Кривичен суд Скопје донесе пресуди за 723 лица за непочитување на полицискиот час


Основниот кривичен суд – Скопје , по однос на казнените налози издавани од скопското Обвинителство за непочитување на полицискиот час (кој траеше до 26 мај како превентивна мерка за заштита од КОВИД-19) досега имаа донесени пресуди за 723 лица, информираат за МИА  од ОКС-Скопје. Основното јавно обвинителство – Скопје, до нив доставило 621 казнени налог, […]

Чулев тврди дека следењето на комуникациите е во спротивност со законите


Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на  прес-конференција во МВР, Тврдеше дека системот за следење на комуникациите  е во спротивност со законската регулатива и дека реформите што се водеа под покровителство на Рајнхард Прибе суштински не се реализирани. Министерот Чулев потенцираше дека од страната на стручните служби при МВР е констатирано фрапантно кршење на законите, […]

Советот за безбедност ќе расправа во сабота за вонредната состојба


Советот за безбедност ќе заседава в сабота, кога е последниот од 14 дена што ги одреди претседателот Стево Пендаровски со третата одлука за прогласување вонредна состојба. Од кабинетот на Пендаровски потврдуваат за „360 степени“ дека претседателот ќе го свика Советот в сабота, независно од тоа дали ќе има ново барање од Владата за продолжување на […]

Хрватска ги отвори границите, Македонија надвор од списокот


Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, по одржувањето на седницата на Владата на Хрватска, го објавил списокот на земји чии граѓани ќе можат да влезат во Хрватска и кои нема да треба да ја наведат причината за нивното доаѓање. Станува збор за земји-членки на Европската унија: Словенија, Германија, Австрија, Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Естонија, Латвија и […]

Штип: Два од четирите новозаболени се од истата текстилна фабрика


Општина Штип оствари комуникација со Министерството за здравство, со неколку сопственици на текстилни фабрики, со здружението за заштита на работничките права „Гласен текстилец“, Клиничка Болница Штип и Центар за јавно здравје и капацитетите се насочени кон заштита на здравјето на граѓаните. Според денешните податоци од Центар за јавно здравје на територија на Општина Штип има […]

Полска помош за нашата земја како поддршка во борбата против Ковид-19


Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, во улога на национален координатор на странска помош, а во присуство на полскиот амбасадор Војчех  Тицињски, денеска ја прими донацијата која Полска ја обезбеди за нашата земја како поддршка во борбата против Ковид-19. -Сакам да се заблагодарам во име на Владата до амбасадорот кој лично се заложи со […]

Шекеринска: Избори час поскоро, ни треба држава со полн капацитет


Час поскоро и пред почетокот на летните месеци да ги организираме изборите кои треба да овозможат функционирање на државата и институциите со целосен капацитет, порача денеска министерката за одбрана и потпретседател на СДСМ, Радмила Шекеринска. – Мојот став е дека избори треба да организираме час поскоро затоа што ни треба држава и институции со полн […]

Од 24 случаи во Скопје, седум се од Сарај


Од вкупно дијагностицираните нови 38 случаи со Ковид-19, според денеска објавените податоци, 24 се од Скопје. Како што информираа за МИА од Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје 24-те заболени во Скопје се од Бутел-4, Сарај-7, Чаир-3, Аеродром-3, Студеничани-2, Гази Баба-1, Шуто Оризари-2, Кисела Вода-1 и Карпош-1.

Чулев негира дека ги претплатил ремените за полицијата


Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев коментирајќи ги денешните обвинувања од Независниот синдикат на полицијата дека биле набавени 600 ремени за сума од 300 илјади евра рече дека се работи за неточна информација. – Нека проверат сите медиуми и јавноста, сите набавки се јавни. Ние и писмено ќе ви доставиме доколку побарате. Се работи за […]

Спасовски: Компромис со Уставот нема да правиме


Компромис со Уставот нема. Уставот е јасен дека во рок од 60 дена од распуштање на Собранието треба да се одржат парламентарните избори, рече денеска премиерот Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Карбинци. – Ако имаме потреба врз основа на анализите дека треба да се прогласи вонредна состојба уште некој ден за […]

Спасовски: Наскоро очекувам договор и одлука за отворање на границите во регионот


Премиерот Оливер Спасовски очекува земјите од регионот наскоро да постигнат договор и да донесат одлука за отворање на границите. Спасовски додаде дека е во постојана комуникација со своите колеги од соседните држави со кои, како што истакна, се разговара за отворање на границите. – Неодамна напоменав дека одржавме и една конференција која имаше за главна […]

Нови 38 случаи на Ковид -19, тројца починати


Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 38 нови лица позитивни на коронавирусот и 16 оздравени пациенти. Во овој период починале два лица, а кај третото корона вирусот бил откриен посмртно. – Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје-1, Куманово-1, Прилеп-4, Велес-9, Битола-1. Починаа двајца пациенти од Тетово. […]

Попладнево пороен дожд и грмежи


Во попладневните часови денеска на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според УХМР, продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и со потпросечни дневни температури за овој период од годината. Утре во Берово се очекуваат минимални четири степени, а максимални 24 […]

Кога двајца се караат, третиот користи, нели?


Еден мал настан е на пат да предизвика силна напнатост во триаголникот Софија-Скопје-Белград. Ова е публикацијата „За официјалниот јазик на Република Северна Македонија“ објавена од БАН. Во него, Бугарската академија на науките опширно го објаснува јазикот на нашите браќа од Македонија, што тој дури го дефинираше како „северномакедонски“, што дополнително ги навредува нашите соседи и […]

Полицискиот синдикат бара одговори од Чулев за набавката на 600 ремени во МВР


Претседателот на Независниот полициски синдикат (НСП) Гоце Делчев реагира на јавната набавка на 600 ремени во Министерството за внатрешни работи и упатува забелешки до министерот за внатрешни работи Наќе Чулев зошто не дозволил вклучување на членови на овој Синдикат во комисиите на МВР, вклучително и на таа за јавни набавки. На Чулев му забележува и […]

Заев: Нашата татковина има потреба од избори


Нашата татковина има потреба од избори во првиот можен термин за да го дочекаме новиот бран на коронавирусот наесен целосно подготвени, објави денеска на Фејсбук лидерот на СДСМ, Зоран Заев. – На граѓаните и на државата им требаат институции со целосен легитимитет за да создадат услови за новата нормалност, со полн капацитет да го заштитиме […]

Полска испрати средства за дезинфекција и маски за Македонија


Денеска во Македонија ќе пристигне помошта од Полска која се состои од средства за дезинфекција и маски а е наменета за шест држави од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија. Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на национален координатор на странска помош […]

Утре без струја дел од корисниците во Аеродром, Кисела Вода, Чаир и Центар


Од ЕВН информираат дека утре заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Аеродром,Кисела Вода, Чаир и Центар. Од 8.30 до 11.30 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. Црноризец Храбар, дел од ул. 1616 (реонски центар) – Лисиче, како и корисниците од […]

Нема полициски час, но ќе има повеќе контрола од полицијата


Од вчера е укинат полицискиот час, но, и покрај олабавувањето на рестриктивните мерки, во сила остануваат препораките на Владата и Министерството за здравство за заштита од коронавирусот. Од Министерството за здравство апелираат до граѓаните во целост да ги почитуваат мерките и препораките, особено за задолжително носење на заштитна опрема, често миење и дезинфицирање на рацете, […]