Бујар Османи тврди дека ДУИ бил гарант на Преспанскиот договор


Фото: Б. Грданоски

Ароганцијата не се намалува.

Вицепремиерот за европски прашања и портпарол на ДУИ, Бујар Османи, вечерва изјави дека неговата партија е гарант на трите договори клучни за Македонија: Рамковниот, Преспанскиот и договорот со Бугарија.

„Влезен билет за преговори со нас се трите договори, затоа што ние така се поставивме во текот на кампањата – дека ДУИ е гарант на трите договори. Јас тоа го нарекувам чувар на трите договори“, рече Османи во гостувањето на „Топ тема“.

„Многу е важно да имаме гаранција деката таа партија со која ќе влеземе во разговори прво треба да ја реши таа дилема во однос на трите договори. После тоа ќе влеземе со амбицијата за нашиот кандидат за премиер Албанец, другите ќе влезат со нивните кандидати и после тоа ќе видиме како ќе се договориме согласно аргументите што ги имаме на маса“, рече Османи.

Тој најави дека ќе разговараат со сите партии во Собранието и ако некоја од нив одговорела со „да“ на тоа прашање тие ќе ги продолжеле разговорите со нив. (Н.В.)