Сончево и топло до 37 степени, попладне дожд и грмежи


Времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од 13 до 23, а дневната од 30 до …

Сончево и топло до 37 степени, попладне дожд и грмежи Read More »

Бујар Османи тврди дека ДУИ бил гарант на Преспанскиот договор


Ароганцијата не се намалува. Вицепремиерот за европски прашања и портпарол на ДУИ, Бујар Османи, вечерва изјави дека неговата партија е гарант на трите договори клучни за Македонија: Рамковниот, Преспанскиот и договорот со Бугарија. „Влезен билет за преговори со нас се трите договори, затоа што ние така се поставивме во текот на кампањата – дека ДУИ …

Бујар Османи тврди дека ДУИ бил гарант на Преспанскиот договор Read More »

Орлите на ДУИ приземјени од Хаг


Слободанка Јовановска Веста дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, среде преговори за правење влада доби покана од Хаг, одекна како бомба вчера во Македонија. Иако лидерот на интегративците објави дека е повикан како сведок во случајот против Хашим Тачи за воен криминал, неговата политичка, а уште повеќе преговарачка позиција драматично е разнишана, или со парафраза …

Орлите на ДУИ приземјени од Хаг Read More »

Коневски ќе поднесе тужба против Стоилковски за „изнесени лаги и клевети“


Поранешниот градоначалник на Општина Аеродром, Ивица Коневски на неговиот Фејсбук профил објави дека ќе поднесе тужба против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски за „изнесени лаги и клевети“. – Против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски ќе поднесам тужба за изнесените лаги и клевети и тој за многу кратко време јавно ќе се извини.  Мицкоски, ти порачувам …

Коневски ќе поднесе тужба против Стоилковски за „изнесени лаги и клевети“ Read More »

Нови 123 заболени со Ковид-19, оздравени 74 лица


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1312 тестирања, а регистрирани се 123 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-54, Куманово-5, Дебар-4, Штип-18, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-6, Битола-2, Охрид-3, Гостивар-16, Крушево-1, Демир Хисар-1, Свети Николе-2, Кичево-4, Ресен-1. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти од:Скопје-23, Дебар-1, Штип-2, Прилеп-6, Тетово-15, Битола-7, Гостивар-6, …

Нови 123 заболени со Ковид-19, оздравени 74 лица Read More »

АВМУ: Ниту една телевизија не обезбедила рамноправно преставување на телевизиите


Ниту една од комерцијалните телевизии не успеа целосно да го спроведе принципот за известување пропорционално на бројот на потврдени кандидатски листи и интензитетот на кампањата, покажува анализата од Извештај од мониторингот на изборното медиумско претставување за време на Предвремените парламентарни избори 2020 година, што го претстави денеска  Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. – …

АВМУ: Ниту една телевизија не обезбедила рамноправно преставување на телевизиите Read More »

Напуштениот Илче од Охрид закрепнува на Детската клиника, Филипче интервенирал


Од чергиче на под, со една чаша млеко на ден и неискапен 1 година, 11- годишниот Илче од Охрид закрeпнува на Детската клиника во Скопје, објави Телма. Неговиот тест за корона е негативен, и откако ќе закрепне на Клиниката за детски болести веднаш да биде  вселен во малиот групен дом во Демир Капија.  Голготата за …

Напуштениот Илче од Охрид закрепнува на Детската клиника, Филипче интервенирал Read More »

Сестрата на Катица Јанева била незаконски избрана на функција


 Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе достави иницијатива до новата Влада со која ќе бара повторно преоценување на комплетната постапка за избор на членови и претседател на Комисијата за хартии од вредност, како и информација до новиот собраниски состав за преземените активности во однос на самата постапка и да се следи овој процес, …

Сестрата на Катица Јанева била незаконски избрана на функција Read More »

Граѓански организации бараат поголема заштита од Ковид-19 на ранливите и маргинализирани граѓани


Ранливите и маргинализирани групи граѓани немаат еднакви можности за да се заштитат, ниту во време на пандемија од коронавирус. Состојбата на овие граѓани е влошена, а бројот на заболени од Ковид-19 секојдневно се зголемува, соопштија дванаесет граѓански организации, чии активисти спровеле теренски анализи. Станува збор за граѓанските организации: Здружение Национален ромски центар, Романо Чачипе, Здружение …

Граѓански организации бараат поголема заштита од Ковид-19 на ранливите и маргинализирани граѓани Read More »

Паметни клупи на кејот на Луда Мара и во градскиот парк во Кавадарци


Паметни клупи се поставени на кејот на реката Луда Мара и во градскиот парк во Кавадарци. Клупите се опремени со соларни панели за производство на електрична енергија, со приклучоци за полнење на батериите на сите типови на мобилни телефони, безжичен бесплатен интернет. -Проектот за поставување на паметни клупи е во завршна фаза. Поставени се две …

Паметни клупи на кејот на Луда Мара и во градскиот парк во Кавадарци Read More »

Министерот Арбер Адеми позитивен на Ковид – 19


Министерот за образование и наука Арбер Адеми е позитивен на Ковид -19. Тој на својот Фејсбук профил објави дека по неколкуте благи симптоми што ги имал и сомневањата дека можеби е заразен, направил тест, кој покажал дека е позитивен. – Апелирам до сите вас да ги почитувате максимално протоколите заради вашето здравје и здравјето на …

Министерот Арбер Адеми позитивен на Ковид – 19 Read More »

Како тече дебатата во ВМРО-ДПМНЕ: Јас тебе со критика, ти мене со навреди


Додека раководството на ВМРО-ДПМНЕ молчи во деновите по поразот, одбраната од критичките напади ја презедоа вторите, третите, па и четвртите ешалони. И тоа главно преку социјалните мрежи и „храбри“ објави на Фејсбук. Вчера тоа му се случи на поранешниот министер за надворешни работи, Никола Попоски (адвокатот Тони Менкиноски беше груб и исклучив во нападот), а …

Како тече дебатата во ВМРО-ДПМНЕ: Јас тебе со критика, ти мене со навреди Read More »

Мила Царовска најави тужба за клевета за Боки 13


Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска демантира дека кога била министерка за труд и социјална политика му давала поддршка на Бојан Јовановскки, Боки 13, кој денеска на рочиштето за случајот „Меѓународен сојуз“ во кој е обвинет за перење пари и измама, рече дека функционирале како министерство за социјала. – Парите кои се уплаќани кај Љиљана …

Мила Царовска најави тужба за клевета за Боки 13 Read More »

Утре и за викендот локален пороен дожд и засилен ветер


Утре и за време на викендот во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во сабота на места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Утринските температури ќе се движат од 13 до 23 степени, а дневните од 28 до 36 степени. Од понеделник повторно …

Утре и за викендот локален пороен дожд и засилен ветер Read More »

Напаѓачот на time.mk не ја нападнал и страницата на ДИК


Интервју со хакерите кои во изборната вечер ја нападнаа страницата на агрегаторот time.mk објави it.mk, во кое тие објаснуваат дека не направиле никаков ДДос напад и дека не се одговорни за нападот на страницата на Државната изборна комисија. Најавуваат и десетици други, многу поголеми напади во следните недели, за да се промени нешто во државата, …

Напаѓачот на time.mk не ја нападнал и страницата на ДИК Read More »

Љубчо Георгиевски со адвокатски тим ќе ја враќа титулата почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ


Љубчо Георгиевски, првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а подоцна и почесен претседател, не е задоволен од последните измени на Статутот во неговата поранешна партија и смета дека веќе стекнатото право како почесен претседател на партијата не може да му биде одземено. Тој веќе го подготвува адвокатскиот тим за покренување на тужба против ВМРО-ДПМНЕ во негово име, …

Љубчо Георгиевски со адвокатски тим ќе ја враќа титулата почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Нефрологија со нова медицинска опрема и реновирани оддели


На Универзитетска клиника за нефрологија е извршено комплетно реновирање на интензивниот оддел, како и одделите за хронична и акутна дијализа, одделот за трансплантација на бубрег, како и одделот за васкуларни пристапи. Со оваа инвестиција, значително е унапреден квалитетот на здравствената заштита, имајќи предвид дека оваа клиника е единствена установа во државата која третира најкомплексни пациенти со …

Нефрологија со нова медицинска опрема и реновирани оддели Read More »

Епидемиолошката состојба под контрола – тврдат надлежните, нема потреба од рестрикции


Нови 137 случаи на Ковид-19 беа регистрирани вчера, оздравеа 131 лице, а починаа десет. Здравствените власти, сепак, епидемиолошката состојба ја оценуваат како генерално стабилна и сметаат дека засега нема потреба од рестрикции. Најмногу нови случаи се регистрирани во Скопје – 64, потоа во Штип – 19, Струга – 14, во Куманово  и Тетово – седум, …

Епидемиолошката состојба под контрола – тврдат надлежните, нема потреба од рестрикции Read More »

Сончево и топло со температура до 37 степени


Времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 21, а дневната од 29 до 37 степени. УВ-индексот ќе изнесува …

Сончево и топло со температура до 37 степени Read More »

Наумовска: Владата знае што треба да се преземе, изготвуваме протоколи за новата учебна година


Владата треба да ги рзгледа документите кои ги подготви Бирото за развој на образование и работната група, да дадеме мислења, насоки и дополнувања. Се надевам дека навремено, до првата половина од август, сите тие протоколи, планови и стратегии ќе бидат презентирани пред јавноста и училиштата ќе имаат доволно време да се подготват за почетокот на …

Наумовска: Владата знае што треба да се преземе, изготвуваме протоколи за новата учебна година Read More »