Нема времен пасош за Камчев


Кривичниот суд не му даде привремен пасош на Орце Камчев. Скопска Единица донесе ваква одлука откако и обвинителката Лиле Стефанова даде негативно мислење и одлучи дека бизнисменот не треба да добие времена патна исправа за да патува во странство. Камчев е осомничен во случајот Империја, за перење пари и во текот на истрагата, со амин […]

Градот Скопје против врсничкото насилство


Градот Скопје се приклучи на кампањата на Агенцијата за млади и спорт и Министерството за внатрешни работи за спречување на насилството од каков било вид, со посебен осврт на меѓуврсничкото насилство и говорот на омраза. За целите и активностите што се преземаат како дел од оваа кампања на прес-конференцијата што денеска се одржа во просториите […]

Од денеска трошењата на државата на увид на јавноста преку веб платформата „Отворени финансии“


Трошењата на државните пари од денеска се на увид на јавноста. Преку веб платформата „Отворени финансии“ може да се погледнат сите плаќања на државните институции и примателите на средствата. Достапни се трошењата од 2010 година наваму, а во иднина ќе се објавуваат податоците на 15 дена. Новата веб-платформа „Отворени финансии“ ја презентираа денеска премиерот Зоран […]

Кампања за правилно одлагање на кабаст отпад


Kампања за правилно постапување со кабастиот отпад на територијата на Општина карпош почнаа денеска директорот на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје, Абдусамед Шабани и градоначалникот на Oпштината Карпош, Стефан Богоев, во Центарот за селекција на отпадот во Карпош. – Во Центарот за селекција на отпад на ЈП КХС, на бул. „Илинден“, позади бензинската пумпа на „Макпетрол“ […]

Апелација ја објави пораката од Русковска: „Од гаќи ќе ве истресам цел совет со финансиска истрага”


  Апелацискиот суд во Скопје денеска на колегум расправал по најавите на јавната обвинителка Вилма Рускоска дека ќе покрене финансиска истрага против судиите кои вчера донесоа одлука со која ја пуштија во куќен притвор поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, обвинета во случајот „Рекет“. Колегиумот, како што се посочува во соопштението од Апелација, во оценил дека […]

Заев не ја коментира за обвинителката Русковска


Премиерот Зоран Заев не сака да ја коментира вчершната најава на обвинителката Вилма Русковска дека ќе бара финансиска истрага за судиите во Апелацискиот суд кои ја пуштија поранешната сепцијална јавна обвинителка Катица Јанева во куќен притвор. -Не коментирам за обвинителката Русковска. Прибе во својот извештај вели политичарите да избегнуваат коментари за одредени постапки на судии, […]

Заев: Да се пријавува ако работодавец бара назад дел од минималната плата


Премиерот Зоран Заев апелира до надлежните институции да изрекуваат казни доколку некој работодавач бара работникот да врати дел од исплатената минимална плата. За такво нешто, како што рече, со Кривичниот законик, е регулирана казна затвор, а работниците треба да пријавуваат доколку има такви случаи. – Ако државата, синдикатот, коморите, стиснале заби и направиле сериозен исчекор […]

Членови на Судскиот совет беа во Апелација


Членови на Судскиот совет денеска беа во Апелацискиот суд во Скопје каде што треба да се одржи итен колегум по најавите на јавната обвинителка Вилма Рускоска дека ќе покрене финансиска истрага против судиите кои вчера донесоа одлука со која ја пуштија во куќен притвор поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, обвинета во случајот „Рекет“. Судиите Виолета […]

Фрчкоска: Изјавата на Рускоска е притисок врз судството


Адвокатите на екс специјалната обвинителка Катица Јанева, ја осуди изјавата на шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, која се закани дека ќе ги гони Апелациониот судии кои на Јанева и одредија домашен притвор. -Изјавата е апсолутно недозволена и се смета за притисок врз судтсвото и нивните одлукии и е преседан […]

Клиника за гастроентерохепатологија ги демантира тврдењата на адвокатот на Боки 13


Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија преку соопштение ги демантира тврдењата на адвокатот на Бојан Јовановски дека не сакале да го прегледаат и дека некои од лекарите се шегувале со неговата здравствена состојба. Во соопштението се наведува дека адвокатот го има наодот од прегледот во кој што има  проценка дека е потребно да се направи колоноскопија, што […]

Љубчо Георгиевски бара ДИК да ги исклучи партиите на Заев и Мицкоски од претстојните избори


ВМРО-Народна партија бара Државната изборна комисија да ги исклучи  од претстојниот изборен процес политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ поради кршење на Изборниот законик односно поради отпочнување на предизборна кампања вон законскиот рок, соопшти партијата. – Со ваквите чекори не само што се урнисува демократската атмосфера и процес туку и се дискриминираат помалите политички партии со […]

Мемети: Годинава рекорден број поплаки за детските права, најмногу во образованието


Годинава сè уште не е завршена, а веќе имаме примено рекорден број на поплаки за детските права за разлика од другите години во кои сме имале помалку, од 150 до 160. Во оваа година досега имаме над 200, а најголемиот дел од поплаките се во сферата на образованието, пренесе МИА. Ова денеска го истакна народниот […]

Царовска: Социјалната реофрма обезбедува подобар живот за 300.000 граѓани


Потпретседателката Мила Царовска ги продолжи средбите со граѓаните и различни целни групи. Денеска, на средба со нашите сограѓани Роми, од населбата Ѓорче Петров,  Царовска порача дека реформите што ги реализираше СДСМ во социјалата директно влијаат на подобрување на животот на над 300.000 граѓани, пренесе МИА. „Со социјалната реформа обезбедуваме повеќе пари за граѓаните, го враќаме […]

Продолжува изградбата на ООУ „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче


Изнајдено е решение за продолжување на изградбата на училиштето „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче. Владата на вчерашната седница даде согласност за преземање на обврските во програмите опфатени со развојниот дел од буџетот, за чие плаќање е потребно користење буџетски средства во наредните 2020 и 2021 година на Министерството за образование и наука, да почне постапката […]

Судијката Димишкова од снимките кај Камчев повикана во Обвинителство


Судијката Весна Димишкова е повикана да дава исказ пред обвинителката Вилма Рускоска, која го води случајот „Рекет“. Судијката Весна Димишкова се спомнува во снимените разговори направени во домот на Орце Камчев поврзани со случајот “Рекет“, пренесе Tелма. Засега не се знае во какво својство е повикана.

Адвокатот на Катица Јанева: Изјавата на Рускоска е недолична


Адвокатот на Катица Јанева, Дељо Кадиев, е затекнат од изјавата на обвинителката Вилма Рускоска која најави финансиска истрага на судиите од Апелација. -Недолична е изјавата на шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. И обвинителството е странка во постапката, како и ние бранителите, па затоа не треба да ја коментира судската одлука […]

Секој има право да истакнува слогани, но трговските марки треба да се усогласат и од македонска и од грчка страна


Различни толкувања и реакции во земјава предизвика промовирањето на слоганот „Macedonia the GReat” од страна на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис минатата недела во Солун. Министерството за надворешни работи излезе со реакција дека тоа ја поткопува меѓусебната доверба, додека експерите велат дека за трговските марки потребна е заемна согласност и од македонска и од грчка страна. […]

Седница на Собранието, ќе се расправа за заемот за автопатот Кичево – Охрид


Собранието денеска треба да ја одржи 116 седница на чиј дневен ред, меѓу другите, е Предлог законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање за Проектот за изградба на Автопат – делница Кичево – Охрид кој ќе се склучи меѓу Експорт – импорт банката на Кина и […]

Во Апелација итен колегиум по најавите на Рускоска за финансиска истрага


Апелацискиот суд во Скопје денеска ќе одржи итен колегум по најавите на јавната обвинителка Вилма Рускоска дека ќе покрене финансиска истрага против судиите кои вчера донесоа одлука со која ја пуштија во куќен притвор поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, обвинета во случајот „Рекет“. Информацијата ја потврдија судии од Апелација за дел од медиумите. Од Апелација […]

Рускоска: Ако била болна, зошто Јанева не дала оставка?


Апелацискиот суд не ја прифати гаранцијата што ја понуди Јанева, а ја пушта во домашен притвор. Ова е срам. Каква порака испраќаме со ваква одлука. Ова го изјави обвинителката Вилма Рускоска за Дојче веле. – Прашувам зошто не ја прифатија гаранцијата? Јас сум повеќе приврзаник на обезбедена гаранција, отколку на домашен притвор – вели Рускоска, […]