Паметни клупи на кејот на Луда Мара и во градскиот парк во Кавадарци


Паметни клупи се поставени на кејот на реката Луда Мара и во градскиот парк во Кавадарци.

Клупите се опремени со соларни панели за производство на електрична енергија, со приклучоци за полнење на батериите на сите типови на мобилни телефони, безжичен бесплатен интернет.

-Проектот за поставување на паметни клупи е во завршна фаза. Поставени се две од предвидените пет клупи. Во наредната фаза ќе се постават паметни клупи во Паркот на револуцијата, СЦ Јасмин и на просторот кај споменикот 12 Ваташки младинци.

Дополнително, ќе се постават уште три клупи кои се обезбедени како донација.  Проектот е со финансиска вредност од 280.000 денари а изведувач е фирмата „Метал Апостолов”, информираа од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев