Лиле Стефанова не е уапсена


Апелираме до сите медиуми да не се објавуваат било какви информации, без претходно да бидат проверени, велат од СЈО. Категорично ги демантираме написите на некои медиуми во кои се тврди дека обвинителката Лиле Стефанова е уапсена вчера, велат од Специјалното јавно обвинителство. „Воедно апелираме до сите медиуми да не се објавуваат било какви информации, без […]

Џафери: Законот за СЈО може да биде донесен и во август


Новата амбасадорка на САД Кејт Брнс на претпладневната средба со спикерот Талат Џафери се интересирала дали новиот Закон за јавно обвинителство може да биде донесен до 15 септември. На брифинг со новинари веднаш по средбата со амбасадорката, Џафери соопшти дека новиот закон, со кој се решава статусот на СЈО може, да биде донесен и до […]

Пронајден и вториот телефон на Катица Јанева


Пронајден и одземен е и вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, за кој се тврдеше дека е изгубен. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, соопшти дека телефонот по кој се трагаше е пронајден во текот на вчерашниот ден и ќе биде даден на вештачење. – По издавање на […]

ДУИ ја бара и Банката за поддршка на развојот


ДУИ предложи шест имиња за директори откако претседателот на Владата, Зоран Заев, минатата недела објави дека ќе бидат разрешени директори, членови на Управни и на Надзорни одбори.  Како што објави телевизија „Алсат“, за Македонски железници- инфраструктура предложен е Фестим Халили, за Бирото за јавни набавки Елвадина Дика, за Агенцијата за странски инвестиции Арбен Вила, за […]

Ветингот во МВР на владина седница


Владата на денешната седница треба да ја разгледа Информацијата во врска со потребата од спроведување процес на проверка (ветинг) на вработените во Министерството за внатрешни работи. Ветингот во МВР, како што повеќепати најави министерот Оливер Спасовски, е потребен за да се зацврсти интегритетот на полицајците и нивната отпорност кон какви било влијанија кои се спротивни […]

Владата денеска дава зелено светло за новиот закон за ЈО


Владата на денешната седница на предлог на Министерството за правда ќе ги разгледа Предлог – законот за јавното обвинителство, како и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија. Новиот закон за јавното обвинителство предвидува интегрирањето на Специјалното јавно обвинителство и Јавното обвинителство за гонење […]

Заев: Добрососедството продолжува, нема враќање назад


Договорот за пријателство и добрососедство донесе многу позитивни придобивки за Северна Макеоднија и за Бугарија и стави крај на еден систем кој ги труеше односите меѓу двете земји. Историските факти во врска нашата заедничка историја се јасни и од тоа нема бегање. Комисијата треба да си ја заврши работата за што има поддршка од мене […]

Мицкоски не одговара кога му ѕвони Пендаровски


Образложението на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека сега не е време за средба не го обесхрабри шефот на државата Стево Пендаровски. Тој најави вчера дека ќе продолжи да ги бара политичките актери со кои досега не успеал да оствари контакт и дека тоа ќе го прави до крајот на мандатот, затоа што, како што […]

Ќе оди ли Русковска курбан за законот?


Законот за обвинителство, кој во петокот го предложи премиерот Зоран Заев, денеска влегува во собраниска процедура. Власта ќе се обиде да стигне до двотретинско мнозинство за да ги протурка измените, со кои СЈО станува дел од новоформираното обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција со надлежност на цела територија на земјата и гаранции за […]

Обвинителите досега не сведочеле за шефицата


Ниту еден обвинител од Специјалното јавно обвинителство засега не бил повикан во Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупција да даде исказ за скандалот во кој е вмешана нивната шефица, специјалната јавна обвинителка во оставка Катица Јанева. Официјално, од Обвинителството велат дека до овој момент обвинителите немаат дадено исказ, но меѓу двете обвинителства имало […]

Американската амбасадорка Брнс во посета на Собранието


Новоименуваната амбасадорка на САД во земјава Кејт Мери Брнс денеска ќе го посети Собранието на Република Северна Македонија каде ќе има средба со спикерот Талат Џафери. Покрај тоа, Џафери денеска во законодавниот дом ќе одржи неформална средба со претставници на медиумите, на која се разговара за тековните и идните активности на Собранието.

Заев: Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита


Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил објави дека многу често и подолго време јавно говори за злоупотребата на историјата во политички цели и оти поранешната власт преку обидот за антиквизација успеа да ја скара земјава со сите соседи и цела деценија да ја држат во изолација. – Јас многу често и подолго време јавно […]

Јанковиќ: Земјата е на добар пат со реформите, наскоро ќе бидете 30-та членка на НАТО


Процесот на пристапување на Република Северна Македонија во НАТО се одвива многу брзо. Разговорите за пристапување веќе се успешно завршени. За само неколку месеци околу 20 земји го ратификуваа Протоколот за пристапување, додека некои од останатите најавија дека ќе го направат тоа наскоро. Се надеваме дека процесот ќе биде завршен до состанокот на лидерите на […]

Шилегов во „Веро Џамбо“ скенираше фискална сметка


Во трговскиот центар „Веро Џамбо“ во Скопје денеска се отвори штанд на проектот „Мој ДДВ“, преку кој на граѓаните им се враќа 15 отсто од пресметаниот ДДВ, на кој  фискална сметка скенираше и градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов. – Задоволство ми е да се приклучам во промоцијата на проектот „Мој ДДВ“ кој бележи одлични […]

Јанкулоски: Моделот на дисперзија на третманот на зависности да продолжи во повеќе општини


Начелно постигнат е консензус и согласност дека процесот на дисперзија на програмата за третман и превенција на зависности од дневниот Центар во Кисела Вода, во поликлиниките во Аеродром, Ченто, Бардовци и во болницата „8 Септември“, треба да продолжи на територијата на цело Скопје, изјави за МИА, Христијан Јанкулоски, долгогодишен експерт за политика за дроги, кој […]

Георгиевски: ВМРО-ДПМНЕ го блокира ребалансот на буџетот на Општина Гази Баба


Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски на прес-конференција појасни дека развојните планови на општината се закочени поради тоа што еден месец не може да се донесе ребаланс на буџетот, поради опструкции од советниците на мнозинството. „Повеќето проекти кои што ги ветивме, се започнати, а дел се во завршна фаза“, рече Георгиевски, но не можат […]

ЗНМ: Наредните денови Димовски ќе ја свика седницата за избор на членови во АВМУ и МРТ


Преставници на Здружението на новинари на Македонија денеска имаа средба со претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања Илија Димовски, со кој било договорено во наредните денови да ја закаже седницата на оваа Комисија, со што, како што велат од ЗНМ, ќе се отпочне постапката за избори на лицата во овие совети како предуслов […]

Во завршна фаза е изградбата на новиот „pumptrack” полигон


Во завршна фаза е изградбата на новиот pumptrack полигон што Градот Скопје го гради на површината пред Олимпискиот базен „Центар”. Новиот pumptrack полигон е со вкупна површина од 1.690 квадратни метри и е поделен на два дела – детски полигон со површина од 290 квадратни метри и полигон за возрасни со површина од 1.400 квадрати. […]

За итни случаи од странство ѕвонете во Глобал СОС


Глобал СОС е новиот контакт центар за итни случаи преку кој граѓаните на Македонија кои се наоѓаат надвор од државата ќе може директно да се обратат за која било итна ситуација, а кој директно ќе им помогне или ќе ги поврзе со соодветната институција или конзуларен службеник кој ќе може да им ја обезбеди итната […]

Обвинителството го доби вештачењето за телефонот, нема сознанија каде е Јанева


Во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција стигнал извештајот од вештачењето на телефонот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева што и беше одземен во врска со истрагата за случајот „Рекет“, потврдија за МИА од Обвинителството. – Вештачењето на мобилниот телефон е завршено. Но, со цел да не се попречи на натамошното водење на истражната […]