Орлите на ДУИ приземјени од Хаг


Слободанка Јовановска Веста дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, среде преговори за правење влада доби покана од Хаг, одекна како бомба вчера во Македонија. Иако лидерот на интегративците објави дека е повикан како сведок во случајот против Хашим Тачи за воен криминал, неговата политичка, а уште повеќе преговарачка позиција драматично е разнишана, или со парафраза […]

Коневски ќе поднесе тужба против Стоилковски за „изнесени лаги и клевети“


Поранешниот градоначалник на Општина Аеродром, Ивица Коневски на неговиот Фејсбук профил објави дека ќе поднесе тужба против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски за „изнесени лаги и клевети“. – Против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски ќе поднесам тужба за изнесените лаги и клевети и тој за многу кратко време јавно ќе се извини.  Мицкоски, ти порачувам […]

Нови 123 заболени со Ковид-19, оздравени 74 лица


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1312 тестирања, а регистрирани се 123 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-54, Куманово-5, Дебар-4, Штип-18, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-6, Битола-2, Охрид-3, Гостивар-16, Крушево-1, Демир Хисар-1, Свети Николе-2, Кичево-4, Ресен-1. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти од:Скопје-23, Дебар-1, Штип-2, Прилеп-6, Тетово-15, Битола-7, Гостивар-6, […]

АВМУ: Ниту една телевизија не обезбедила рамноправно преставување на телевизиите


Ниту една од комерцијалните телевизии не успеа целосно да го спроведе принципот за известување пропорционално на бројот на потврдени кандидатски листи и интензитетот на кампањата, покажува анализата од Извештај од мониторингот на изборното медиумско претставување за време на Предвремените парламентарни избори 2020 година, што го претстави денеска  Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. – […]

Напуштениот Илче од Охрид закрепнува на Детската клиника, Филипче интервенирал


Од чергиче на под, со една чаша млеко на ден и неискапен 1 година, 11- годишниот Илче од Охрид закрeпнува на Детската клиника во Скопје, објави Телма. Неговиот тест за корона е негативен, и откако ќе закрепне на Клиниката за детски болести веднаш да биде  вселен во малиот групен дом во Демир Капија.  Голготата за […]

Сестрата на Катица Јанева била незаконски избрана на функција


 Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе достави иницијатива до новата Влада со која ќе бара повторно преоценување на комплетната постапка за избор на членови и претседател на Комисијата за хартии од вредност, како и информација до новиот собраниски состав за преземените активности во однос на самата постапка и да се следи овој процес, […]

Граѓански организации бараат поголема заштита од Ковид-19 на ранливите и маргинализирани граѓани


Ранливите и маргинализирани групи граѓани немаат еднакви можности за да се заштитат, ниту во време на пандемија од коронавирус. Состојбата на овие граѓани е влошена, а бројот на заболени од Ковид-19 секојдневно се зголемува, соопштија дванаесет граѓански организации, чии активисти спровеле теренски анализи. Станува збор за граѓанските организации: Здружение Национален ромски центар, Романо Чачипе, Здружение […]

Паметни клупи на кејот на Луда Мара и во градскиот парк во Кавадарци


Паметни клупи се поставени на кејот на реката Луда Мара и во градскиот парк во Кавадарци. Клупите се опремени со соларни панели за производство на електрична енергија, со приклучоци за полнење на батериите на сите типови на мобилни телефони, безжичен бесплатен интернет. -Проектот за поставување на паметни клупи е во завршна фаза. Поставени се две […]

Министерот Арбер Адеми позитивен на Ковид – 19


Министерот за образование и наука Арбер Адеми е позитивен на Ковид -19. Тој на својот Фејсбук профил објави дека по неколкуте благи симптоми што ги имал и сомневањата дека можеби е заразен, направил тест, кој покажал дека е позитивен. – Апелирам до сите вас да ги почитувате максимално протоколите заради вашето здравје и здравјето на […]

Како тече дебатата во ВМРО-ДПМНЕ: Јас тебе со критика, ти мене со навреди


Додека раководството на ВМРО-ДПМНЕ молчи во деновите по поразот, одбраната од критичките напади ја презедоа вторите, третите, па и четвртите ешалони. И тоа главно преку социјалните мрежи и „храбри“ објави на Фејсбук. Вчера тоа му се случи на поранешниот министер за надворешни работи, Никола Попоски (адвокатот Тони Менкиноски беше груб и исклучив во нападот), а […]

Мила Царовска најави тужба за клевета за Боки 13


Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска демантира дека кога била министерка за труд и социјална политика му давала поддршка на Бојан Јовановскки, Боки 13, кој денеска на рочиштето за случајот „Меѓународен сојуз“ во кој е обвинет за перење пари и измама, рече дека функционирале како министерство за социјала. – Парите кои се уплаќани кај Љиљана […]

Утре и за викендот локален пороен дожд и засилен ветер


Утре и за време на викендот во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во сабота на места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Утринските температури ќе се движат од 13 до 23 степени, а дневните од 28 до 36 степени. Од понеделник повторно […]

Напаѓачот на time.mk не ја нападнал и страницата на ДИК


Интервју со хакерите кои во изборната вечер ја нападнаа страницата на агрегаторот time.mk објави it.mk, во кое тие објаснуваат дека не направиле никаков ДДос напад и дека не се одговорни за нападот на страницата на Државната изборна комисија. Најавуваат и десетици други, многу поголеми напади во следните недели, за да се промени нешто во државата, […]

Љубчо Георгиевски со адвокатски тим ќе ја враќа титулата почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ


Љубчо Георгиевски, првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а подоцна и почесен претседател, не е задоволен од последните измени на Статутот во неговата поранешна партија и смета дека веќе стекнатото право како почесен претседател на партијата не може да му биде одземено. Тој веќе го подготвува адвокатскиот тим за покренување на тужба против ВМРО-ДПМНЕ во негово име, […]

Нефрологија со нова медицинска опрема и реновирани оддели


На Универзитетска клиника за нефрологија е извршено комплетно реновирање на интензивниот оддел, како и одделите за хронична и акутна дијализа, одделот за трансплантација на бубрег, како и одделот за васкуларни пристапи. Со оваа инвестиција, значително е унапреден квалитетот на здравствената заштита, имајќи предвид дека оваа клиника е единствена установа во државата која третира најкомплексни пациенти со […]

Епидемиолошката состојба под контрола – тврдат надлежните, нема потреба од рестрикции


Нови 137 случаи на Ковид-19 беа регистрирани вчера, оздравеа 131 лице, а починаа десет. Здравствените власти, сепак, епидемиолошката состојба ја оценуваат како генерално стабилна и сметаат дека засега нема потреба од рестрикции. Најмногу нови случаи се регистрирани во Скопје – 64, потоа во Штип – 19, Струга – 14, во Куманово  и Тетово – седум, […]

Сончево и топло со температура до 37 степени


Времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 21, а дневната од 29 до 37 степени. УВ-индексот ќе изнесува […]

Наумовска: Владата знае што треба да се преземе, изготвуваме протоколи за новата учебна година


Владата треба да ги рзгледа документите кои ги подготви Бирото за развој на образование и работната група, да дадеме мислења, насоки и дополнувања. Се надевам дека навремено, до првата половина од август, сите тие протоколи, планови и стратегии ќе бидат презентирани пред јавноста и училиштата ќе имаат доволно време да се подготват за почетокот на […]

Богдановиќ: Ако не донесеме нов ДУП ќе се врати во сила тој со „Скопје 2014“


Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, во емисијата „Топ тема“ изјави доколку општината во ДУП-от ги отфрли спорните објекти од проектот Скопје 2014, за кои се отворени повеќе постапки поврзани со јавно-обвинителски истраги и има судски одлуки, посочувајќи го како пример проектот „Шпански скали”, тогаш ќе им направи само услуга на инвеститорите на овие објекти, […]

Али Ахмети повикан да се јави во Хаг како еден од основачите на ОВК


Од Специјалното обвинителство изјавија за „Независен“ дека не споделуваат информации за нивната истрага   Специјалното обвинителство на Косово не сака да сподели информации за тоа зошто лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е повикан во Хаг. На прашањето на „Независен“ кои се причините за повикот до Али Ахмети, Крис Бент од Специјалното обвинителство вечерва ни одговори […]