Поради врнежите можно излевање на помалите реки


И покрај најавените поројни врнежи во наредните денови, нема опасност од излевање на поголемите реки во земјата, но можно е слевање вода во градските урбани средини, предупредува УХМР. -Почнувајќи од денешните попладневни часови па во наредните неколку дена, како резултат на циклонска активност, ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи, …

Поради врнежите можно излевање на помалите реки Read More »

И покрај журките преносливоста на корона вирусот во опаѓање


Министерството за здравство информира дека R0 факторот на преносливост на вирусот покажува позитивен тренд на намалување, кој изнесува 0,9, а во континуитет речиси еден месец е околу 1. -Продолжува и трендот на намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а се бележи и значително зголемување на бројот на оздравени лица, во однос на претходната …

И покрај журките преносливоста на корона вирусот во опаѓање Read More »

На депонијата Русино од синоќа се пропуштаат само камиони на гостиварски Комуналец


Комуналниот смет од гостиварската општина повторно се носи на депонијата Русино по речиси тридневната блокада. Локалната власт и граѓаните кои протестираа постигнаа привремен договор со што се спречи наталожување на отпадот во градот и околните населби. Од граѓанската иницијатива „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“ потврдија дека ќе ги пропуштаат само возилата на гостиварски …

На депонијата Русино од синоќа се пропуштаат само камиони на гостиварски Комуналец Read More »

Почна „трката“ за формирање Влада


И официјално почна „трката“ за формирање нова Влада откако Собранието вчера ја одржа конститутивната седница. И претседателот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најавуваат мнозинство од 61 пратеник. Според Заев, сите опциии се отворени. На слична позиција е и Мицкоски. Рокот тече.   Уставот предвидува претседателот на државата во рок од …

Почна „трката“ за формирање Влада Read More »

Пет починати, нови 75 заразени и казни за непочитувачите на протоколите против Ковид-19 во Охрид


Нови 75 случаи позитивни на коронавирусот вчера беа регистрирани од направени 830 тестирања. Во претходното деноноќие беа регистрирани и пет смртни случаи, а оздравени 136 пациенти. Во земјата досега се направени вкупно 106.877 тестирања на Ковид -19. Од петте починати, еден од Скопје (52 г.), двајца од Куманово (55 г. и 82 г.), еден од …

Пет починати, нови 75 заразени и казни за непочитувачите на протоколите против Ковид-19 во Охрид Read More »

Во услови на пандемија граѓаните да водат грижа за менталното здравје, порачуваат кумановските психијатри


Расте бројот на лица од Куманово кои бараат помош за надминување на проблемите со менталното здравје предизвикани од пандемијата на Ковид-19, велат од одделението за психијатрија од кумановската Општа болница. Куманово регистрира околу 900 заболени лица од почетокот на пандемијата и не е невообичаено да се зголеми бројот на лица кои страдаат од анксиозност, депресија …

Во услови на пандемија граѓаните да водат грижа за менталното здравје, порачуваат кумановските психијатри Read More »

До крајот на неделава нестабилно со локални поројни врнежи


Времето денеска ќе биде претежно облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд (над 30 литри на метар квадратен), поинтензивни електрични празнења и појава на град. Минималната температура ќе биде од 15 до 23, а максималната ќе достигне од …

До крајот на неделава нестабилно со локални поројни врнежи Read More »

Три години и шест месеци затвор за Панчевски за злоупотребите на АКМИС системот


Поранешниот претседател на Кривичен суд Скопје, Владимир Панечвски, обвинет за злоупотреба на системот АКМИС, вечерва од страна на Велешкиот суд беше прогласен за виновен и осуден на три години и шест месеци затвор. Судијката Валентина Георгиевска, пресудата ја донесе вечерва по завршување на рочиштето кое траше повеќе од десет часа. На обвинетиот Панчевски, во казната …

Три години и шест месеци затвор за Панчевски за злоупотребите на АКМИС системот Read More »

Ахмети: Преговорите за формирање влада може да почнат, уште нема ништо конкретно


Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска по завршување на конститутивната седница на Собранието изјави дека преговорите за формирање нова влада може да почнат, но оти уште нема ништо конкретно. -Денеска беше конститутирано Собраието, сега ќе видиме која ќе биде агендата и кои ќе бидат приоритетите на Собранието, така што рано е да зборуваме за очекувањата, …

Ахмети: Преговорите за формирање влада може да почнат, уште нема ништо конкретно Read More »

ДПА му рече „да“ на Заев за влегување во владата


Првата партија која објави официјално дека ја прифатила понудата од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, да биде дел од новата влада е Демократската партија на Албанците. Азем Садику од ДПА го изјави ова по средбата со Радмила Шеќеринска и Оливер Спасовски која се одржа денеска во Клубот на пратениците. Садику најави дека се формирани  работни …

ДПА му рече „да“ на Заев за влегување во владата Read More »

Мицкоски очекува пратеници од СДСМ да се приклучеле кон реформската агенда на ВМРО-ДПМНЕ


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, верува дека постојат шанси неговата партија да ја формира следната македонска влада. За мене политиката не е пазар и тоа е погрешното што се случуваше во минатиот парламентарен состав, туку е филозофија, а за некој пратеник да поддржи одредена политичка опција, треба да има определна точка која ќе го поврзе …

Мицкоски очекува пратеници од СДСМ да се приклучеле кон реформската агенда на ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Невреме во Скопје


Силно невреме го зафати Скопје попладнево. Град со големина на орев паѓа во неколку населби и делови од градот. Во други, невремето е со послаб интензитет. УХМР претходно најави дека под влијание на циклонска активност времето од утре ќе биде променливо облачно, нестабилно и посвежо со повремени врнежи и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во …

Невреме во Скопје Read More »

На Кардиологија првпат самостојно извршено стентирање на трауматско раскинување на градната аорта


На Универзитетската клиника за кардиологија првпат самостојно тим лекари направија стентирање на трауматска трансекција на торакална аорта кај 42 – годишен пациент. На пациентот му било дијагностицирано раскинување на ѕидот на градната аорта, по сообраќајна незгода со повеќе скршеници на коски и повреда на белите дробови, соопшти Министерството за здравство. Ова, како што се посочува, …

На Кардиологија првпат самостојно извршено стентирање на трауматско раскинување на градната аорта Read More »

Има пари уште за субвенции за 3.000 инвертери


Од почетокот на отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери поднесени се 2.150 апликации, а остануваат средства за уште околу 3.000 барања. Град Скопје ги потсетува граѓаните од сите скопски општини дека е во тек јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, каде што граѓаните може да аплицираат …

Има пари уште за субвенции за 3.000 инвертери Read More »

Нови 75 случаи на Ковид-19, починати пет лица


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на Kовид-19 во: Скопје-32, Куманово-4, Штип-5, Тетово-7, Кавадарци-8, Гостивар-8, Струмица-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-2, Виница-1, Свети Николе-1, Кичево-2, Неготино-1. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 136 оздравени пациенти од: Скопје-50, Куманово-16, Прилеп-2,Тетово-5, Струга-28, Охрид-18, Гостивар-2, Крушево-1, …

Нови 75 случаи на Ковид-19, починати пет лица Read More »

Заев најави преговори за стабилна влада и четиригодишен мандат


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по конститутивната седница на Собранието одржа прес конференција на која најави почнување разговори за формирање стабилна влада која ќе истера четиригодишен мандат. Тој го навести и можниот состав на идната влада, споменувајќи ги ДУИ, Алијансата за Албанците и Алтернатива. -Државата им припаѓа на сите подеднакво. Од денеска почнуваме преговори за …

Заев најави преговори за стабилна влада и четиригодишен мандат Read More »

Собранието конституирано, спикерот ќе се избира друг пат


Откако Јагода Шахпаска во име на Верификациската комисија го поднесе извештајот за изборот на новите пратеници, претседавачот на Конституивната седница, Талат Џафери,  ја прекина седницата и изборот на спикер на Собранието го остави за некое друго време. Претседателот на Собранието и составот на Комисијата за избори и именувања ќе се направи кога ќе биде формирано …

Собранието конституирано, спикерот ќе се избира друг пат Read More »

Апасиев од новиот парламент: Штом влеговме, нема излегување!


Политичката партија Левица за прв пат влезе во Собрание, а лидерот Димитар Апасиев објави фотографија на неговиот фејсбук-профил, од конститутивната седница. „Чим им влеговме нема излегување,“ напиша Апасиев и го додаде хаштагот „Бравата ќе ја смениме“. Неофицијално Апасиев бил единствениот што не гласал за предложениот дневен ред туку бил воздржан.

Нухиу на средба со амбасадорот Тимоние


 Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија е битна алка во градење на довербата во државните институции на патот кон Европската унија,  истакнале денеска на средба министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и амбасадорот на Франција во државава Кристиан Тимоние. Како што соопшти МВР, на средбата биле потврдени пријателските односи, довербата, реализацијата на заеднички …

Нухиу на средба со амбасадорот Тимоние Read More »