Шахпаска: Ако продолжи корона кризата, социјална заштита ќе им треба на нови 6.000 семејства
Оние самохрани родители што не успеаjа да аплицираат за поддршката од 6.000 денари, Владата ќе размислува да ги опфати во следниот период, со некоја нова мерка, рече денеска министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска. Според Шахпаска, ако продолжи корона кризата, догодина се очекува во системот за социјална заштита да влезат уште 6.000 семејства. […]