувањето на бомбите од страна на „Ел Чека“


Владата останува на ставот на МВР што го изнесе пред неколку дена во врска со објавувањето на последните „бомби“, изјави денеска владиниот портпарол Мухамед Хоџа. Тој одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во врска со објавување прислушувани разговори на фејсбук истакна дека Владата нема да го коментира тоа што се случува последно време со […]

Следува период на значително потопло време


Под влијание на топла воздушна маса од југ од утре следува период на значително потопло време. Локално во попладневните часови ќе има краткотраен пороен дожд проследен со грмежи и услови за изолирана појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температурата утре ќе се движи од 10 во Берово до 16 во Гевгелија, додека […]

Еден ден можеби некој од вас ќе ја претставува земјата во ЕУ, им порача Османи на студентите во Брисел


Вашите ментори сметаат дека сте вие најдоброто од Северна Македонија и се надевам дека таа доверба ќе ја оправдате, а впечатоците и искуството што ќе ги соберете од посетата ќе бидат поттик за вас да продолжите да се едуцирате и во иднина директно ќе вклучите во процесот на европска трансформација на земјата, им порача денеска […]

Хоџа: Продолжуваат консултациите за смените на министри и функционери


Владиниот портпарол Мухамед Хоџа вели дека разговорите помеѓу премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и останатите политички партии кои ја сочинуваат Владата ги продолжуваат разговорите во врска со најавената реконструкција, односно смена на функционери и министри. Очекува разговорите да завршат наредните денови по што, како што рече, ќе се знае нивната одлука. -Консултатциите и […]

Градежниот отпад во контејнерите може да ги оштети машините на комуналните возила


Во општината Ѓорче Петров, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје регистрираа големо количество неправилно одложен градежен отпад во контејнерите поставени на улицата Црвена армија, во близина на стадионот. Градежниот отпад може трајно да ги оштети садовите и специјалните комунални возила и на тој начин да предизвика финансиска штета за Претпријатието, но и сериозни проблеми при […]

Компаниите од енергетскиот сектор ќе доставуваат податоци на месечно ниво до РКЕ


Компаниите од енергетскиот сектор кои имаат лиценци издадени од Регулаторната комисија за енергетика ќе доставуваат податоци на месечно ниво до регулаторот. Податоците, како што денеска изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, ќе се доставуваат на посебна веб апликација изработена во соработка со Електротехничкиот факултет во Скопје. – На овој начин ќе добиваме редовно податоци од […]

ЕУ и Западен Балкан – време за нов почеток


Политиката на проширување е во ќорсокак, пишува виенскиот дневен весник „Пресе“, наведувајќи дека алтернатива може да биде формирање Балканска Унија по примерот на ЕУ. – Ако успеат во тоа, земјите од регионот можат заедно да се приклучат кон ЕУ, додава весникот. Станува збор за предлогот за редефинирање на односите меѓу ЕУ и Западен Балкан. – ЕУ […]

Македонските и бугарските историчари на состанок во Скопје – овој пат фокусот е на антиката


Антиката и начинот на кој таа е прикажана во учебниците за петто одделение во Бугарија и за шесто во Северна Македонија ќе бидат во фокусот на состанокот на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија, кој денеска и утре се одржува во Скопје. Целта на состаноците, како што велат од Комисијата е да се изврши денационализација и деполитизација […]

Заев би трампал Нобелова награда за датум


Премиерот Зоран Заев во интервју за белгискиот весник „Ле Соар“, насловено „Заев: Зелено светло или оставка“, уште еднаш ги повика земјите членки на ЕУ да преземат одговорност и да испорачаат датум за преговори со Северна Македонија. Во разговорот, премиерот Заев објаснува дека во случај да не се додели датумот за преговори, тој ќе биде обвинет […]

Ќе нема помалку часови за учениците, но ќе бидат помалку ученици во паралелка


Од новата учебна година нема да има намалување на бројот на часови бидејќи сегашната состојба покажува дека учениците до 14 години имаат над 900 часа помалку од нивните врсници од земјите на ОЕЦД, поради што ќе им се даде можност да се вклучат во поголем број практични активности. Во саботите нема да се одработува пропуштената […]

Попладневна дружба „Почни со Водно“


Планинарското друштво „I love hiking“ по повод седмиот роденден, попладне организира прошетка и дружба „Почни со Водно“. Збирното место е пред основното училиште „Кочо Рацин“. На настанот е предвидено да се придружат и велосипедисти, а на Водно дружбата ќе продолжи со ди-џеј Метс. Од друштвото предупредуваат да се почитуваат правилата и насоките на организаторот и […]