Филипче: Само преполнетоста на болниците може да ги врати рестрикциите на движење


Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека ние сме една од ретките земји која целиот овој изминат период има протоколи за функционирање на компании, бизниси, угостителски објекти, хотели, плажи, базени. -Тие протоколи се темелат на јасни епидемиолошки принципи. Задолжителното носење маски, одржувањето на физичката дистанца е единствениот начин со којшто ние ќе излеземе од оваа […]

Уште 3885 активни случаи во земјата, вкупно хоспитализирани 419


Нови 241 случај позитивни на коронавирусот вчера беа регистрирани од направени 1700 тестирања, со што вкупната бројка од почетокот на епидемијата се искачи на 9026. Во претходното деноноќие починаа осум лица. Заклучно со вчерашните, досега починаа 414 пациенти. Вчера беа регистрирани и 51 оздравено лице, со што бројот на оздравени сега е 4727. Активни случаи […]

Сончево со мала до умерена облачност, во одделни места појава на пороен дожд и грмежи


Времето денеска сончево со мала до умерена облачност, во западните делови со засилен западен ветер. Локално ќе има појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме, информираат од УХМР. Попладне времето постепено ќе се стабилизира. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе […]

Штип и Свети Николе стануваат темпирани корона бомби


Во Штип денеска има 60 нови инфекции на корона вирусот. Вирусот се прошири од конфекциите во контактите на нивните вработени надвор   Денешниот извештај од здравствените власти, дека во изминативе 24 часа се регистрирани 60 нови случаи на корона вирусот во Штип ги зголеми стравовите за тоа што се случува во регионалниот центар на истокот […]

Рекордни 241 нови случаи на Ковид 19 во земјава, починале осум лица


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1700 тестирања, а регистрирани се 241 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-73, Куманово-10, Дебар-1, Штип-60, Прилеп-5, Тетово-32, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-2, Гостивар-14, Гевгелија-6, Струмица-4, Крива Паланка-3, Радовиш-3, Крушево-1, Кочани-8, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Виница-1, Кратово-1, Свети Николе-5, Кичево-2. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 […]

Управниот Суд одлучи во полза на Владата во врска со финансиска поддршка на здруженија и фондации во услови на Ковид кризата


Во името на граѓаните на Република Северна Македонија Управниот суд на седница одржана на 17 јули, решавајќи по тужбата на тужителот Генерален секретаријат на Влада на Република Северна Македонија преку д-р Драги Рашковски, генерален Секретар на Владата, донесе и јавно ја објави пресудата со која ја уважи тужбата на тужителот Влада на Република Северна Македонија […]

Бучковски: Очекувам ДУИ да се откаже од идејата Насер Зибери да биде премиер


оранешниот премиер Владо Бучковски во денешното гостување на „Стадион“ на „Канал 77“ истакна дека очекува ДУИ да биде реален и да се откаже од идејата Насер Зибери да биде премиер. – Јавно го кажав својот став пред изборите дека очекувам мртва трка со фото-финиш , блага предност на СДСМ од еден-два мандата и можност Заев […]

Радио Франс Интер за изборите: „Черчиловата судбина на Северна Македонија“  


Франција– „Черчиловата судбина на Северна Македонија“ – под овој наслов најслушаното француско радио Франс Интер, кое е дел од јавниот сервис, се осврна со долг коментар на последните парламентарни избори во Северна Македонија, кои според коментаторот „беа клучни за земјата, која имаше избор помеѓу влегување во Европската унија или предавање на националистичките сирени“, јави дописникот […]

Во светиниколска „Мода“ позитивни 53 работници


Во светиниколската конфекција „Мода“ вкупниот број заразени работници изнесува 53 откри скринигот, кој го направи компанијата. Последните резултати од тестирањето се пристигнати утринава, кои покажаа дека на претходните 45 се додаваат уште осум работници позитивни на Ковид-19. Директорот на „Мода Ад“ –Свети Николе, Ангел Димитров вели дека во скринингот во кој компанијата самата инвестираше беа […]

Поради дефект, Ново Лисиче без вода


Поради уличен дефект ф 400 мм на Бул. „Србија“ бр.48, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Бул. „Видое Смилевски Бато“ и дел од Бул. „АСНОМ“. Како што информираат од ЈП Водовод и Канализација, прекинот во снабдувањето со вода ќе трае од 13.30 часот до санирање на дефектот.

Променливо облачно, на некои места и со пороен дожд, грмежи и засилен ветер


Времето денеска и во ноќните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд кој може да надмина 25 литри на квадратен метар, електрични празнења и појава на град. Максималната температура ќе биде во […]

МЗ: Од почетокот на годината воведена нова иновативна терапија за лицата со хемофилија


Министерството за здравство информира дека од почетокот на оваа година за лицата со хемофилија е воведена иновативна биолошка терапија, која се администрира поткожно, еднаш неделно во домашни услови од самите лица, со што болните и чести венепункции стануваат минато за овие лица. Со оваа терапија (emicuzumab), дополнително и повеќекратно се намалува честотата од крварења. Со […]

Охрид ја троши најслабата туристичка сезона


Охрид календарски ја троши веројатно најслабата туристичка сезона последните неколку децении. Оваа 2020 година требаше да биде рекордна, кога станува збор за туризмот и тоа според повеќе параметри, од предвидените дополнителни авионски линии и нови чартер-летови до охридскиот Аеродром, се до значајните вложувања во подобрувањето на севкупната сместувачка и услужна понуда изминатите неколку години. Епидемијата […]

Преговорите за новата влада по Илинден, ЕУ очекува стабилна коалиција и силен Парламент


Преговорите за формирање на новата влада ќе почнат по Илинден. Тогаш, согласно законските рокови, како што соопшти СДСМ, ќе стартува процесот на дефинирање коалиција. Европската унија очекува стабилна владина коалиција и силен Парламент. Тоа го порача вчера, преку еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји и шефот на дипломатијата на ЕУ, Јосеп Борел. – Имајќи го предвид […]

Активни на коронавирус во Скопје има 1.837 лица, трицифрен е бројот во осум општини


Нови 164 случаи со потврден вирус Ковид-19 од 1.612 тестирања беа евидентирани во вчерашниот билтен на Министерството за здравство по изминати 24 часа. Починаа пет пациенти, од кои најмладиот на 35-годишна возраст од Скопје, кој се лекувал во ГОБ „8 Септември“. Од крајот на февруари, кога почна епидемијата во земјава, вирусот е потврден кај вкупно […]

Променливо облачно и нестабилно


Времето во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно. На повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20л/м2), силен ветер, електрични празнења и појава на град. Температурата,на воздухот особено на северот, осетно ќе се намали. Утринската температура […]

Заев одморот ќе го помине дома во Струмица


-Денеска си заминав од Скопје и до Илинден ќе бидам на одмор дома во Струмица,  изјави Заев за Либертас. Тој не планира ова лето да оди во некој од туристичките центри во земјава на одмор ниту пак во странство. Претходно и СДСМ преку соопштение извести дека имајќи го предвид изминатиот период исполнет со корона криза […]

Се поставува монтажно-модуларниот амбулантско поликлинички оддел на Клиниката за пулмологија и алергологија


Почна поставувањето на контејнерите за монтажно-модуларниот амбулантско поликлинички оддел на Клиниката за пулмологија и алергологија на просторот помеѓу Институтот за патофизиологија и Институтот за ТБЦ. Како што информира Министерството за здравство, монтажата треба да заврши до 30 јули, а кон средината на наредниот месец објектот целосно да биде подготвен за работа. -Во монтажно-модуларниот амбулантско поликлинички […]

Во Дебар 18 новозаразени со Ковид-19


Во последното деноноќие во Дебар забележен е нов негативен рекорд на новозаразени со Ковид-19. Според официјалните податоци, регистрирани се 18 новозаболени, што е трета двоцифрена бројка досега, по 10 јули кога имаше 17 и на 20 јуни кога исто така беа регистрирани 18 нови случаи. Со денеска потврдените, вкупниот број заразени од почетокот на пандемијата […]

Нови 164 заболени од Ковид-19, петмина починаа


Во последните 24 часа се направени 1.612 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на Ковид-19, петмина починаа, а оздравеле 74 пациенти. -Скопје 59 -Куманово 12 -Дебар 18 -Штип 17 -Прилеп 1 -Тетово 6 -Струга 6 -Битола 1 -Кавадарци 2 -Гостивар 9 -Пробиштип 2 -Демир Хисар 1 -Свети Николе 23 -Кичево 6 -Ресен 1 Починати […]