Јанушев: ВМРО ги немаше снимките за „Рекет“


Како реакција на аферата „Рекет“, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ниту еден начин на делување не се исклучува, меѓу кои и протести и блокади. Партијата ги немаше снимките додека не ги објави италијанскиот весник, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Тој нагласува дека имаат заеднички точки со партиите […]

Заев го честита Денот на Армијата: Нашите војници се еднакви со оние од партнерите од НАТО


Нашите војници покажуваат еднаквост во партнерството со нашите сојузници и способност заеднички да го гарантираат регионалниот и меѓународниот мир и стабилност, порачува премиерот Зоран Заев во честитката по повод 18 Август, Денот на Армијата. -Почитувани припадници на Армијата, почитувани граѓани, Со особена чест и задоволство го честитам денешниот празник, упатувајќи искрена благодарност за вашата континуирана […]

Пациентот со западнонилска треска и натаму во тешка состојба


Шеесет и шестгодишниот пациент заразен со западнонилска треска, кој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје се уште е во тешка здравствена состојба со манифестација на централниот нервен систем, изјави за МИА директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ. Ова е прв случај на западнонилска треска летово во државава, […]

МОН: Од следниот месец зголемување на платите на наставниците и професорите


Минатата година платите на вработените во образованието од септември беа зголемени за пет отсто, додека следната фаза, односно следното покачување е предвидено веќе од следниот месец, со опфат на вработените во основното, средното и високото образование, соопшти Министерството за образование и наука во врска со прес-конференцијата на Независниот синдикат за образование и наука. Како што […]

Градежна инвазија по скопските булевари


  Град Скопје цело лето врши реконструкција на главните сообраќајници, на кои се заменува дотраениот асфалт со нов, се поправаат тротоарите и велосипедските патеки. Се користи времето кога граѓаните се по одмори, па е намален метежот по скопските булевари, а за да се избегнат високите температури преку ден, главните активности како гребење на асфалтот и […]

Костадинов: Мицкоски призна дека се сретнал со Кичеец


На прес конференцијата одржана во белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски призна дека се сретнал со еден од осомничените во случајот „Рекет“, споменатиот Зоки Кичеец. Ајде сега Христијан Мицкоски нека излезе пред граѓаните и нека признае дека во Унгарија се сретнал и со Никола Груевски, повикува владејачката партија по прес-конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан […]

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО повеќе нема кредибилитет, потребни се избори


СЈО нема повеќе кредибилитет. Нема кредибилитет ниту Катица Јанева, ниту некој од обвинителите кои постапувале по нејзините насоки и молчеле за целиот криминалот кој што се случува, ниту пак истражителите и останатите вработени. Сите се дел од криминална мрежа. Ова е најновата реакција на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за аферата „Рекет“. „Пред само два дена имавме можност […]

Синдикатот бара зголемување на платите на наставниците


Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) денеска ја поздрави одлуката на Владата и Министерството за труд и социјална политика да ја зголемат платата на вработените во градинките. Сметаат дека платите на просветните работници се под просекот на просечната плата во државата. Бараат од Владата и од Министерството за образование и наука зголемувањето на платите […]

Четири семејства од пехчевски Црник останаа без покрив над глава


Откако во петокот околу 19:30 часот беше опожарена куќата на семејството Џитанови во село Црник, без покрив над глава останаа четири семејства, стари луѓе и деца. Според информациите од Ванчо Бучевски вработен во општината, од пожарот бил зафатен целиот горен кат на куќата со изгорена цела покуќнина во него. -Само брзата интервенција на противпожарните екипи […]

Автобуските линии 19 и 20 викендов со изменета траса


Поради изведување градежни работи, улицата „Индира Ганди“ во Шуто Оризари вечер, од 22 часот до 5 часот изутрина во недела, ќе биде затворена за сообраќај. Во тој период автобуските линии 19 и 20 ќе функцинираат по изменет режим од вообичаениот. Како што соопшти ЈСП „Скопје“, автобусите на линија 20 ќе возат до поранешна циглана (ИГМ), […]

Криминалот во сенка на обвинителите


Судските процеси што ги води Специјалното јавно обвинителство продолжија по судската ферија. Неделава имаше неколку рочишта за „Титаник“ за изборните нерегуларности што ги правеле функционерите од поранешната власт, и рочиште за ТНТ. Но, по аферата со милионите во која се споменува и името на специјалната обвинителка Катица Јанева, криминалите на претходната власт ги потиснаа изјавите […]

Клиника Жан Митрев: Непречено продолжуваме со услугите за вродени срцеви мани на деца


На Клиниката Жан Митрев вчера е примено новороденче со телесна тежина од 1,2 килограми во нестабилна состојба, кое по 22 дена поминати на интензивна нега, е пренесено во оваа клиника и се прават сите предоперативни анализи, за да може да биде оперирано во текот на следната недела, соопшти денеска Клиниката „Жан Митрев“. Отаму потенцираат дека […]

ЦИВИЛ: Државата и општеството не смеат да ги занемарат правата на децата


Актуелните дневно-политички случувања во земјата, не можат и не смеат да бидат изговор за непочитувањето на човековите права и слободи. Последната трагедија во која животот го загуби 17 годишно момче, кое беше убиено од својот врсник, е потсетник за трулежот на општество во кое живееме, наведе денеска во соопштение Центарот за слобода ЦИВИЛ. Според ЦИВИЛ, […]

Привремен сообраќаен режим утре на булеварот „Босна и Херцеговина“


На булеварот „Босна и Херцеговина“ утре ќе се изведуваат прекопи за поставување подземни инсталации и поради тоа ќе биде воведен привремен сообраќаен режим. – Поради изведување прекоп кај сервисната улица за влез во објектите на „Едел пром“ и на „Шкода“ во периодот од 5 до 9 часот, сообраќајот на булеварот „Босна и Херцеговина“ ќе се […]

Свечености во пресрет на одбележувањето на Денот на Армијата


Во пресрет на 18 Август – Денот на Армијата, пред зградата на Министерството за одбрана и Генералштабот во Скопје, како и во командите и единиците во касарните низ државата, денеска со свечени церемонии се одбележа празникот на Армијата. На свечениот собир на вработените во Министерството за одбрана и Генералштабот, присуствуваа министерката за одбрана Радмила Шекеринска […]

Мицкоски: „Рекет“ не е можен без знаење на Заев


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ја обвини власта и премиерот Зоран Заев дека стојат зад „Рекет“ и ги штитат осомничените и криминалот. На прес-конференција во партиското седиште, Мицкоски кажа дека „Рекет“ не е можен без поддршка и знаење на Заев. Посочи дека Катица Јанева сѐ уште го води компромитираното СЈО, и оти треба дополнително […]

(Видео) Рустеми: Сметам дека мојот исказ ќе придонесе за развој на истрагата


Сметам дека мојот исказ ќе придонесе за развој на истрагата, во делот на настаните поврзани со предметот „Поштенска банка“, изјави обвинителот Бурим Рустеми од Специјалното јавно обвинителство, по неговото двочасовно сведочење во Обвинителството за организиран криминал за случајот „Рекет“. Рустеми е трет обвинител од СЈО, што е сослушан за случајот „Рекет“, откако од почетокот на […]

Викендов изменет режим на автобуските линиите 19 и 20


Улицата „Индира Ганди“ во Шуто Оризари, утревечер од 22 часот до 5 часот изутрина во недела ќе биде затворена за сообраќај поради изведување градежни работи, па во тој период автобуските линии 19 и 20 ќе функцинираат по изменет режим од вообичаениот. Како што соопшти ЈСП „Скопје“, автобусите на линија 20 ќе возат до поранешна циглана […]

Јанева негира дека дала наредба за претрес на обвинителите


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева тврди дека не издала наредба за претрес на обвинителката Фатиме Фетаи и на другите обвинители и вели дека се работи за недоразбирање. – Не е точно дека сум издала таква наредба, се работи за недоразбирање. Не сум расположена за повеќе разговор, изјавила Јанева за А1.он. Инаку, се очекува Јанева во […]

Мораториумот ќе го смири УНЕСКО: Струга има повеќе дивоградби од Охрид


Градската депонија ќе се затвори за околу една година, за девет месеци ќе се повратат нелегално изградените плажи до Калишта, а кон крајот на 2021 година ќе почне рушењето на сите дивоградби во струшкиот регион. Дотогаш, прогласена е времена мерка за забрана на тврди градби. Ова се клучните поенти што Струга планира да ги спроведе […]