На сите обвинители во СЈО им висат мандатите


На неполн месец пред завршувањето на мандатот на Катица Јанева, а со тоа и на мандатите на сите обвинители во СЈО на кои таа им е надредена, во политичко-правните кругови се отвора дилема како да се разреши главната специјална обвинителка или да биде прекината нејзината функција, а тоа да не повлече „распад“ на целото обвинителство […]

Ангеловска: Фискална транспарентност и домаќинско работење со парите на граѓаните


Нина Ангеловска, една од основачите на „Групер.мк“, која е предложена за нов министер за финансии, синоќа по објавувањето на одлуката, се огласи на својот Фејсбук профил. Ангеловска пишува дека е подготвена да се вложи во прогресивни фискални политики и да го даде својот максимум во унапредувањето на фискалната транспаретност и домаќинско раководење со парите на […]

Во Европа годишно се собираат 486 килограми комунален отпад, кај нас 344


Во Европската унија општините на годишно ниво во просек собираат по 486 килограми комунален отпад по човек, покажуваат податоците на Еуростат за 2017 година. Оваа бројка е непроменета во однос на претходната година и е за седум проценти под максимумот од 525 килограми во 2002 година. Нашата земја е меѓу трите последни во Европа со […]

Законот за ЈО без договор оди во Собрание


Законот за Јавно обвинителство, со кој треба да се реши статусот на Специјалното јавно обвинителство, следната недела оди во Собрание каде е закажана седница за вторник, иако засега се уште нема договор меѓу работните групи на власта и опозицијата. Собраниската седница за предлог-законот е закажана за 27 август, по враќањето на пратениците од колективниот одмор. […]

Катица не се гледа со Боки 13, но и со оние што ги притвори


Катица Јанева вчера за кратко го напушти истражниот затвор во Шутка каде што доби триесетдневен престој поради вмешаност во случајот „Рекет“. Со полициска придружба, беше однесена во родната Гевгелија каде што се вршеше погреб на нејзината мајка, која почина дента кога ќерка ѝ беше уапсена. Јанева стигнала само до капелата. Според информациите, таму ѝ се […]

Сончево со мала облачност и температура до 38 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, особено изразен во североисточните делови каде повремено ќе засилува. УВ индексот ќе изнесува 8. Утринските температури ќе се движат од 12 до 21 степен, а дневните од 28 до 38 степени. Во Скопје и околината сончево […]

Заев ги потврди новите имиња во владата: Ангеловска од „Групер“ ќе биде министер за финансии


Претседателот на СДСМ и премиер на владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, вечерва потврди дека Централниот одбор на СДСМ, на денешната седница, дека утре ќе ја предложи Нина Ангеловска, ко-основач и извршен директор на платформата „Групер“, за кандидат за нов министер за финансии. Премиерот по денешната седница на ЦО на СДСМ најави дека утре […]

Заев: Секој што се огрешил пред законот треба да одговара, овозможивме услови за независен правосуден систем


Секој што се огрешил од законот треба да одговара. Горди сме дека како извршна власт овозможивме услови независниот правосуден систем да работи и да го врати владеењето на правото. Да покажеме дека Северна Македонија се менува со тоа што никој повеќе не прави влијание и притисок ниту врз обвинители, ниту врз судовите, тие носат самостојни […]

Судот и ја отфрли жалбата на Јанева за определениот притвор


Кривичниот суд и ја отфрли жалбата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за определениот 30-дневен притвор, потврдија за МИА од Кривичниот суд. Судот синоќа одреди триесетдневен притвор за специјалната јавна обвинителка Јанева. Притворот го бараше Јавното обвинителство поради основано сомнение дека Јанева ја злоупотребила службената положба и овластувањата и се стекнала со лична корист. Судијата […]

Приведени две лица од Дебар кај кои се пронајдени 20-тина килограми марихуана


Тетовската полиција приведе две лица од Дебар откако во возилото со кое се превезувале се откриени 20-тина килограми марихуана. – Попладнево, околу 17 часот, на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници запреле патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистерски ознаки во кое се превезувале две лица. Возилото го управувал 21-годишник, а како совозач бил 27-годишник, […]

(ВИДЕО) Почна седницата на Централниот одбор на СДСМ


Централниот одбор на СДСМ попладнево ја почна 11-та седница во седиштето на партијата во Скопје. ЦО на владејачката партија се одржува еден ден откако беше приведена специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Претходно, во седиштето на партијата се одржа седница и на Извршниот одбор. Премиерот Зоран Заев, пред почетокот на седницата за ТВ Сител рече дека […]

Заев: Актуелните случувања на дневен ред на ЦО на СДСМ


Актуелните случувања ќе бидат на дневниот ред на Централниот одбор на СДСМ. Секогаш ЦО почнува со актуелните политички случувања со сите детали и за тоа ќе разговараме. Ова попладнево за ТВ Сител го изјави премиерот Зоран Заев пред почетокот на Централниот одбор на партијата. На прашање дали ќе има одговорност и од функционери на СДСМ, […]

Најдоцна до утре извештајот за „Рекет“ пред Советот на јавни обвинители


Денеска или најдоцна утре Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција писмено ќе го извести Советот на јавни обвинители за сите досега преземени активности во предистрагата и истрагата во случајот „Рекет“, меѓу нив и вчерашното приведување и притворање на специјалната обвинителка Катица Јанева. По барање на Советот Обвинителството за гонење на организиран криминал и […]

Избувна голем шумски пожар во близина на ветерниците кај Богданци


Голем шумски пожар избувна во близина на ветрниците кај Богданци, но поради непристапниот терен засега не може да интервенираат противпожарните единици. Веста за МИА ја потврди градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов кој бара да интервенираат канадерите за гаснење на пожарот поради непристапниот терен. Пожарот се шири со голема брзина, и според информации од градоначалникот Шапов, […]

Ловечката федерација се противи на вклучувањето на Армијата во отстрелот на диви свињи


Ловечката федерација на Македонија ги поздравува и поддржува биосигурносните мерки што ги воведе Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) како превентива од африканската свинска чума, но се противи на влучувањето на Армијата во отстрелот на диви свињи и на рокот од 10 дена за застрел на 50 отсто од годишниот план. Ова денеска го […]

Османи: Неселективната борба против корупцијата е услов без кој нема напредок кон ЕУ


Владеењето на правото и неселективна борба против корупцијата е услов без кој нема прогрес на европскиот пат. Случајот „Рекет“ е тест за институциите токму во пресрет на големата одлука за тоа дали реформите што ги спроведовме во овој период и со Планот 369 и со Планот 18 создадоа институции со доволен капацитет да се справуваат […]

Есенска временска прогноза: Просечни температури и помалку врнежи


Температури во рамки на просекот и количество врнежи со потпросечни вредности за околу 25 проценти, може да очекуваме наесен. Недостаток на врнежи особено ќе има во западните делови од државата и до 50 проценти, покажува сезонската прогноза што ја објави денеска Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во првиот месец од есента во најголем дел од […]

Капиштец ќе се поднови со „Киро Глигоров“ – Модерно училиште за модерни генерации


Околу 250 ученици од прво до петто одделение од септември ќе учат во новоизграденото основно училиште во Општина Центар, „Киро Глигоров“. Ова е прво новоизградено училиште од 1969 година во скопската Општина Центар, кога со донација од швајцарската влада по катастрофалниот земјотрес било изградено училиштето „J.X. Песталоци“. Иако со своите 12.000 жители е најголема населба […]

Владимир Чадиковски дел од тимот на Клиничката болница „Аџибадем Систина“


Детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски стана дел од тимот на Клиничката болница „Аџибадем Систина“. – Со потпишувањето на договорот со д-р Чадиковски и благодарение на неговата експертиза, во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се создадени услови за изведување на сите видови срцеви интервенции кај деца. По потпишувањето на договорот на единствениот лиценциран кардиохирург за деца во земјава, […]

СДСМ и ДУИ ќе договараат заменик-министри


  Веста за огласот за вработување на советник на дополнителен заменик-министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство само за кратко време подгреа сомневања дека и владејачката гарнитура можеби почнала да подготвува терен за предвремени избори, на што посебно инсистира опозицијата по избувнувањето на аферата „Рекет“. Од Министерството за земјоделство вчера информираа дека поради техничка […]