Алтернатива ја поддржува иницијативата за прогласување на Шар Планина за Национален парк


Алтернатива – ОК Тетово ја поддржува иницијативата за прогласувањето на Националниот парк „Шар Планина“, но притоа сугерира граничниот појас на Националниот парк да остане над населените места, како и над областите кои се користат за пасење на добиток, за да не се оштети Националниот парк, а воедно да им се овозможи на овчарите пасење на својот добиток, за да не се појават негативни последици и врз развојот на сточарската економија во тие села.

Исто така, од партијата бараат да се заштитат и вклучат во Националниот парк и подземните и копнените богатства, како што се дрвјата (забрана за сечење на дрјва), минералите, водните ресурси, потоците, водоводните линии, инфраструктурата на терените за скијање, како и зоните за туристички лов.

Алтернатива – ОК Тетово ќе бара во Националниот парк „Шар Планина“ да бидат неутрализирани и мини-хидроцентралите, кои се потенцијални за уривање на природните еко-системи, а воедно ќе бараме отстранување на турбините низ кои поминува водата за потрошувачка на Тетово, бидејќи таквата вода е загадена со негативни електролити од металните компоненти на турбините, кои се движат со водата за пиење.