Бројот на новозаболени над илјада, на скопските интерни клиники има слободни кревети


Бројот на новозаболени од Ковид-19 и вчера остана над илјада. Прилив на пациенти има, но министерот за здравство уверува дека има слободни болнички кревети и доволно кадар за да бидат згрижени сите пациенти. Се работи и на поставување на Ковид центрите, а првите ефекти од рестриктивните мерки се очекуваат за недела до две. Министерството за […]

Претпладне магливо, попладне сончево


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по некои котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени. Во Скопје претпладне магливо, а околу пладне и попладне ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб […]

Град Скопје организира „Историска тура со Маршалот“


„Историска тура со Маршалот“ организира Град Скопје. Стартот на турата е закажан  за утре во 12 часот и ќе се поминат објектите и наследството од југословенскиот период во Скопје. -Стартна точка е Споменикот на ослободителите на Скопје пред Владата, а турата ќе ја води Војче Китаноски, се вели во објавата на Фејсбук.  

Мајсторовиќ: Барањата на Бугарија не можат да донесат ништо добро


Мора да останеме оптимисти до последен миг и да се надеваме дека бугарската Влада сепак ќе сфати дека е во интерес токму на Бугарија и на самата Европска Унија, преговорите со Македонија и Албанија да почнат оваа година, како што беше тоа и планирано, изјави српскиот аналитичар Срѓан Мајсторовиќ во емисијата „Еурофокус“ на телевизија Телма. […]

Починаа 25 пациенти од Ковид 19, новозаразени 1.064


Во последните 24 часа се направени 3.096 тестирања, а регистрирани се 1.064 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 541 -Куманово 57 -Дебар 4 -Штип 46 -Прилеп 24 -Тетово 57 -Струга 23 -Велес 44 -Битола 43 -Охрид 33 -Кавадарци 25 -Гостивар 12 -Гевгелија 11 -Струмица 23 -Крива Паланка 8 -Радовиш 12 -Крушево 2 -Кочани 10 -Пробиштип […]

Филипче очекува ефекти од мерките и намалување на пациентите по две недели


Во наредните две недели се очекува воведените мерки да дадат ефект и бројките на новозаразени од Ковид-19 да стабилизираат. – Очекуваме дека пред нас е период, во следните недела до две, во коијшто дефинитивно ќе ги видиме ефектите од рестриктивните мерки. Очекуваме бројот на новодијагностицирани пациенти во тој период да се стабилизира и за во […]

Интернист од Куманово почина од Ковид


Интернистот Шукри Фазлији (49) од болницата во Куманово почина од компилкации од КОВИД-19.  Фазлији починал на Инфективната клиника во Скопје каде се лекувал последниве денови.Директорката на болницата, Снежана Захариева, изрази сочуство до семејството. – За жал, еве уште еден колега замина како жртва на КОВИД-19. Утринава ми соопштија вработените дека починал, пред два дена се […]

Второто полугодие ќе почне на 21 јануари


Зимскиот распуст за учениците ќе почне согласно календарот објавен од Бирото за развој на образованието и ќе се реализира исто како и минатите години, односно во јануари, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска за време на денешната посета на Битола. Царовска потсети дека во овој период, до 20 ноември ќе заврши првото тромесечие и […]

МВР го истражува паралелниот увоз на лекови во веледрогеријата Пановски


Полициски инспектори од одделот за борба против организиран криминал и корупција на МВР претпладнево се во веледрогеријата Пановски со налог за наоѓање и одземање на документација за увоз на лекови. Од Обвинителството за гонење на организиран криминал  потврдуваат дека има акција, но дека е дел од предистрага за предмет кој во Обвинителството е отворен претходно, […]

Царовска: Матурата за учениците ќе се реализира во законски утврдените рокови


Матурата за средношколците ќе се реализира во текот на наредната година и во законски утврдените рокови, како иста пракса што се случуваше во други држави од регионот и Европа, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска. За време на нејзиниот престој во Битола, Царовска ги повика учениците навреме да изберат проектна задача и наставни […]

Дезинформациите дополнителен проблем во справувањето со и заштита од Ковид-19


Постои наплив на дезинформации чиј интензитет се зголемува во зависност од актуелните случувања. Во трката за ексклузивност и поголема публика, повеќето држави, меѓу кои и нашата се соочија со појавата на дезинформации или недоволно проверени информации кои предизвикаа дополнителен проблем во справување со и заштита од Ковид-19, истакнал директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни […]

Шведската амбасада не прима апликанти за миграција поради Ковид-19


Поради пандемијата со Ковид-19, Амбасадата на Шведска, вклучително и Секторот за миграции, ќе продолжи да не прима надворешни посетители се до следното известување. Поради ова, Секторот за миграции ги презакажува термините за интервју со апликантите. Апликантите ќе бидат контактирани од Секторот за миграции доколку нивниот термин е презакажан, соопштија од амбасадата.

МЗ: 40 пациенти примени во изминатото деноноќие во ковид центрите во Скопје


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се примени нови 40 пациенти позитивни и суспектни на вирусот на Ковид – 19. На интерните клиники имало вкупно 10 приеми и тоа шест во ковид центарот на Клиниката за кожни болести и четири пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ. На Клиниката […]

И натаму голем број случаи на Ковид-19, се мобилизираат здравствените капацитети


Дневните бројки на заразени со корона-вирусот и натаму остануваат високи. Голем е бројот и на заболени кои имаат потешка слика и им е потребно болничко лекување. Надлежните велат дека засега не се размислува за воведување нови рестриктивни мерки, иако не го исклучуваат како можност, но, се надеваат дека мерките што веќе се на сила ќе […]

Скопје го одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето


Денеска се одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје во Втората светска војна. На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народнослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичка окупација.   По неколкудневните тешки борби со припадниците на 22-та Гренадиска германска дивизија, составена од 47-от […]

Фудбалерите се вратија дома, на Блаце пречекани од премиерот Заев


Македонската фудбалски репрезентативци кои од Тбилиси ноќеска слетаа во Приштина, по остварувањето историски пласман на Европското првенство, во раните утрински часови беа пречекани од премиерот Зоран Заев на граничниот премин Блаце. Со Заев на Блаце беа и првиот вицепремиер Артан Груби и директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски. – Голема е радоста […]

Комисиска расправа за задолжителното пензионирање на 64-годишна возраст


Измените и дополнувањата на законот за работни односи кои треба да овозможат задолжително пензионирање на 64 години и 15 години стаж се во собраниска процедура и за нив денеска треба да расправа Комисијата за труд и социјална политика, откако вчера не се oдржа оваа седница на Комисијата. Според анализите што ги направило Министерството за труд […]

Облачно со утринска магла и услови за слаб локален дожд


Времето ќе биде облачно со услови за слаб локален дожд. По котлините ќе има магла и ниска облачност, информира Управата за хидрометеролошки работи. Утринската температура ќе се движи од минус 2 до 7 степени, а дневната од 9 до 18 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со услови за слаб дожд. Утринската […]

Земјотрес регистриран во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар


Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22:02 часот, регистрира земјотрес на подрачјето Тетово-Гостивар, со епицентар 50 километри југозападно од Скопје. Земјотресот беше со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот, како што велат од Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ во Скопје, бил почувствуван од населението во Кичево, Дебар, Гостивар и Маврово со […]