Скопје и Софија ја интензивираат соработката во одбраната


Началникот на генералштабот на Вооружените сили (ВС) на Република Бугарија генерал Андреј Боцев, кој престојува во земјава, денеска ги посети Mинистерството за одбрана и Генералштабот на Армијата. По пречекот со високи воени почести, генералот Боцев имаше средба со својот домаќин, началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, по што се сретна и со заменичката на претседателот […]

ВМРО-ДПМНЕ поради „Рекет“ најавува протести и блокади на институции


Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека е можно да организираат демонстрации, протести, маршови, можеби блокирање на улици, блокирање на Парламентот, поврзано со случајот „Рекет“. Аналитичарите сугерираат, пак, поради ова да не се кочи Законот за ЈО, кој е важен за евроинтеграциите. Ниту една идеја и начин на делување не е исклучен за да се симне оваа влада […]

Општеството ги боде младите


Убиството на младото момче кое допрва требаше да живее, Никола Христовски, дејствува како студен туш во неподносливата зовриена општествена атмосфера. За жал, по којзнае кој пат тоа го запали алармот и го отвори прашањето дали воопшто некој води грижа за младите и какви се знаците кои, покрај нивниот животен пат, ги оставаат родителите. Информациите дека […]

Извадени и оштетени дел од ознаките на спомениците


Новата ознака што беше поставена вчера на споменикот на Филип Втори на скопскиот плоштад „Карпошово востание“ ноќеска е извадена и украдена, а на споменикот на Олимпија е оштетена. Оштетена е, но и натаму стои залепена, ознаката на споменикот на Александар Македонски на централниот плоштад во Скопје На ознаките, согласно Преспанскиот договор, на македонски, албански и […]

Дебарските комуналци ја прекинаа работата, без придонеси се 11 години


Вработените во Јавното комунално претпријатие „Стандард“ ја прекнаа работата, во знак на незадоволство од несплатенте придонеси за 11 години. – Трпението веќе не напушти, со годни само попусто ветување сега ќе биде, утре ќе биде. Здравствено и пензиско осигурување не ни е платено цели 11 години. Иако прдонесите почнаа редовно да ни ги плаќаат од […]

Македонските универзитети и годинава ги нема на Шангајската листа


Универзитетите од Северна Македонија и годинава не се најдоа на Шангајската листа на најдобри 1.000 универзитети во светот. На листата на Академско рангирање на светски универзитети за 2019 година, на прво место 17-та година по ред е Универзитетот Харвард, на второ Стенфорд од САД, а на трето британскиот Универзитет Кембриџ. Во првите десет најдобри универзитети […]

На ГП Богородица и на Табановце се чека до 45 минути


Зголемена фреквенција на возила изутринава има на граничните премини Богородица и Табановце каде што за излез од земјава се чека до 45 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна […]

Конгресменката Стивенс стана пријател на Северна Македонија


САД- Конгресменката од редовите на Демократската партија, Хејли Стивенс, се предружи на надпартиската „конгресна група за Македонија и заедницата на македонски Американци“, објави синоќа Обединета Македонска Дијаспора, организација на македонските иселеници во САД. Во македонската конгресна група членуваат 27 членови помеѓу кои се демократот Брендон Бојл од Филаделфија и републиканците Пол Мичел и Стив Стиверс […]

Сонцето од Вергина заминува од јавните места, спомениците добиваат ознаки


Граѓаните ќе можат да го користат симболот со Сонцето од Вергина на своите приватни имоти и приватни ентитети, но државата ги охрабрува и поттикнува доследно да го почитуваат и да го применуваат во пракса Договорот од Преспа што помогна да ја надминеме најголемата пречка што го блокираше нашиот меѓународен развој, потенцираат од Владата на Република […]

Почнуваат чествувањата по повод Денот на Армијата


По повод чествувањето на 18-ти август Денот на Армијата, денеска на градските гробишта во Бутел во Скопје, предвидена е церемонија за полагање венци цвеќе со воени почести, на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Клигоров, како и на гробот на генерал Михаило Апостолски. Венци со цвеќе ќе положат делегации […]

Началникот на ГШ на бугарската армија во посета на Скопје


Висока делегација на Вооружените сили на Република Бугарија, предводена од началникот на Генералштабот, генерал Андреј Боцев, од денеска е во тридневна официјална посета на Република Северна Македонија. Генералот Боцев, како што е најавено, денеска во Министерството за одбрана и во Генералштабот ќе оствари средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со […]

Милионите што треба да ги врати Камчев се пресметани


Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство Лиле Стефанова, која стана еден од клучните сведоци и од чиј исказ во Обвинителството за гонење организиран криминал, најверојатно ќе зависи и текот на истрагата за рекетираните или понудени милиони, пресметала колку штета направиле и колку пари треба да ѝ платат на државата обвинетите во „Империја“ на чело со бизнисменот […]

Пендаровски: Изјавата на Заев непримерна, граѓаните и политичарите под голем притисок


Непримерна, со речник што може да навреди цели категории наши граѓани, вака претседателот Стево Пендаровски ја оцени изјавата на премиерот Зоран Заев кој рече дека нема да дозволи „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер” да ја симнат оваа власт. -Станува збор за непримерна изјава која користи речник кој може да навреди цели категории […]

На Богородица и Табановце се чека по 45 минути


Сообраќајот низ државата е интензивиран, а на граничните премини Богородица и Табановце се чека по 30 до 45 минути, информира АМСМ. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од земјава. Иако коловозите се суви, АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување […]

Фатиме Фетаи се налути, ја испцула Катица и ја исплукала вратата на СЈО


Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Фатиме Фетаи која беше една од обвинителките кои стоеја рамо до рамо со Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева додека ги презентираа истрагите на Обвинителството, не успеаа да го задржи трепнието откако се врати од одмор и се соочи со својата шефица. Според нејзиното сведочење за „Независен весник“, откако Јанева ја […]

Почна реконструкцијата и проширувањето на патот Хиподром – Илинден


Со поддршка на Владата, преку Центарот за развој на скопскиот плански регион, денеска почна реконструкција и проширување на патот Хиподром – Илинден. Проектот чини шест милиони денари, а средствата се обезбедени од Владата и општините Гази Баба и Илинден. Градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски информира дека патот Хиподром – Илинден беше целосно оштетен, […]

Се чистат улиците од отпад во Општина Чаир


Општина Чаир информира дека нивните служби за одржување на јавната чистота се на терен и ги чистат улиците од фрлениот отпад. Општинските служби за одржување на јавната чистота денеска работеа на улиците „Никола Малешевски“, „Август Цезарец“, „Ѓорѓи Поп Христов“ и „Методија Митевски“ во населбата Топанско Поле, на улиците „Максут Садик“, „Славеј Планина“ и „376“ во населбата […]

Трајковски побара изземање на Јанева од „ТНТ“ заради „Рекет“


Поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, кој е обвинет во случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство, на денешното рочиште во Кривичен суд во Скопје за овој предмет побара изземање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е застапник на обвинението заради сомнеж за поврзаност со случајот „Рекет“. Барањето, како што рече во изјава […]

Сослушана шефицата на кабинет на Јанева


Во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција денеска е сослушана шефицата на кабинетот на Катица Јанева, а во врска со истрагата за „Рекет“. Утре треба исказ да даде обвинителот од СЈО Бурим Рустеми, откако денешниот распит беше одложен поради судењето за случајот „ТНТ“ каде е претставник на обвинителството. Претходно искази за случајот дадоа […]

ЗНМ: Мицкоски да престане со нападите кон новинарите


Здружението на новинарите на Македонија ja осудува објавата на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во која тој на непримерен начин ги опишува новинарите и уредниците на 1ТВ и нивното работење. Тој на својот профил на Фејсбук обвинува дека новинарите биле пристрасни и дека биле плаќани на сомнителен начин. „Го потсетуваме Мицкоски дека работата на медиумите […]