Градинката „Буба Мара“ со нови дворни површини

Стручниот и воспитниот тим на детската градинка „Буба Мара“ во скопската населба Ново Лисиче летово ги уредија дворните површини на објектите за успешен почеток на новата учебната година.

Во уредувањето на дворните површини свој придонес даде и Општина Аеродром со донација на дрвја, кои беа насадени во дворот на објектот „Сонце“ во Реонски центар – Аеродром и реконструкција на плочникот во истиот објект.

– Општината донираше и клупи и канти за отпадоци на градинката. Преку игрите децата ги развиваат своите потенцијали, вештини и можности, кои влијаат врз нивниот целокупен раст и развој, велат од Општина Аеродром.