Сончево и топло до 39 степени
Во Скопје, сончево и топло со слаб североисточен ветер. Температурата ќе достигне до 37 степени.
До недела ќе се задржи стабилно и топло време. Зголемување на облачноста ќе има во петок и сабота а од недела попладне и во наредните денови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.