Од Ковид-19 почина матичен лекар од Крушево


Матичниот лекар од Крушево, спец.др.Вангел Трајулески – Луше, денеска починал од Ковид-19, а веста ја споделија на социјалните мрежи, колегите од Здравствениот дом во Крушево. 
 
Д-р Трајулески е вториот медицинар кој денеска ја изгуби битката со непредвидливиот вирус, откако порано беше соопштено дека од Ковид-19 почина и медицинска сестра од болницата во Битола.
 
„На овој маглив декемвриски ден не изгуби само фамилија Трајчулески. Изгуби и Здравствен Дом Крушево и здравствената фела , соработник кој секогаш ни излегуваше во пресрет кога и да беше потребно. Изгубија Крушево и крушевчани неговите пациенти , доктор кој никогаш не се штедеше и даваше максимум од себе за бидат задоволни .
Тешко е да се каже збогум на човек – доктор , кој кариерата ја започна во Здравствен Дом Крушево и иако продолжи како матичен лекар сепак беше дел од нашиот колектив со сето свое знаење , квалитет , човечност и хуманост несебично ги даде на пациентите. Беспрекорен во својата работа не само сега во ова зло , туку и во целиот негов работен век , никој никогаш не врати од преглед , никогаш не повиши тон на никој , секогаш насмеан .
Се бореше за здравјето на сите пациенти давајќи максимум , но за жал не ја доби најважната битка , битката за својот живот против невидливиот непријател Ковид 19 .
Почивај во мир драг докторе , и биди горд и ти и твоето семајство за сите прекрасни спомени што ги остави зад себе.
Никогаш нема да те забораваиме спец.др.Вангел Трајулески – Луше“, стои во објавата на Здравствен дом Крушево.