Димитров и Поповски на Меѓународна конференција за слобода на медиумите во Лондон


Делегацијата на Владата предводена од министерот за надворешни работи, Никола Димитров и министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски на покана на Владата на Обединетото Кралство, на 10 и 11 јули 2019 година, ќе престојува во работна посета на Лондон. Министрите Димитров и Поповски ќе учествуваат на дводневната Меѓународна конференција за слобода на […]

Променливо облачно, со пороен дожд


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, град и пообилни врнежи (над 30л/м2). Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 24 до 31 степен. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје, […]

Шеги што не ја насмеаја „Илинденска“


Жртва сум на измама на добро организирана структура што работи против земји со евроатлантски аспирации. Оставка не поднесувам, нема вина ниту во мојот тим. Наседнав на измамници, но ги застапував интересите на земјата. Делот со наводното мито за вселенскиот патријарх Вартоломеј е изваден од контекст. Доколку некоја од земјите или политичарите што се спомнати во […]

Јанакиески се пожалил на болки и итно е пренесен во 8-ми септември


Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски поради силни болки од затворот во Шутка бил однесен во ГОБ 8-ми септември. Директорот на билницата за „Сител“ потврди дека Јанакиевски вечерва околу 19 часот бил примен во Ургентниот центар со болка во бубрезите. Јанакиевски бил прегледан од страна на дежурните лекари, по што му дале терапија […]

Земјотрес направил пукнатина на површината на Земјата видлива од вселената


По земјотресот со јачина од 7,1 степен кој во петокот ја погоди Калифорнија, настана огромна пукнатина на површината од Земјата. Станува збор за вториот силен потрес кој го погоди тоа подрачје за 48 часа. Епицентарот на потресот беше во близина на градот Риџкрест, околу 240 километри североисточно од Лос Анџелес. Во тој град забележана е […]

Американската амбасадорка Брнз пристигна во земјава


Новоименуваната амбасадорка на САД во земјава Кејт Брнз, денеска пристигна во земјава и го имаше нејзиниот прв работен ден во канцеларијата, објави американската Амбасада на официјалниот фејсбук профил. – Амбасадорката Брнз оваа недела ќе му ги претстави своите препораки на претседателот Пендаровски, стои во објавата. Брнз на нејзиниот прв ден во канцеларијата пристигнала со нејзиниот […]

Собранието остана без еден потпретседател


Собранието на Република Северна Македонија на денешната 104. седница ја констатираше оставката на потпретседателот и пратеник од НДП Весел Мемеди. Во личното обраќање до пратениците Мемеди ја обраложи оставката и кажа дека оваа одлука не се должи на негова моментална реакција по реконструкцијата на Владата, туку дека за тоа има многу подлабоки причини. Мемеди ги критикуваше сега веќе поранешните […]

Коко се враќа во скопската зоолошка


Шимпанзото Коко кој 10 години беше на ресоцијализација во Холандија, деновиве повторно ќе се врати во зоолошката градина во Скопје. „Во 2009 година, Коко беше единствено шимпанзо во Скопје Зоо, во тинејџерски години кога најмногу му треба друштво и љубов. Поради тоа што покажуваше знаци на анксиозност, но и поради несоодветното живеалиште, Зоолошка градина Скопје, […]

Амбасада на Русија: Не коментираме шеги на комичари


Амбасадата на Руската федерација во Скопје не сака да го коментира разговорот на руските комичари Владимир Кузенцов и Алексеј Столаров со премиерот Зоран Заев, кој наседна на нивната измама и помисли оти од другата страна на линијата се довчерашниот украински претседател Петар Порошенко и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. „Амбасадата не коментира активности на […]

Владата донела 14 одлуки за разрешувања, се разгледуваат уште најмалку десет


Донесени се 14 одлуки за разрешувања од функции рамки на реконструкцијата, а уште најмалку десет треба да се донесат, соопшти премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција. – Не е само да се разрешува, туку треба и да се разговара со потенцијални кандидати дали се нафаќаат на функцијата. Кога ќе ги завршиме […]

Арта Точи од Алијансата на Албанците нова пратеничка на местото на Мемеди


Арта Точи од Алијансата за Албанците ќе биде нов пратеник во Собранието на Република Северна Македонија на местото на Весел Мемеди од НДП, чија оставка беше констатирана на денешното пленарно заседание. Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница ќе го потврди мандатот на Точи како нова пратеничка. Точи беше на листата на тогашната коалиција на […]

Заев: Жал ми е што порано не сфатив дека сум измамен


Премиерот Зоран Заев рече дека нема да понесе одговорност тој или некој од неговите советници и луѓе од протоколот за тоа што телефонски зборувал наводно со Порошенко и со Столтенберг, бидејќи не е нанесена штета на интересот на државата, не открил државна тајна или безбедносно сензитивни информации, и затоа што тоа им се случило и […]

Собранието остана без еден потпретседател, констатирана оставката на Мемеди


Собранието на Република Северна Македонија на денешната 104. седница ја констатираше оставката на потпретседателот и пратеник од НДП Весел Мемеди. Во личното обраќање до пратениците Мемеди ја образложи оставката и кажа дека оваа одлука не се должи на негова моментална реакција по реконструкцијата на Владата, туку дека за тоа има многу подлабоки причини. Мемеди ги […]

Мицкоски очекувал Заев да даде оставка по аудио-снимката со руските комичари


  Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски очекувал покрај извинување, премиерот Зоран Заев да си поднесе и оставка по аудио-снимките во кои Заев разговара со руски комичари, а кои вчера беа пласирани во јавноста. „Мислам дека единственото извинување што требаше господинот Заев денеска да го каже во неговата прес конференција требаше да биде содржано во […]

Шест нови хибридни автомобили за градската администрација


Град Скопје за потребите на градската администрација набави шест нови хибридни автомобили од марката „тојота јарис“ во вкупен износ од 6,3 милиони денари со вклучен ДДВ. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов на денешната прес-конференција соопшти дека со тоа се обновува застарениот возен парк на градската администрација. – Последната набавка на возила била изведена во 2012 година […]

Мијалков не разбрал – мисли дека се прислушувале 20.000 таргети


  Мачно и тешко му одеше на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, да му ги постави вистинските и соодветните прашања на инженерот од УБК, Сашо Трајковски, кој сведочи за случајот „Таргет – Тврдина“, односно за масовното прислушување. Судечкиот совет, во кои се судиите Џанета Бегтовиќ и Владимир Туфегџиќ, постојано го опоменуваа да ги преформулира […]

Руските пранкери Вован и Лексус: Комичари или службеници на Кремљ


Руските комичари Владимир Кузнецов – Вован и Алексеј Столјаров – Лексус станаа познати во глобални рамки преку аудио снимките од телефонски разговори со познати личности, пред се политичари, на кои им се јавувале претставувајќи се како шефови на држави или влади и први луѓе на меѓународни организации. На „местенките“ на Вован и Лексус, чија жртва […]

Шилегов: Тротинетот го користам одвреме-навреме, тоа е безбедно превозно средство


Градот Скопје ќе продолжи со субвенции за еколошки возила, како што беше последното за електрични тротинети, а градоначалникот ги охрабрува да го возат ова превозно средство затоа што било многу безбедно. „Тротинетот ми е тука паркиран во влезот на канцелариите. Го користам одвреме-навреме и ќе продолжиме со таквите акции, а понатаму ќе обезбедиме тротинети и […]

Заев: Разговорите се од добро организирани структури


Објавеното видео со телефонски разговори е дело на структури кои имаат анти-НАТО интереси, кои сакаат да нанесат директна штета на нашата стратешка определба за членство во Алијансата, изјави денеска на прес-конференција во Владата премиерот Зоран Заев. Во дел од разговорите кои се објавени, како што нагласи, се вршени интервенции и се вадени од контекст како […]

СДСМ на теренска рехабилитација


Денеска е четврти ден откако членови на раководството на владејачкиот СДСМ почнаа повторно да ја крстарат државата, во рамки на новото „работно политичко лето“ што го најави новиот генерален секретар на партијата Љупчо Николовски. Тој рече дека тимови на СДСМ, на централно и локално ниво, придружувани од партиски носители на функции, советници, градоначалници, директори… ќе […]