Зглобните автобуси се враќаат на скопските улици


Дванаесет зглобни  и 21 единечни автобуси ќе набави Градот скопје за потребите на ЈСП Скопје со договорот што во средата го потпишаа градоначалникот и производителот МАН. Најдоцна за седум месеци скопјани ќе се возат во нови, нископодни автобси со капацитет од 85, односно 149 патници. Со овие автобуси на гас се заштедуваат по 25.000 евра […]

МОН и СОНК ги продолжуваат преговорите за платите на наставниците


Министерството за образование и наука (МОН) и Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) ги продолжуваат преговорите за зголемување на платите на наставниот кадар. Тие имале средба минатата недела, а ќе имаат и во наредните денови, но не е разговарано, како што рече ресорниот министер Арбер Адеми, за конкретен процент за покачување на платите. СОНК […]

За петок одложен изборот на главниот ревизор на матичната собраниска Комисија


Претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата Илија Димовски за петок ги одложи петте продолженија на седниците на ова собраниско тело на барање на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ. Димовски апелираше до пратениците до петок да се најде начин и да се разговара за заостанатите точки од дневен ред од овие пет седници […]

Дескоска: Се уште се прават обиди да се постигне консензус за законот за ЈО


Нова средба на работните групи за законот за јавно обвинителство се уште не е закажана. Групите имаат неформални контакти континуирано, информира денеска министерката за правда Рената Дескоска. Таа одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на завршната конференција на проектот „Правна заштита на избирачките права“ во организација на Институтот за правни и политички истражувања нагласи сека […]

Мајк Помпео во октомври во Скопје


Американски државен секретар Мајк Помпео во првата половина на октомври ќе ја посети нашата држава, во рамки на дипломатската турнеја низ регионот, се дознава од неофицијални извори. Подгорички „Вијести“ јавија дека првиот американски дипломат ќе престојува и во Црна Гора, но се уште нема потврда за датумот. Помпео ќе биде првиот американски државен секретар што […]

Северна Македонија меѓу најевтините земји за кампување во Европа


Северна Македонија е меѓу државите во Европа во кои кампувањето е најевтино, се наведува во судијата објавена од специјализираниот британски туристички сајт www.outandaboutlive.co.uk. Во студијата, со која се опфатени околу 23.000 кампови ширум Европа, се наведува дека земјава е во група заедно со Романија, Турција, Албанија и Молдавија, каде може да се преноќи во камп за […]

Аеродром дава субвенции за велосипеди


Општина Аеродром денеска објави оглас во кој ги повикува граѓаните да аплицираат за субвенции за велосипеди. Јавниот повик почнува од денеска, 25 септември, и ќе трае до 9 октомври 2019 година, а ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“. Секој полнолетен жител на Општина Аеродром што купил велосипед во тековната 2019 година, најдоцна […]

Заев-Варадкар: Почнувањето преговори со ЕУ ќе биде придонес за Унијата


Почнувањето преговори за пристапување со Северна Македонија ќе биде придонес за Европската Унија и заеднички успех на соработката на земјата со Европската комисија, оцениле премиерот Зоран Заев и неговиот ирски колега Лео Варадкар кои остварија средба на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Двајцата соговорници, како што соопшти владината прес- служба, се […]

Брегу: РСС очекува ЕУ годинава да почне преговори со Северна Македонија и Албанија


Регионалниот совет за соработка (РСС) искрено се радува на охрабрувањата што доаѓаат од Европската унија и очекува преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија да започнат оваа година, изјави генералната секретарка на РСС, Мајлинда Брегу на средба со министрите за надворешни работи од земјите од Западен Балкан во Њујорк. Од друга страна, според Брегу, […]

Без струја утре повеќе општини во Скопје


Поради техничките зафати во електросистемот, утре без електрична енергија ќе останат дел од општините Гази Баба, Арачиново, Илинден, Сарај, Ѓорче Петров и Кисела Вода. Од РЦУК Скопје информираат дека утре без струја од 4 до 6 часот ќе бидат корисниците од селата Стајковци, Арачиново, Марино, Кадино, Илинден, Бела Земја, област Белви. Во периодот од 100 […]

Какви се условите во Шутка: Боки и Катица имаат доктор и фризер на располагање


Разрешената специјална обвинителка Катица Јанева вчера мина еден час во зградата на Јавното обвинителство каде што беше повикана да сведочи за нејзината инволвираност во случајот „Рекет“. За разлика од минатиот пат, кога даваше исказ во својство на сведок, а ден подоцна беше уапсена, овој пат ја немаше насмевката на нејзиното лице и самоувереноста што ја […]

Мицотакис до Заев: Немаше да го потпишам Договорот од Преспа


Шефот на грчката Влада Кирјакос Мицотакис на вчерашната средба со премиерот Зоран Заев во Њујорк, рекол дека тој лично немало да го потпише Договорот од Преспа, но додал дека по ратификацијата, договорот веќе е дел од меѓународното право и Грција мора да го почитува, брифираат владини извори во Атина за грчките медиуми. Како што jави […]

Германскиот Бундестаг утре и официјално со зелено светло за преговорите


Германскиот Бундестаг утре и официјално ќе даде зелено светло за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија, а на седницата на покана на претседателскиот на германскиот Парламент, Волфганф Шојбле, ќе присустува и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи. Владејачките германски партии ЦДУ и СПД вчера постигнаа согласност да се одобри датум за почеток […]

Собраниската комисија за избори и именување пред нова блокада


  Собраниската комисија за избори и именување пред нова блокада затоа што нема усогласеност меѓу власта и опозицијата за битни кадровски прашања, за кои изборот оди преку парламентот. Претседателот на комисијата Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, ги фати на препад пратениците од мнозинството и за денеска закажа продолжение на дури четири комисиски седници со триесетина точки […]

Северна Македонија и Албанија да ги почнат преговорите со ЕУ, побараа Бугарија, Грција, Романија и Хрватска


Категорична поддршка на членството на Северна Македонија и на Албанија во ЕУ искажале шефовите на дипломатиите на Бугарија Екатерина Захариева, на Грција Никос Дендиас, на Романија Рамона Манеску и на Хрватска Гордан Грлиќ – Радман на средбата одржана во Њујорк во рамки на Генералното собрание на Обединетите нации. Како што соопшти бугарското Министерство за надворешни […]

Заев-Мускат: Поддршка од Малта за старт на преговорите со ЕУ


Малта дава силна поддршка на Северна Македонија за датум старт на преговорите со Европската унија во октомври,  рекол премиерот на Малта Џозеф Мускат на средбата со премиерот Зоран Заев, што се одржа во Њујорк, по повод учеството на Генералното собрание на ОН. -Премиерот Заев разговараше со неговиот колега од Малта за позитивниот моментум за почеток […]

Истрагата за „Рекет“ затворена само со тројца осомничени, засега нема вмешано политичар


На 20 август, пред повеќе од еден месец, тогаш специјалната јавна обвинителка во оставка Катица Јанева, дојде во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција со службено возило од СЈО. Во зградата влезе и излезе насмеана. Еден месец подоцна Јанева пак се врати во истата зграда, но ја донесоа со полициско комбе од затворот во […]

Министерот за дијаспора Адеми во посета на Швајцарија


Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми од денеска до петок ќе престојува во работна посета на Швајцарија, каде што во градовите Лозана, Берн и Женева ќе има состаноци со иселенички организации и интелектуалци од нашата дијаспора, како и со локалните власти. Како што соопштија од неговиот кабинет, предвидени се средби и со претставници на швајцарската […]

Сите се сокрија од „контрабомбата“ на Верушевски


Игнорирањето на кое наиде сведочењето на ексразузнавачот Зоран Верушевски во случајот на СЈО, „Таргет – Tврдина“, всушност, е поголемо изненадување и од неочекуваните наводи, поврзани со „бомбите“ што тој ги изнесе во судницата во Кривичниот суд во Скопје, каде што се појави откако на претходното рочиште судот не можеше да го најде на домашна адреса. […]

Средба Заев – Анастијадес: Поддршката на Кипар во решавањето на спорот со Грција постави темели за пријателски односи меѓу двете земји


Премиерот Зоран Заев, како дел од активностите на маргините на Генералното собрание на ОН, се сретна со претседателот на Кипар Никос Анастијадес. Притоа, како што информира владината прес-служба, премиерот Заев во разговорот ја нагласи исклучително позитивната и конструктивна улога што Кипар ја одигра во поддршката на процесот и решението на проблемот со името со Грција, […]