Боки 13 повторно во болница поради проблеми со желудникот


Фото: Б. Грданоски

Боки 13 повторно е пренесен во болница откако се жалел дека му се слошило и дека имал  проблем со желудникот.

Неговиот адвокат апелираше дека Боки 13 мора да излезе од притвор понудувајќи и специјалистички извештај за состојбата на Боки.

Бојан Јованоски е еден од тројцата обвинети за случајот ,,Рекет”. Тој три месеци е во притвор заради противзаконско добивање на над еден милион евра од бизнисменот Орце Камчев.