Митровденска задушница – спомен за починатите


Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите. Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што […]

Македонски пратеници на студиска посета во Талин за безбедно е-Општество


„Вклучување на граѓаните во градење безбедно е-Општество“ е темата на студиската посета на пратениците Зоран Илиоски, Татјана Прентовиќ, Ане Лашкоска, Агим Шаќири и Тања Ковачев кои од денеска до 8 ноември ќе престојуваат во Талин. Студиската посета, финансирана од УСАИД, е во рамки на програмата на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), Партнерството за демократија на американскиот […]

Изборите на 12 април веќе не се сигурни


Премиерот Зоран Заев вчера за првпат ја остави отворена можноста за одложување на предвремените парламентарни избори на 12 април. Претседателот на владата вели дека тој датум и натаму е приоритет, но кочницата ја дигна поради евентуалната ратификација на Протоколот за прием на земјава во НАТО што би можела да се случи откако парламентот ќе биде […]

Села: Избори на 12 април, Алијанса за Албанците подготвена за компромиси


За нас 12 април е датумот за одржување предвремени парламентарни збори, а денешната изјава на премиерот Заев дека се остава можност за какви било промени поради ратификацијата на Протоколот за прием на земјата во НАТО, само покажува дека власта се плаши од избори, рече лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села во вечерашното „Само интервју“ […]

Фајон: Погрешна е одлуката за недоделување датум за почеток на преговори на Северна Македонија и Албанија


Погрешна е одлуката за недоделување датум за почеток на преговори на Северна Македонија и Албанија. Не можам да кажам дека тоа беше одлука на ЕУ, тоа беше одлука на една земја, Франција, која од внатрешни политички причини го блокираше приближувањето на Северна Македонија и Албанија, рече копретседавачот на парламентарната комисија за стабилизација и придруживање ЕУ-Србија […]

Протестен марш во организација на братот на Ел Чека


Со транспарент „Меѓународна истрага за монтираните случаи од 2002“, група граѓани денеска излегоа на протестен марш низ улиците на Скопје, организаран од братот на Ел Чека, Блерим Ахмети. Протестниот марш почна од паркот во Чаир, од каде демонстрантите се упатија кон зградата на Собранието, каде попладнево собирот заврши. Блерим Ахмети, братот на Ел Чека изјави […]

СДСМ едно – ДУИ друго: Владејачките партии не можат да се договорат за ревизор


Претседателот на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, Илија Димовски денеска ја прекина расправата по точката за избор на главен државен ревизор, бидејќи предлогот не доби мнозинство гласови. Пратеникот Мухамед Зеќири го предложи Адем Цури за државен ревизор и за него гласаа шест од 12 присутни членови на Комисијата. Пратеникот Ејуп Алими, пак […]

Катица Јанева бара апанажа


 На денешната седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата претседателот на Комисијата Илија Димовски информираше дека до Комисијата стигнал допис од адвокатката на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, во кој што се бара да и се одреди апанажа. Во образложението на адвокатката на Јанева до Комисијата се наведува дека нејзиното барање […]

„Рекет“ даден на оценка, се чека закажување рочиште


Случајот „Рекет“ е даден на оценување, се чекаат да истечат роковите за да се закаже рочиште за оценка на обвинителниот акт, изјави денеска претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев. За „Рекет“ првоосомничен е Бојан Јовановки за примање награда за противзаконско влијание, за перење парти и за други приноси од казниво дело. Второ осомничен за трговија […]

ДКСК иницира кривична постапка против Мерко за набавка на луксузно возило


Државната комисија за спречување на корупција денеска иницираше поведување постапка за кривично гонење пред недлежното Јавно обвинителство за градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко, поради извршување на функцијата спротивно на начелата на законитост и интегритет и на јавниот интерес и интересот на општината, потврдено се наводите на извршената ревизија. Имено, ДКСК оформила предмет за Мерко […]

Џолев: Потребен е ветинг во судството


Претседателот на Основниот кривичен суд Скопје Иван Џолев смета дека е потребен ветинг во судството за да се отстранат сите сомнежи за чесноста на судиите. – На ветингот гледам позитивно и немам никаков проблем со тоа. Сметам дека е потребно да се направи ветинг и во судството, со цел да се отстранат сите сомнежи по […]

Инспектори и полиција во лов на загадувачи


Тимови составени од претставници на државните инспекторати заедно со општинските инспектори, придружувани од еден полициски службеник од денеска секојдневно заедно ќе патролираат насекаде низ земјава со цел да се подобрат состојбите во областа на загадувањето на амбиенталниот воздух и животната средина и да се спречи загадувањето. Тоа, како интервентна краткорочна мерка, е одлучено да се […]

Џолев: Четири високопрофилни предмети почнаа од почеток, вината не е кај судиите


Во Кривичниот суд во моментов има 24 високопрофилни предмети, во рок од две години од почетокот на 2018 до ноември 2019 година завршени се десет, а започнувањето на предмети од почеток се случило кај четири случаи. Ова денеска го истакна претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, кој пред новинарите сакаше да ги појасни, како што […]

Георгиевски: Спроведени повеќе од 100 проекти, акцент ставаме на животната средина


Пред две години кога ја презедов функцијата градоначалник на Гази Баба наследив општина со многу проблеми кои со години се провлекувале, општина со долг над 2,5 милиони евра и населени места без вода за пиење и канализациска мрежа. Општина Гази Баба веќе две години оди кон подобро, а проектите што сме ги реализирале досега тоа […]

Пендаровски: Не ни паѓа на памет да се задоволиме со членството во некаква европска економска зона


Последиците по Северна Македонија од одлуката на Самитот на ЕУ за неотпочнување на преговорите за членство, предлогот за одржување Самит на земјите од Западен Балкан и ЕУ, членството на земјава во НАТО, односите со Србија и неговото мислење за промена на границите на Балканот, беа темите на кои се осврна претседателот Стево Пендаровски во интервју […]

Кулоглу: Дали ЕК ќе преземе итни мерки за задржување на стабилноста во Северна Македонија


Европратеникот од грчката опозициска партија СИРИЗА, Стелиос Кулоглу, достави прашање до Европската комисија во кое бара одговор дали се разгледува можноста за преземање итни мерки и кои би биле тие за „справување со заживувањето на национализмот и да се задржи политичката стабилност во Северна Македонија“ по негативната одлука од неодамнешниот Самит на ЕУ за старт […]

Ќе има ли ново зголемување на платите на наставниците од 1 јануари?


По денешната средба во Владата за усогласување на ставовите за новото зголемување на платите на наставниците, министерот Арбер Адеми и претседателот на Синдикатот Јаким Неделков изјавија дека има напредок, но не и конечна одлука. Средбите ќе ги продолжат идната недела и очекуваат дека тогаш ќе имаат и договор. Засега СОНК не отстапува од барањето зголемувањето […]

Османи: Усогласувањето во ЕУ не смее да ги загрози реформите во земјава


Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска учествуваше на Македонско-германски форум со наслов „Стратешко партнерство или ново проширување?“ во организација на Фондацијата Конрад Аденауер. – Како Влада и администрација имаме соодветен капацитет и долгогодишно акумулирано искуство за во наредниот период да се фокусираме на длабинска анализа на актите кои ни беа презентирани за време […]

Нов закон за легализација следната недела во владина процедура


Во владина процедура следната недела треба да се најде нацрт верзијата на новиот закон за легализација на дивоградби, на кој работеше изминатиот период работна група од Министерството за транспорт и врски и од Заедницата на единиците на локалната самоуправа ЗЕЛС, најави денеска ресорниот министер Горан Сугарески, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Општина Ѓорче […]

ЗНМ: Правосудните органи да ги процесираат нападите врз новинарите во најбрз можен рок


Новинарите не треба и не смеат да бидат напаѓани поради нивната професија. Правосудните органи мора да ги процесираат нападите во најбрз можен рок, со цел да се заштити демократијата во земјава, затоа што неказнивоста неминовно води во самоцензура, ограничува простор за слободни медиуми и ја прави професијата неатрактивна. Ова денеска го порача Младен Чадиковски, претседателот […]