Филипче оперираше млада жена која имала проблем со одењето


Министерот за здравство Венко Филипче, денеска попладне влезе во операциона сала за да помогне на пациентка која поради болест не можела да оди.

– Претпладнево извршивме успешна операција врз 34 годишна пациентка, која имаше протрузија на дискус во лумбалниот р’бет што и предизвикувал проблем со одењето, објави на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Пациентката се чувствува одлично по операцијата и посакувам брзо заздравување, додаде Филипче во својот пост на Фејсбук.