Починаа 23 лица, нови 659 случаи, 774 оздравени


Во последните 24 часа се направени 1.715 тестирања, а регистрирани се 659 нови случаи со Ковид-19, што изнесува 38,4 отсто. Починаа 23 лица, објави Министерството за здравство.

Новите потврдени случаи според градови:

Скопје – 248, Куманово – 18, Дебар – 1, Штип – 8, Прилеп – 33, Тетово – 40, Струга – 39, Велес – 33, Битола – 46, Охрид – 47, Кавадарци – 14, Гостивар – 21, Гевгелија – 1, Струмица – 2, Крива Паланка – 4, Радовиш – 3, Кочани – 14, Демир Хисар – 3, Македонски Брод – 1, Пехчево – 1, Берово – 11, Валандово – 1, Виница – 11, Делчево – 5, Свети Николе – 17, Кичево – 4, Ресен – 12, Неготино – 21.

Починаа 23 лица, пет пациенти од Скопје (61, 61, 79, 84 и 68), двајца од Штип (60 и 69), четворица од Струга (55, 57, 56 и 84), четворица од Битола (67, 59, 79 и 70), тројца пациенти од Охрид (64, 70 и 65), еден од Гостивар (72), еден од Струмица (55), двајца од Радовиш (73 и 81), еден од Крушево (63). Освен тројца сите други се починати во болнички услови.

Институтот за јавно здравје регистрира 774 оздравени пациенти: Скопје – 331, Куманово – 140, Дебар – 10, Штип – 27, Прилеп – 45, Тетово – 11, Струга – 28, Велес – 41, Битола – 28, Охрид – 33, Гостивар – 4, Гевгелија – 3, Струмица – 6, Крива Паланка – 7, Радовиш – 1, Кочани – 8, Пробиштип – 4, Демир Хисар – 6, Македонски Брод – 3, Валандово – 1, Виница – 4, Делчево – 1, Свети Николе – 16, Кичево – 11, Ресен – 5.

Вкупната бројка ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 67.968, бројката на оздравени пациенти е 43.646, на починати е 1.924, а бројот на активни случаи изнесува 22.398. Од вчера се евидентираат два контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 29.449, активни 10.767
• Куманово 4.010, активни 778
• Дебар 504, активни 128
• Штип 2.876, активни 515
• Прилеп 3.372, активни 1.032
• Тетово 4.110, активни 1.100
• Струга 1.638, активни 490
• Велес 2.211, активни 707
• Битола 2.419, активни 975
• Охрид 1.826, активни 624
• Кавадарци 1.452, активни 584
• Гостивар 2.841, активни 1.121
• Гевгелија 828, активни 277 (63 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 142 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1.845, активни 574
• Крива Паланка 483, активни 146
• Радовиш 469, активни 120
• Крушево 143, активни 74
• Кочани 1.331, активни 261
• Пробиштип 387, активни 90
• Демир Хисар 211, активни 69
• Македонски Брод 184, активни 40
• Пехчево 108, активни 21
• Берово 423, активни 125
• Валандово 231, активни 66
• Виница 397, активни 139
• Делчево 537, активни 265 (154 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 169, активни 46
• Свети Николе 910, активни 223
• Кичево 1370, активни 451
• Ресен 526, активни 215
• Неготино 708, активни 375 (103 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.715 теста се преку: ИЈЗ-546, ЦЈЗ Скопје-33, Авицена-301, Биотек-215, МАНУ -183, Клиника „Жан Митрев“ -78, Систина со PCR метода -186, лабораторија Лаор –81, ЦЈЗ Битола-43, Инфективна клиника-2, Синлаб-9, ЈЗУ (рапид тест) -38. Досега во земјата се направени вкупно 348.795 тестирања на Ковид -19, стои во соопштението.