Гневот врз премиерот, ДУИ без гребнатинка


Веројатно, свесен за ризикот што го презема, премиерот Зоран Заев реши да се коцка прифаќајќи го во ротација во својот владин состав незаменливиот Садула Дураки, за премиерен министер во новото министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Секако, на предлог на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој како намерно да го турка премиерот на […]

Трајко Димков и Артан Груби ќе учествуваат во Комисијата за избор на работници од УБК


–Трајко Димков и Артан Груби се двајцата пратеници кои ќе учествуваат во работата на Комисијата за селекција и избор на работници од Управата за безбедност и контраразузнавање формирана од Владата на Република Северна Македонија. Денеска Комисијата за надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање ги избра овие членови кои, како што рече, претседателот […]

Поднесено обвинение за „Ел Чека“


Основното јавно обвинителство Кичево поднесе Обвинителен предлог против лице кое сторило продолжено кривично дело – Неовластено прислушкување и тонско снимање по член 151 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот при крајот на месец мај оваа година, од профил на една социјална мрежа, претставувајќи се како „El Cheka” објавил повеќе тонски […]

Петар Атанасов си замина – не верувал дека ќе се промени образованието


Заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов поднесе оставка од функцијата. Преку јавно писмо на Фејсбук, обраќајќи се до премиерот Зоран Заев, објави дека оставката ја поднесува оти промените во образованието што ги навестиле не ги оствариле, дека се далеку од потребите на системот и не се менува севкупните состојби, а за ова знаел и […]

Финансиската полиција спроведува акција во Љуботен поради шверц


Управата за финансиска полиција во координација со Министерството за внатрешни работи спроведува акција во скопското село Љуботен, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела, криумчарење со акцизна стока и царинска измама. Неколку медиуми објавија дека станува збор за акција за сузбивање на шверц на тутун. Од Управата за финансиска полиција наведуваат дека во […]

Јанкулоска се спаси исто како Бучковски?


Пред конечната пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски, една од главните претпоставки беше дека во последен момент, Врховниот суд ќе го спаси, но списите на предметот „Тенк“ не стигнаа до највисокиот суд, а поранешниот премиер избега во Будимпешта каде што доби азил. Откако поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска беше правосилно осудена на четири […]

Граѓаните во Љуботен револтирани го изнесоа тутунот


По големата полициска акција што се спроведува од утрово во селото Љуботен, селаните револтирани го изнесоа тутунот надвор и велат ако имаат друга работа, нема да работат тутун. „Нека ме вработи, јас нема да ја работам ова работа, влегуваат како сакаат, никој не реагира. Доаѓат, бараат гласови на избори и бегаат“, вели еден граѓанин. „Никој […]

Голема полициска акција во Љуботен – граѓаните исплашени


Во село Љуботен од утрово се спроведува голема полициска акција. Целото село е блокирано, а многу куќи од 5 часот наутро се претресени. Како што информираат граѓаните за „Независен весник“ акцијата се спроведува заради тутунот што го обработуваат. Тие велат дека тоа им е единствена егзистенција и со пот се обидуваат да ги нахранат нивните […]

(ФОТО)/(ВИДЕО) Европскиот шампион, Бесир Алили пречекан од голем број граѓани на плоштадот „Скендербег“


Oпштина Чаир и боречкиот клуб „Лирија“ вечерва во Скопје организираа свечен пречек за европскиот кадетски шампион во борење, Бесир Алили. Алили беше пречекан од голем број граѓани на плоштадот „Скендербег“, а пред насобраните граѓани се обратија и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу и на град Скопје, Петре Шилегов. Во текот на утрешниот ден Бесир Алили […]

Таткото на Ел Чека: Еролд Муслиу бил вмешан во случајот Куманово


Tаткото на Ел Чека, Мустафа Ахмеди за ТВ21 вели дека синоќа дојде од Албанија во Македонија за да покаже дека не постои ништо лично помеѓу Ел Чека и претседателот на ДУИ! Мустафа Ахмеди истакна дека прислушуваните материјали на неговиот син, Ел Чека се исти како што објави во 2015 година Зоран Заев и кои ги […]

Пендаровски – Маас: Потврдена силната поддршка од Германија за европската интеграција на Република Северна Македонија


Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Сојузна Република Германија, денеска се сретна со германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас. На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија, при што било констатирано дека […]

(ВИДЕО) Бесир Алили пречекан со зурли и тапани на Табановце


Eвропскиот шампион во борење за кадети, Бесир Алили во граничниот премин Табановце е пречекан од голем број граѓани по неговото пристигнување од Фиренца, Италија, каде што освои златен медал. “Се надевам дека ќе го постигнеме најдобриот резултат на Олимпијадата”, рече Алили. Бесир Алили заедно со група навивачи со панорамскиот автобус на ЈСП патува кон плаштадот […]

Пендаровски: Потребен ни е политички дијалог и помирување дома


Потребен ни е политички дијалог и потребно ни е помирување дома, без разлика на политичките интереси на различните партии, за големите прашања кои се од стратешки интерес за земјата, на долг рок мораме да имаме консензус доколку сакаме нашето општество да просперира, младите да не се иселуваат и да имаме стабилност и развој. Треба да […]

Османи: Дураки е носител на институционалната и политичка меморија на ДУИ


Од петте министри во новиот владин состав четворица се млади кадри под 40 години сите образовани во европските држави. Садула Дураки е искусен политичар. Гледајќи го овој состав се гледа дека ДУИ прави интересен мозаик на искуство и млада енергија што испорачува резултати, изјави денеска вицепремирот за европски прашања Бујар Османи. Прашан кои се главните […]

Скопските дрвја во синџири – порака на граѓаните за слобода на зеленило


Граѓаните денеска со акција во Градскиот парк во Скопје, симболично доцртувајќи ги забетонираните корења на дрвјата, со синџири и пораки за слобода на зеленилото, ги повикаа надлежните градски и општински власти да го отстранат бетонот со кој се задушени корењата на повеќе од 1.000 дрвја во Скопје, но и низ останатите градови во државата. Од […]

Сијарто: Присуството на Груевски во Унгарија е правно прашање


Присуството на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија го гледам како правно прашање и тоа нема никаква врска со надворешната политика на нашата земја, изјави унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто на денешната прес-конференција со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи. Сијарто посочи дека и Груевски многу се залага за пристапувањето […]

Скопје зафатено од големо невреме, УХМР издаде вонредно предупредување


Големо невреме со дожд и силен ветер и грмежи во моментов има во скопско Лисиче, Аеродром и Кисела Вода. Невремето се приближува кон Центар и Карпош. Според УХМР истокот и југоистокот на Скопје е зафатено од нестабилност проследено со пороен дожд и грмежи. Од таму имаат издадено вонредно предупредување во кое се вели дека денеска […]

Крстосницата кај „Усје“ утре ќе биде затворена за сообраќај поради протест


Крстосницата на булеварите „Борис Трајковски” со „Србија”  утре од 7 часот ќе биде затворен за сообраќај поради протест. Како што соопшти МВР, поради најавен протест на група граѓани со блокирање нa крстосница, сообраќајот ќе биде пренасочен по локален пат кон Горно Лисиче, булеварот „12-та Македонска Бригада”, булеварот „Трета Македонска бригада” и улицата “Народни херои”. Од […]

Бучавата станува сериозен проблем – никој не се справува со неа


Вознемиреност, нарушување на спиењето, кардиоваскуларни болести, пречки во говорната комуникација, а кај децата нарушувања на интелектуалните функции, како што се намалена меморија, намалено внимание, учење. Тоа се последиците што може да ги предизвика зголеменото ниво на бучава. За сите овие наоди постојат силни научни докази, но сепак, во Скопје, Тетово, Куманово и во Битола измерени […]

Сијарто: Одложувањето на почетокот на пристапните преговори беше многу нефер за вашата земја


Одложувањето на почетокот на пристапните преговори беше многу нефер за вашата земја, бидејќи сите знаеа за врменеската рамка и имаше доволно време сите да се подготват. Аргументиот за недостиг на време според мене е смешен, бидејќи вие сте земја кандидат 14 години и тоа е доволно време, изјави министерот за надворешни работи и трговија на […]