Светски ден на бездомништвото, облека и хигиенски артикли за бездомниците во пунктот во Момин Поток


Пакети со облека и хигиенски артикли денеска ќе им бидат доделени на бездомниците во пунктот на Црвениот крст на Град Скопје во Момин Поток во рамки на одбележувањето на 10 Октомври – Светскиот ден на бездомништвото. Од Црвениот крст информираат дека ќе бидат доделени и благодарници на компании кои го поддржуваат работењето на пунктот во …

Светски ден на бездомништвото, облека и хигиенски артикли за бездомниците во пунктот во Момин Поток Read More »

Претседателот Пендаровски утре во официјална посета на Австрија


Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски утре ќе престојува во официјална посета на Република Австрија, соопшти неговиот кабинет. Во Виена, претседателот Пендаровски со највисоки државни и воени почести ќе биде примен од сојузниот претседател Александер Ван дер Белен, а ќе оствари билатерални средби со сојузната канцеларка Бригит Биерлејн и со претседателот на Националниот совет …

Претседателот Пендаровски утре во официјална посета на Австрија Read More »

Куќен притвор за Јасна Мандиќ


Куќен притвор за потпретседателката на Меѓунаротдниот сојуз Јасна Мандиќ која е осомничена за измама и перење пари во проширената истрага за случајот „Рекет“, синоќа определи судија на претходна постапка по предлог на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Адвокатот на Мандиќ, Душко Јанковиќ, синоќа изјави дека барањето на Обвинителството била ефективна мерка притвор, …

Куќен притвор за Јасна Мандиќ Read More »

Сончево со мала облачност, за продолжениот викенд топло


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а дневната од 21 до 27 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од југоисточен правец. Утринската …

Сончево со мала облачност, за продолжениот викенд топло Read More »

Холандија ја отвори вратата за Македонија, остана уште Париз


Парламентот во Холандија, една од најскептичните земји за проширувањето на ЕУ, во вторникот вечерта го поддржа отворањето на разговорите за пристап со Северна Македонија, а за Албанија зазеде многу покритичен тон и не се согласи да даде зелено светло. Холандските пратеници го разјаснија својот став на само една недела пред министерскиот состанок на ЕУ на …

Холандија ја отвори вратата за Македонија, остана уште Париз Read More »

Заев пристигна во Србија, утре во Нови Сад ќе има состанок со Вучиќ и Рама


Премиерот Зоран Заев попладнето пристигна во Србија, а на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ го пречека српската министерка за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ, по што со делегацијата се упати кон Нови Сад каде утре, во Офицерскиот павиљон на Петроварадинската тврдина, ќе учествува на трилатерален состанок со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Владата на …

Заев пристигна во Србија, утре во Нови Сад ќе има состанок со Вучиќ и Рама Read More »

Јасна Мандиќ приведена, во Кривичниот суд пристигна обвинителката Русковска


Обвинителката Вилма Русковска вечерва пристигна во Кривичниот суд, а по неа во Судот беше донесена и Јасна Мандиќ, една од осомничените во истражната постапка против пет физички и едно правно лице,  поради, како што се наведува, постоење основано сомнение за помагање при извршување на кривичното дело „измама“. Мандиќ, е потрпетседател на хуманитарната организација „Меѓународен сојуз“ …

Јасна Мандиќ приведена, во Кривичниот суд пристигна обвинителката Русковска Read More »

Спасовски: Нема ризик од конкретен терористички акт во Северна Македонија


Северна Македонија и Европската Комисија денеска во Брисел потпишаа заеднички акциски план во делот на борбата против тероризмот. Иако нашата земја не се соочува со конкретен ризик од терористички акт, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, предизвикот лежи во нејзината стратешка положба. -Овој договор е имплементација на низа мерки кои што ќе значат ефикасност …

Спасовски: Нема ризик од конкретен терористички акт во Северна Македонија Read More »

Дескоска: Не треба да има дилеми за препораките од Венецијанска комисија, но тоа ќе биде откако ќе има официјално мислење


Министерката за правда Рената Дескоска вели дека не треба да има дилеми за спроведување на препораките од Венецијанската комисија, но тоа ќе биде сторено откако Комисијата ќе го даде своето официјалното мислење. -Мислам дека не треба да има никакви дилеми или дебати дали ќе се имплементираат или нема да се имплементираат препораките. Со самото тоа …

Дескоска: Не треба да има дилеми за препораките од Венецијанска комисија, но тоа ќе биде откако ќе има официјално мислење Read More »

Ваучер од 1000 евра за инвертер за домаќинства во Скопје, Битола, Тетово и Кичево


АД ЕСМ ќе одвои 10 милиони евра односно 618 милиони денари за имплементирање на еколошка мерка за субвенции за набавка на инвертер клими за домаќинствата во Скопје, Битола, Тетово и Кичево, како најпогодени од загадениот воздух, кои се греат на дрва, јаглен и фосилни горива со висока емисија јаглерод диоксид и штетни ПМ честички, како …

Ваучер од 1000 евра за инвертер за домаќинства во Скопје, Битола, Тетово и Кичево Read More »

Заев: Санкции за сите одговорни, без оглед на функцијата


Кога некое лице ќе биде осомничено, обвинито или слично тогаш ја применуваме мерката на санкции која значи времено отстранување на тоа лице за да ја докаже својата невиност, вратите се отворени  секогаш за секого, рече денеска премиерот Зоран Заев, прашан  дали ќе го исполни ветеното за исклучување од партијата на кој било член за кој …

Заев: Санкции за сите одговорни, без оглед на функцијата Read More »

Владата побарала одложување на мислењето на Венецијанската комисија


Премиерот Зоран Заев потврди дека Владата побара одложување на конечното мислење на Венецијанската комисија во врска со Законот за употреба на јазиците, за да имаат време да ги анализираат забелешките на Комисијата изнесени во драфт верзијата и да одговорат на нив. Во секој случај, рече, конечниот став и мислење на Комисијата може да се очекува …

Владата побарала одложување на мислењето на Венецијанската комисија Read More »

Шилегов: Правиме се во најкус рок правно да ја расчистиме трасата на булеварот „АСНОМ“


Паушални се проценките дека Градот не нуди доволно средства за откуп на објектите во скопската населба Керамидница за правно да ја расчисти трасата што треба да се реализира во третата фаза од изградбата на булеварот „АСНОМ“, порача денеска градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов. -Не верувам дека е некој незадоволен од цената што ја нудиме …

Шилегов: Правиме се во најкус рок правно да ја расчистиме трасата на булеварот „АСНОМ“ Read More »

Заев: Нема приближување за Законот за ЈО, но уште не е доцна за договор до 15 октомври


Досега немам информација дека има приближување, се надевам дека ќе се направи чекор на приближување, за мене се до 15 октомври не е доцна. Никогаш не е доцна за било што, што е добро за државата да се договориме, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање дали има некакво придвижување меѓу власта и опозицијата …

Заев: Нема приближување за Законот за ЈО, но уште не е доцна за договор до 15 октомври Read More »

Шилегов: Дрисла нема техничка можност да спалува опасен отров или материјал


Нема техничка можност во депонијата Дрисла да се спалува отпад од било каков карактер освен медицински отпад, порача денеска градоначаникот на Град Скопје Петре Шилегов. Прашан дали може на скопјани да им гарантира дека во Дрисла не се гори опасен отров или материјал, Шилегов рече дека надлежен за надзорот на работата на депонијата во еколошка …

Шилегов: Дрисла нема техничка можност да спалува опасен отров или материјал Read More »

Центар ќе ги чисти спомениците пред празникот 11 Октомври


Советниците на Општина Центар, два дена пред големиот државен празник за 11 октомври, ќе ги засукаат ракавите и ќе ги исчистат спомениците на хероите од Народноослободителната борба на територија на општината. Ова го најави градоначалникот Саша Богдановиќ, на Фејсбук. – Во очи на големиот државен празник, 11 Октомври, Денот на востанието на Македонија, заедно со …

Центар ќе ги чисти спомениците пред празникот 11 Октомври Read More »

Ременски стоела зад измамите на Боки 13


Потпретседателката на Собранието и пратеничка, Фросина Ременски стоела зад измамите што ги правел претседателот на Меѓународниот сојуз, Бојан Јовановски- Боки 13 со невладината организација која беше прикажувана како хуманитарна организација. Ременски заедно со Јовановски присуствувала на средбите што ги организирал Боки 13 со фирмите од кои изнудувал пари за тие да стекнат впечаток дека зад …

Ременски стоела зад измамите на Боки 13 Read More »

Заев: Недоразбирање во Арачиново, 300 пилоти не сме ветиле, пилот-проекти се тоа


Премиерот, Зоран Заев денеска ги демантираше информациите дека СДСМ им ветила на жителите на Арачиново дека ќе бидат вработени 300 пилоти од оваа општина. Тој пајасни дека се работи за пилот-проекти кои се во процес на реализација. ,,300 пилоти не сме ветиле, пилот-проекти се тоа. Државата нема таков ресурс за да вработува 300 пилоти. Со …

Заев: Недоразбирање во Арачиново, 300 пилоти не сме ветиле, пилот-проекти се тоа Read More »

Јовески: До овој момент не е постигната спогодба за случајот „Рекет“


До овој момент конкретна спогодба со осомничените за случајот „Рекет“ не е постигната, ниту е влезено во посериозни договори околу спогодбата иако, како што изјави денеска државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, некои од нив биле заинтересирани за тоа. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција утре ќе поднесе обвинение за случајот „Рекет“, потврди Јовески …

Јовески: До овој момент не е постигната спогодба за случајот „Рекет“ Read More »

Шилегов: Очекувам до декември ГЕС да добие лиценца


Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов очекува до крајот на ноември или во првата половина од декември, Градски енергетски системи (ГЕС) да ја добие лиценцата за дистрибуција на топлинска енегрија во сисемот за централно греење во Градот. – Во тек е постапката околу обезбедувањето на финасиската поддршка за работењето на Градски енергетски системи (ГЕС), како …

Шилегов: Очекувам до декември ГЕС да добие лиценца Read More »