Владата побара вонредна контрола за квалитетот на детските играчки


Владата, на денешната 148 седница ја разгледа и усвои Информацијата за извршени контроли за квалитетот на детските играчки, што се продаваат на територијата на нашата држава, која се однесува на првиот квартал од 2019 година. Како што информираат од владината прес-служба, задолжено е Министерството за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат да продолжи да […]

Владата ги утврди активностите за спроведување на ветингот во МВР


Владата на денешната редовна 148 седница ги утврди активностите за спроведување на процесот на проверка (ветинг) на вработените во МВР и го задолжи Министерството најдоцна до 20 август годинава да формира Работна група со задача да изготви Предлог-план на мерки, активности и динамика за спроведување на процесот што треба најдоцна до 1 октомври годинава да […]

Влада: В зима ќе почне да се гради новиот Универзитетски клинички центар во Ѓорче Петров


Создадени се првите конкретни услови, преку обезбедување финансиски средства, за изградбата на новиот Универзитетски клинички центар во скопската општина Ѓорче Петров. Ова е една од одлуките донесени на денешната 148-ма седница на Владата на Република Северна Македонија, соопшти владината прес-служба. Владата на Република Северна Македонија ја усвои Информацијата за начинот на финансирањето на изградбата на […]

Заев: Усеини ќе одговара, макар и изгубиле во Охрид


Премиерот Зоран Заев вети дека охридскиот советникот Нефи Усеини ќе одговара доколку извршил физички напад, односно дека нема да биде заштитен. „Ако направил физички напад, ќе одговара, не судам во делот на вината, истрагите ќе си покажат. Предрасуди нема спрема никој. Има општини каде СДСМ нема контрола врз мнозинството во Советите, па тие функционираат нормално. […]

Сопруга на вработен во СЈО потпишала дека Катица е болна


Директорката на психијатриската болница во Негорци, Љуба Цилкова го издала боледувањето за специјалната обвинителка Катица Јанева, а нејзиниот сопруг, Методи Цилков е вработен во приемното одделение на СЈО, објави Телма. И двајцата по потекло се од Гевгелија од каде доаѓа и Јанева. Пратеникот Антонио Милошоски објави дека Јанева добила боледување во периодот од 16 јули […]

Од Северна Македонија годинава на аџилак 850 верници


Од Република Северна Македонија на аџилак ќе заминат 850 верници. Најмалиот верник е на петгодишна возраст додека највозрасниот има 82 години, изјави за МИА, Муземил Османи, шеф на кабинетот на поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија. Според него, во светите места Мека и Медина, каде се реализира петтиот столб на исламот-аџилакот првата група отпатувала […]

Мијалков останува без пасош, а Кочан заминува во затвор


Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков останува без пасош, односно Кривичниот совет го одби неговото барање да му го врати пасошот за да оди на операција на желудникот во Прага. Советот одржал седница и ја разгледал медицинската документација на Мијалков, но одлучиле дека неговото барање е несоновано. Против ова решение Мијалков може да се жали […]

Градот го доби парното, дали ќе стане поевтино?


На денешната владина седница  се донесе одлука на Град Скопје да му се даде на трајно користење, топловодната мрежа, со која ќе управува новоформираното претпријатие за дистрибуција на топлинска енергија и гас, Градски Енергетски Системи (ГЕС). Градот Скопје преку АД ГЕС-СКОПЈЕ ќе спроведува мерки за намалување на аерозагадувањето во градот кое е последица на затоплувањето […]

ДЗР утврдил слабости во јавните набавки, високото образование и локалните самоуправи


Слабости во спроведување на јавните набавки, во високото образование, во локални самоуправи, како и основа за кривично дело утврдил Државниот завод за ревизија во работењето на институциите во 2017 година. Ова, како што беше истакнато на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, е наведено во годишниот извештај за работата на ДЗР во 2018 […]

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ бара прераспределба на комисиите и учеството во работните тела на Собранието


Македонското Собрание на денешната 109-та седница ја донесе Одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседател, потпретседатели, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација. Пратеничката Владанка Авировиќ, како заменик координатор на Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, пред гласањето истакна дека по […]

Османи: Морина треба итно да се ослободи


Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи одговарајќи на новинарско прашање денеска изјави дека лично од првиот ден е ангажиран за ослободување на Томор Морина, поранешен припадник на ОВК, кој беше уапсен пред пет дена на граничниот премин Блаце, по потерница издадена од седиштето на Интерпол во Лион. – Очекувам одговор, имам поднесено службено барање […]

Борисов повторно ќе слави Илинден во Скопје


Бугарскиот премиер Бојко Борисов, в четврток, доаѓа во нашата држава за да, заедно со нашиот премиер Зоран Заев, заедно се поклонат на гробот на Гоце Делчев и да го прослават празникот Илинден. Според информацијата во бугарските медиуми Борисов ќе присуствува само на церемонија во црквата Свети Спас и нема да присуствува на Мечкин Камен, а […]

Димовски: Пописот да биде по стандардите на Евростат, односно 2021 година


Опозицијата има сериозни, суштински и значајни забелешки за Законот и концептот за новиот попис. Тие не се мали и се клучни за пописот да може да биде на ниво на стандардите на ЕУ и Евростат. Само таков попис може да биде од корист на сите, а не операција која ќе предизвикува страв или радост кај […]

ВМРО: Мицкоски во Будимпешта ќе се види со Орбан, не и со Груевски


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска и утре ќе отпатува во работна посета на Австрија и на Унгарија. Како што соопштија од партијата, при краткиот престој во Виена, Мицкоски ќе има средба од научен карактер, размена на искуства и информации поврзана со неговата професорска дејност на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Во Будимпешта, пак, Мицкоски […]

Владата ќе дебатира по информацијата за спроведување ветинг на вработените во МВР


Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 148-мата седница, на која ќе се дебатира за информацијата во врска со потребата од спроведување процес на проверка (ветинг) на вработените во Министерството за внатрешни работи. На предлог на Министерството за труд и социјална политика на седницата ќе биде разгледана и информацијата за изградба и опремување […]

Заев најави повеќе средства за правосудство


Тенденцијата на надлежните органи е да се обезбедат повеќе средства од државната каса за правосудството, изјави премиерот Зоран Заев на денешното отворање на Ургентниот центар во Куманово, одговарајќи на новинарско прашање колку е моќна државата да одвои средства од Буџетот за да обезбеди финансиска независност на државното обвинителство. – Зборуваме генерално за правосудството кога разговараме […]

Заев: Оптимист сум за законот за ЈО, ако опозицијата сака избори може во октомври 2020


Премиерот Зоран Заев денеска во Куманово, изјави дека е охрабрен од вчерашните преговори на работните групи за законот за јавно обвинителство, додавајќи дека се заокружени две работи и оти е закажана следната средба на која ќе се расправа за останатите отворени прашања меѓу кои и за прв човек на обвинителството. –Ќе сториме се да можеме да […]

Завршно асфалтирање на последната траса од „Партизанска“


Со асфалтирање на последната траса, проектот за реконструкцијата на булеварот „Партизански одреди“ влегува во завршна фаза. Асфалтирањето на последната траса, од ТЦ „Антико“ до мостот „Обединети нации“ (во правец од Центар кон Влае) почна во текот на вечерта и денеска треба да заврши асфалтирањето и на преостанатата делница. Во наредните денови треба да се извршат […]

Груевски посака да го брани Заев


Понекогаш ми доаѓа да го бранам Заев, наведува поранешниот премиер Никола Груевски преку својот Фејсбук профил по повод актуелните случувања во земјава, со посебен осврт на многубројните скандали што се случуваат во последно време Никола Груевски веќе неколку месеци е во Будимпешта, кадешто доби азил од унгарските власти, откако избега од земјава по изречената двегодишна […]

Вован и Лексус: Заев е неверојатен, никого не излажавме така како него


Руските пранкери Владимир Кузњецов – Вован и Алексеј Стољаров – Лексус, изминатиов период беа меѓу главните теми во Македонија и Балканот, по објавувањето на разговорите со македонскиот премиер Зоран Заев. Тие му се претставувале како експретседателот на Украина, Петро Порошенко, и како генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Вован и Лексус во интервју за српска […]