Почнува законската обврска за задолжително носење на зимска опрема


Од денеска започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, која ќе трае до 15 март 2021 година. АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за […]

Магла и студено утро, попладне сончево


Времето  ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, која околу пладне и рано попладне ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 4, а максималната ќе достигне од 13 […]

Спасовски: Се чуствувам добро и сум во мојот дом во Куманово


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој беше позитивен на Ковид-19, вечерва соопшти дека се чувствува добро и оти по престојот во Инфективната клиника во Скопје од понеделникот е во својот дом во Куманово. Спасовски, на својот профил на Фејсбук, напиша дека се шират лажни вести за неговата здравствена состојба и дека од вчера е […]

Пет скопски општини имаат повеќе од 1.000 заболени од Ковид-19


Со денешните нови 1.168 заболени од корона вирус, од кои во Скопје се 513, дури пет скопски општини имаат повеќе од 1.000 заболени. Имено, најмногу има во Аеродром – 1.256, следува Гази Баба со 1.151, па Карпош со 1.070, Центар со 1.028 и Кисела Вода со 1.021. Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување […]

Нови 1.168 случаи на заразени со коронавирусот од 3.353 тестирања, 18 лица починаa


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 1168 нови случаи на Ковид-19, а 18 лица починаa. Од Министерството информираат дека од направени 3.353 тестирања регистрирани се 1.168 нови случаи на Kовид-19 и тоа во: Скопје-513, Куманово-68,  Дебар-6, Штип-27, Прилеп-77, Тетово-65, Струга-40, Велес-36, Битола-58, Охрид-25, Кавадарци-29, Гостивар-30, Гевгелија-5, Струмица-33, Крива Паланка-5, Радовиш-7, […]

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 694 пациенти, слободни кревети има


Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во земјава е пријавено дека се лекуваат 563 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнителни 131 болен, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на ковид-19 вирусот кои болнички се лекуваат во ковид центрите е 694. – Во болниците во […]

Засадени сто дрвца во Кисела Вода во организација на Ротаракт клуб Скопје


Во урбаната заедница „11 Октомври – бараки“ денеска беа засадени сто шестгодишни дрвја, во организација на Ротаракт клуб Скопје и со поддршка од Општина Кисела Вода. – Празната површина, лоцирана покрај трим-патеката и железничките пруги, благодарение на донацијата од Ротаракт клуб Скопје е збогатена со три видови дрвја – платани, јавори и јасени, соопшти Општина […]

Малешевијата иднината ја гледа во туризмот


Неколкуте летни месеци и ваучерите донекаде ја спасија сезоната, која на почетокот ја опустоши корона вирусот. Во целиот крај забрзано се градат сместувачки капцитети затоа што бројот на гостите расте од година во година   Иван Бојаџиски ШТИП – Владимир Христов од Сандански, Бугарија, е редовен посетител на Малешевијата во време на летните горештини. Го […]

Со финансиска помош од САД се надгрaдуваат капацитетите на Клиниката за хематологија


Ќе се прошират капацитетите за хоспитализација на пациенти на Универзитетската клиника за хематологија во Скопје. Тоа, како што истакнаа министерот за здравство Венко Филипче и американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз при денешната посета на клиниката, ќе биде направено со финансиска поддршка од 800 илјади долари од Европската команда на Армијата на Соединетите Американски […]

Филипче: Тестови има на сите клиники и пунктови, сите кои имаат потреба ќе бидат тестирани


Министерот Венко Филипче рече дека граѓаните немаат потреба да стравуваат бидејќи има набавено доволна количина на брзи тестови и секој кој има симтоми може да се јави или на пунктовите или во болниците и да биде тестиран. „Она што го правиме во изминатиот период е зголемување на бројот на тестови, особено на брзите тестови кои […]

Филипче: Интерните клиники се подготвени да примаат пациенти, лекарите се целосно мобилизирани


Инфраструктурата и тимовите во одделенијата на Интерните клиники се целосно подготвени за прием на пациенти, вклучително и третиот кат од зградата кој е снабден дел со кислород, дел со концентратори, соопшти министерот за здравство Венко Филипче кој утрово имал координативен состанок на кој биле анализирани бројот на пациенти и како се одвивал приемот вчера. Нагласи […]

Николовски на средба со инспекторите: Законот мода да важи за сите, а протоколите да се почитуваат


Заменик претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, вчеравечер на работна средба со дел од инспекторите на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) разговарал за активностите на инспекторите во изминатите девет месеци, а повразани со контролите на терен што ги спроведуваат за почитување на здравствените протоколи и […]

Кандидатурата за претседавање со ОБСЕ ќе биде на дневен ред на декемврискиот состанок на Организацијата


На предлог на Министерството за надворешни работи, а со одлука на Владата, Република Северна Македонија поднесе кандидатура за претседавање со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во 2023 година. Министерот за надворешни работи Бујар Османи на прес-конференција соопшти дека денеска со писмо го известил премиреот на Албанија Еди Рама, сегашен претседавач на ОБСЕ, со […]

За 24 часа хоспитализирани 41 пациент, оздравени 35 во Скопје


   Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 41 нов пациент поради компликации од корона вирусот. Пријавени се 35 оздравени пациенти кои се пуштени дома. Вкупно 393 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство. Во последното деноноќие, на интерните […]

Од утре задолжителна зимска опрема во возилата


Министерството за внатрешни работи информира дека утре почнува обврската за поседување зимска опрема во возилата што ќе трае до 15 март. МВР дава и појаснување за обврските на учесниците во сообраќајот утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за […]

Иницијатива за забрана на пластичните кеси


Група еколошки активисти формираа Иницијатива за забрана на пластични кеси. Екологистите поддржувачи на Иницијативата бараат од надлежните без одлагање да донесат законска одредба за забрана на пластичните кеси за пазарење и да воведат нови, вистински биоразградливи, според европските стандарди, а истовремено, кај потрошувачите да се поттикне создавањето навика за користење на платнени торби за повеќекратна […]

ВМРО-ДПМНЕ: Кој е интересот на Филипче што овозможи приватните болници да се богатат на грбот на пациентите?


ВМРО-ДПМНЕ повторно обвини дека нема соодветна терапија за болните од корона вирусот во државното здравство , таква каква што се добива во приватните болници, така што, според нив, пациентите умираат на пат до болница, по ходници на клиниките. -Прашуваме кој е интересот на Филипче што овозможи приватните болници да се богатат на грбот на пациентите […]

Почина Бојо Андрески, основачот на Европскиот универзитет


Синоќа, по кратко боледување почина  Бојо Андрески, основач и сопственик на првиот приватен универзитет во Македонија, Европскиот универзитет. Бојо Андрески е роден 1959 година, завршил Воена академија во Белград, како и Економски факултет во Нови Сад. Има два доктората – по правни и политички науки и по економски науки. На Европскиот универзитет предаваше меѓународен маркетинг […]

Габер Дамјановска : Академијата за судии и обвинители има круцијална улога за регрутација на стручни и професионални кадри


Без соодветно професионално подготвени кадри, реформите во правосудниот систем би биле невозможна мисија. Да помогнат во исполнување на еден од условите за членство на нашата држава во ЕУ – правосудство, интерес пројавиле 497 кандидати кои ќе се борат да го исполнат критериумот за прием на едно од 97-те места за слушатели во регрутниот центар, Академијата […]

Со финансиска поддршка од САД ќе се прошират капацитетите на Клиниката за хематологија


Со финансиска поддршка во висина од 800 илјади долари од Европската команда на Армијата на Соединетите Американски Држави ќе се прошират капацитетите за хоспитализација на пациенти на Универзитетската клиника за хематологија во Скопје. Со оваа инвестиција целосно ќе се заокружи процесот на обнова на просторните услови во рамки на Клиниката започнат во 2017 година. Финансиската […]