И Зоки Кичеец пренесен во болница


По Боки 13-ка и Зоки Кичеец ги посети хируршките клиники, јавува Телма. Попладнево Зоран Милевски од затворот во Шутка бил спроведен на клиниката за дигестивна хирургија каде по прегледот бил вратен во притвор. На барање на затворскиот доктор бил одобрен преглед на Милевски но не откриваат какви здравствени проблеми има осомничениот од аферата Рекет ниту […]

1ТВ денеска се враќа на екраните, вечерашен уредник Сашо Орданоски


По куса пауза 1ТВ вечерва во 20 часот повторно ќе се врати со информативно издание, соопштија на нивната вебстраница. „По куса пауза, информативната редакција на 1ТВ во согласност со зацртаните програмски определби продолжува со вести и информативни содржини. Уредници на Централниот дневник на 1ТВ вечерва во 20 часот се Александар Петрески и Сашо Орданоски. Во […]

Новиот Клинички центар за седум години


Изградбата на новиот Универзитетски клинички центар во Општина Ѓорче Петров ќе стартува на почетокот на следната година, ќе биде завршен за седум години, а целиот проект ќе чини 500 милиони евра. Парите  ќе се обезбедат со кредит од комерцијалните банките „Ерсте груп“, „Рајфајзен банк“ и „Уникредит“, кои доставиле најдобра понуда, информира денеска министерот за здравство […]

Параглајдерист падна врз возило во Љубаништа


На 30-ти јули 2019 година, во 15:34 часот, во СВР Охрид било пријавено дека во охридското село Љубаништа паднал параглајдерист, јавува Охрид прес. – Од страна на полициски службеници од СВР Охрид излезено е на местото на настанот и констатирано е дека во 15:20 часот, при слетување на плажата со параглајдер, 57-годишниот Д.J.Р. од САД, […]

Богоев: Нема никаков правен акт за изградба на дом за возрасни лица во Карпош


Во Општина Карпош немало, а нема ниту во моментот, ниту предмет, ниту одобрение, ниту решение, ниту каков било друг правен акт што се однесува на дом за возрасни лица. Такво нешто во Општина Карпош не постои, одговори градоначалникот Стефан Богоев на новинарско прашање дали од невладината организација Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски поднела барање за […]

Спасовски очекува успешен „ветинг“, не посакува полицајците да бидат бркани од работа


Во Министерството за внатрешни работи паралелно ќе се спроведуваат два процеси, едниот е „ветингот“ – проверка на личниот интегритет, имотната состојба и образованието на секој полициски службеник, а другиот имплементација на препораките од ГРЕКО. Тој потсети дека до 20 август годинава треба да се формира посебна група што ќе ја врши проверката и ќе изготви […]

Заев: Груевски најмногу би помогнал ако се врати да си ја отслужи казната


Средба на лидери на политички партии од десницата која може да приденесе за зацврстување на македонско-унраското пријателство. Вака премиерот Зоран Заев ја оцени вчерашната средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта. – Ова за мене е многу логично. Се работи за двајца претседатели на политички партии од десницата. […]

Спасовски апелира да не се користи огнено оружје на семејни веселби


  Синоќа за жал имаме двајца повредени на семејна веселба. Знам дека присуствувал и еден пратеник на таа семејна веселба, но сите факти и аргументи од увидот што се вршеше ноќеска ќе бидат систематизирани и врз основа на тоа ќе биде дадено до Јавното обвинителство, со цел да се расчисти случајот, изјави денеска министерот за […]

Нефи Усеини ги боксува институциите – тие чекаат партиски амин!


„Охридскиот бисер“ на ДУИ, Нефи Усеини, никако да се симне од насловните страници на медиумите. Тазе излезен од партиската школка, барем за поширокиот дел од јавноста, јавно се гордее со своите тешко стекнати дивоградби и притоа лесно решава работите да ги расчистува со закани и тупаници. Човекот чијашто фирма „Нефи Ик“ за две години, од […]

Современи ортопедски додатоци и помагала добија 36 лица со телесна попреченост


Триесет и шест лица со телесна попреченост денеска добија посоверемени, пофункционални и посигурни помагала кои треба да ја олеснат нивната подвижност и мобилност. Помагалата се обезбедени од Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет – Мобилност Македонија, од средствата во висина од 1,6 милиони денари, што Министерството за труд и социјална политика му ги додели […]

Продолжува обновата на ООУ „Димитар Миладинов“


Во тек е замена на фасадната столарија на основното ООУ „Димитар Миладинов“ во Општина Центар. Освен вратите и прозорците во училиштето, целосно се менува поткровната конструкција и електричната инсталација, а дополнително се поставува и ново осветлување. Овие активности следат по замената на постоечката фасада на училиштето со комплетно нова и енергетски ефикасна во февруари годинава. […]

Пријавете се за првата урбана градина во Општина Аеродром


Граѓанската организација „Зелената арка“ во август ќе почне со изведба на општествена (заедничка) градина на површина од околу 3.000 квадратни метри во паркот Лисиче, крај брегот на реката Вардар во Општина Аеродром. Станува збор за прва градина од ваков тип во Скопје. Големината на парцелите ќе биде околу 50 квадратни метри и за нивното користење […]

По Илинден, Мицкоски на одмор во Хрватска, Заев во Грција


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се враќа од дводневната посета на Будимпешта и во Виена. Во главниот град на Унгарија имаше средба со тамошниот премиер, Виктор Орбан, додека во Австрија беше поради размена на искуства и информации поврзани со неговата професорска дејност на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Веќе во петок, ќе присуствува на […]

Независните ќе ѝ ја земат „власта“ на ВМРО-ДПМНЕ во комисиите


Осумтемина независни пратеници кои беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ може да бидат „клучот“ за решавање на дисбалансот во некои од собраниските тела, каде што мнозинството сега е под контрола на опозицијата, што дојде до израз на последната седница на Комисијата за избори и именувања. Пратеничката Владанка Авировиќ, како заменик-координаторка на независната пратеничка група, побара вчера во […]

Беса му намигна на ВМРО, ама далеку се од љубов


ВМРО-ДПМНЕ и Беса си намигнаа и го воспоставија првиот чекор кон соработка, но дали таа ќе се преточи во коалиција пред или по парламентарните избори e прерано да се разговара. Ова се коментарите во двете партии што доаѓаат по превласта што ја презедоа во собраниската Комисија за избори и именувања на сметка на владејачкиот двоец: […]

Жените во земјава живеат подолго од мажите за 3,8 години


Жените во Северна Македонија живеат подолго од мажите за 3,8 години, покажуваат податоците на Евростат. Најголема разлика во животниот век меѓу мажите и жените во државите во регионот има во Бугарија, каде што животниот век на женската популација е подолг за седум години. Жените во Србија живеат подолго од мажите за пет години, во Грција […]

Попис па избори или обратно


Додека Владата се подготвува за попис на населението и домаќинствата, ВМРО-ДПМНЕ очекува предвремени парламентарни избори. Овие две операции, според проценки во политички кругови, иако не се исклучуваат една со друга, речиси е невозможно да се спроведат во сличен временски период, особено ако се има предвид и очекуваната одлука за тоа дали Северна Македонија во октомври […]

Русковска: Катица Јанева го форматиралa вториот телефон, што беше „изгубен”


Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска вечерва за Канал 5 потврди дека е бил вештачен и вториот мобилен телефон на Катица Јанева, но вели дека во него нема ништо, односно дека е форматиран со сменет „Ајклауд“. Ова потврдува дека станува збор за мобилен телефон од производителот „Ајфон“ Иако поминаа повеќе од […]

Мицкоски се сретна со Орбан


  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска, заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски во Будимпешта оствари средба со премиерот на Унгарија, Виктор Обран. На средбата се разговарало за актуелната политичка и економска состојба во земјава, главните предизвици со кој таа се соочува, за стратешките интереси и перспективи како и прашања поврзани за меѓусебна соработка […]

Владата побара вонредна контрола за квалитетот на детските играчки


Владата, на денешната 148 седница ја разгледа и усвои Информацијата за извршени контроли за квалитетот на детските играчки, што се продаваат на територијата на нашата држава, која се однесува на првиот квартал од 2019 година. Како што информираат од владината прес-служба, задолжено е Министерството за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат да продолжи да […]