Нема подолги задржувања на ГП Табановце

Нема подолги задржувања за влез и излез од државава на граничниот премин Табановце.

– За излез од државава нема задржувања, а за влез се чека од десет до петнаесет минути, соопштија од ГП Табановце.

Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е зголемен.