Пратеникот и функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, позитивен на Ковид-19


Уште еден пратеник е позитивен на корона вирусот – Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ, кој е и меѓународен секретар на партијата. Како и неговите колеги и тој веста за инфекцијата ја објави на својот Фејсбук профил: 

„Пред малку добив резултат дека сум позитивен на Ковид-19. Чувајте се и чувајте ги вашите семејства. Вирусот воопшто не е наивен“, напиша Муцунски.