Шахпаска на средба со ССНМ: потребна е поголема социјална и економска сигурност за новинарите


Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) со кои разговараше за потребата од поголема социјална и економска сигурност на новинарите и медиумските работници и унапредување на нивните работничките права. Од страна на претставниците на ССНМ биле посочени предизвиците со кои […]

До недела стабилно време со дневни температури до 30 степени


До недела ќе преовладува стабилно време, а веќе од понеделник синоптичарите најавуваат локална нестабилност. Во следните два дена утринските температури ќе бидат пониски, а дневните ќе бидат во пораст. Утре ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец, а потоа од јужен правец што ќе предизвика дополнителен пораст на температурите. Дневните […]

Сите прислушувани бараат отштета, кој ќе ја плати?


Недогледен е бројот на оние што сведочат дека биле прислушувани. Штетата што тие ја побаруваат веќе се брои во милиони и милиони евра   Новинари, бизнисмени, банкари, адвокати сведочеа денес дека биле прислушувани и речиси сите ќе бараат отштета, со ограда на некои од нив дека – ако треба да плати државата, ќе се откажат. […]

Милевски најавува развој на сите региони, не само скопскиот


 Министерот за локална самоуправа Горан Милевски на денешната прес-конференција истакна дека приоритет во четиригодишниот мандат ќе му биде подобрување на системот на локална самоуправа, подоследно спроведување на политиките на рамномерен регионален развој и уште поефикасно управување ИПА фондовите на ЕУ за прекугранична соработка. – Овој мандат го почнуваме со стратешко планирање и програмирање во сите […]

Средношколците ќе ја бојкотираат наставата ако нема комбиниран модел


Од Сојузот на средношколци денеска соопштија дека Владата не го пригатила нивното најважно барање, учебната година да започне со комбиниран модел на настава, истакнувајќи дека месецов ќе ја следат состојбата со епидемијата и ако е стабилна ќе бараат тој модел да се примени од ноември, а доколку не се исполни нивното барање, средношколците ќе ја […]

Синдикатот на УПОЗ бара итно повлекување на одлуката за фиксно работно време


Синдикатот на УПОЗ бара итно повлекување на одлуката за фиксно работно време бидејќи, според нив, тоа е спротивно на Гранскиот колективен договор потпишан на почетокот на годинава во кој е утврдено флексибилно работно време. Од Синдикатот на УПОЗ велат дека се затекнати од ваквата одлука на Владата бидејќи не биле информирани и консултирани како социјален […]

Уште непочната учебната година ќе се бојкотира


Градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари на средба со новинарите истакна дека ја информирал министерката за образование и наука Мила Царовска за можниот бојкотот на наставата во многу училишта во општината особено во руралните дел и дека ќе се солидаризира со советите на родителите доколку дојде до тоа. – Родителите имаат право да реагираат. Преку […]

Филипче оствари средба со сестрите од Инфективна, кои поднесоа барање за отказ


Министерот за здравство Венко Филипче утрово остварил средба со сестрите од Инфективна клиника, за кои синоќа на социјалните мрежи беше објавено дека поднеле барање за отказ, меѓу кои и главната сестра на клиниката. – Утрово се сретнав со колешките Зорица, Силвана и Дивна, медицински сестри од Инфективната Клиника. Тие изминативе седум месеци се на првата […]

Онлајн наставата мора со видео, но не смее да се снима


Голем дел од наставниците жестоко реагираа по обуките за онлајн предавањата на Националната платформа, тврдејќи дека едукаторите им дале јасно на знаење дека е незаконски да бараат од учениците до 16-годишна возраст да имаат вклучено камера. Велат дека им било укажано дека само децата имаат право да ја гледаат наставничката, но не и таа нив, […]

Над сто заболени од Ковид-19 во претходното деноноќие, Шахпаска со порака дека се уште има места во градинките


Нови 112 случаи на заразени од Ковид 19 од 1372 тестирања и 159 оздравени, е билансот од претходното деноноќие, според статистиката на Министерството за здравство. Во моментот 47 деца од предучилишна возраст, односно три згрижувачки групи и 14 вработени се во изолација поради Ковид-19. Се уште целосно не е исполнет капацитетот согласно протоколот за работа […]

Променливо облачно со температура до 24 степени


Времето претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува главно умерен, на места засилен ветер од западен и северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 6 до 14, а дневната од 16 до 24 степени. Во Скопје, променливо облачно, во втората половина од денот облачноста ќе се намали. Ќе […]

Главната медицинска сестра на Инфективна и две други дале отказ


  Докторот Ненад Лазаров од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари, вечерва на својот Фејсбук објави главната медицинска сестра и две други дале отказ од ИНфективната клиника, што според него, е голема загуба во ова време на корона вирус. „Главната сестра на Инфективна клиника, и уште 2 одделенски сестри даваат отказ во еден акт. Причините […]

Еди Рама се извини што фотографија од Лешница означил како убавина од Албанија


По рекациите на социјалните мрежи, откако албанскиот премиер Еди Рама објави фотографија од планински водопад со хаштаг „прекрасна Албанија“ и „Кањон Лешница“, од неговиот Кабинет за МИА информираа дека во јужниот дел на Албанија исто така постои село со истото име и оти фотографијата по грешка била објавена дека е од Албанија. Имено, од Кабинетот […]

Спасовски: На Јанкуловска и дадовме половина час да се подготви


Постапката за спроведување на Гордана Јанкуловска, во КПУ-Идризово беше врз основа на наредба на судијата за извршување на санкции, врз основа на пресудата донесена од Врховниот суд, информира вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на ТВ 24. Тој потенцира дека наредбата издадена од судијата за извршување санкции гласела веднаш да се приведе лицето кое треба да […]

Платформата за онлајн учење ќе биде многу корисна, уште да проработи


За два дена треба да почне учебната година, која годинава, поради пандемијата од корона вирус, кај нас почнува со задоцнување од еден месец. Откако Владата одлучи со физичко присуство настава да следат само учениците од прво до трето одделение, се појави потреба од униврзална алатка за следење онлајн настава, па за таа цел беше изработена […]

Владата го усвои протоколот за работа на игротеките


Владата денеска го усвои протоколот за работа на игротеките во услови на епидемијата и препорача строго почитување на мерките за заштита од пандемијата, но и на протоколот при вршење на дејноста. -На денешната седница усвоен е протокол за работа на игротеките во услови на епидемија со КОВИД-19 и се препорачува строго почитување на мерките за […]

Владата даде зелено светло за дневниот престој, препорака е учениците да се од иста паралелка


Владата на својата редовна 7 седница, го разгледа и усвои Записникот од Четвртиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, одржан на 28 септември 2020 година, и врз основа на заклучоците и препораките на Комисијата за заразни болести ги донесе следните […]

Четириесет и седум деца и 14 вработени се во изолација поради Ковид-19


Во моментот 47 деца од предучилишна возраст, односно три згрижувачки групи и 14 вработени се во изолација поради Ковид-19, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Единствено затворен е објектот во склоп на градинката „Ѕвездички“ во Чешиново-Облешево, кој, како што најави денеска министерката, ќе биде отворен утре. Во градинките, според Шахпаска, се […]

Пендаровски им врачи „Инженерски прстен“ на најдобрите дипломирани инженери


Претседателот Стево Пендаровски денеска во „Вила Водно“ го врачи признанието „Инженерски прстен“ на најуспешните дипломирани студенти од областа на инженерските дисциплини во Република Северна Македонија. Инженерскиот прстен, чијашто цел е признание, но и афирмација на инженерските професии и поттик за формирање на квалитетен инженерски подмладок, го доделуваат Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени […]

Секој месец по десетина случаи на семејно насилство, извршители најчесто мажите


Во текот на оваа година, заклучно со 21-септември се регистрирани вкупно 98 кривични дела во врска со семејно насилство, од кои 61 дело со нанесување телесни повреди, додека  во 37 била загрозена сигурноста на жртвите, бележи одделот за анализа при СВР Тетово. Од  жртвите 72 се женски лица, 30 жртви се машки лица, четворица се […]